Биди благодарен

 Многумина од нас живеат во минатото и забораваат на иднината. Некои луѓе се заглавуваат во минатите грешки и пропусти кои ги правеле во минатото. Твојот  начин на живот треба да биде  таков што ќе натера да учиш и напредуваш, да го насочиш животот кон правилни цели. Од самиот момент на будење рано наутро кога стануваме со Божјето име  го започнуваме  новиот ден кој треба да го живееме на најдобар можен начин.

Continue reading “Биди благодарен”

Зошто Бог го создал злото?

Пријателот продолжи понатаму:

Како можете да зборувате дека вашиот Бог е Совршен, Милозлив, Благороден, Благ, а ги создал сите зла на светот: болеста, земјотресот, староста, смрта, вулканот, заразни клици, отров, суша, студ, рак кој не ги поштедува ни старите ни децата. Ако е Бог љубов, убавина и добро, како тогаш ги создал омразата, грдотијата и злото!? Continue reading “Зошто Бог го создал злото?”

Аллах е високо над тоа да некој ја одбива Неговата наредба

Никој не може да ја одбие Неговата наредба и никој не може Неговата пресуда да ја одгоди и никој не може да Го надвладее. Continue reading “Аллах е високо над тоа да некој ја одбива Неговата наредба”

Ако Бог е Семоќен може ли да стори сè?

Исламската теолошка мисла поврзана со Божјите можности е елоквентно собрана во кредото кое се наоѓа во Тахавиевата Посланица. Таму стои:

„Тој е семоќен. Сè е  зависно од него, и секоја работа е лесна за него.“ Continue reading “Ако Бог е Семоќен може ли да стори сè?”

Хигсов бозон е откритие кое ќе не приближи до верувањето во Аллах


Мајк Гаус со откривањето на оваа честичка и ни укажа на ова откритие кое толку многу ни откри.

Continue reading “Хигсов бозон е откритие кое ќе не приближи до верувањето во Аллах”

Верување во Аллах

Верувањето во Аллах џ.ш. значи цврсто убедување дека Аллах џ.ш. е Господар, Владател и Создател на сè. Единствено Тој заслужува да му се чини ибадет(обожување) по пат на намаз, пост, дова, надеж,стравување, понизност и покорност. Тој Ги поседува сите особености на совршенство о е далеку од секаков недостаток.

Иман- верувањето во Аллах џ.ш. опфаќа три принципи:

  1. Верување дека само Аллах џ.ш. е Создател и Господар на сè(тевхидур-рубубије)
  2. Верување дека само Нему може да се чини ибадет(тевхидул-улухије)
  3. Верување дека само Нему Му припаѓаат имињата и особеностите на совршенство(тевхидул есма ел сифат)

Затоа човек неможе да биде верник во Аллах џ.ш. се додека не верува дека Тој е Господар на се дека друг Господар нема ; дека само Тој е Бог и дека само Тој може да се обожува и дека Тој е потполно совршен во своите својства и имиња и дека никој друг не е совршен и потполн.

Овие се трите врста на тевхид(едноштво) кои влегуваат во значење на името на Аллах џ.ш.

Од книгата „Иман“ др. Мухаммед Нуајм Јасин

Зошто Бог го создал злото, омразата и грдотијата?

Прашање од атеистот: Како можете да зборувате дека вашиот Бог е совршен, милозлив, благороден, благ, а ги создал сите зла на светот: болеста, земјотресот, староста, смрта, вулканот, заразни клици, отров, суша, студ, рак кој не ги поштедува ни старите ни децата. Ако е Бог љубов, убавина и добро, како тогаш ги создал омразата, грдотијата и злото!?

Одговор:

Проблемот кој го покренува прашањето на пријателот е еден од основните на филизофите, чие размислување пак ги поделило разните школи и мислења. На него одговараме: Бог е милозлив и добар. Тој не наредил да се прави зло, но од мудрост не го ни оневозможил:

Навистина Аллах не ви наредува да правите срамни дела. Зар на Бог ќе му го кажете она што не го знаете? Кажи: Мојот Господар ми наредил добри и праведни дела…” (Ел-Еараф, 28)

Бог наредува само правда, љубови, добродетелство, опрост и она што е добро, и се задоволува само со убавото и пријатното. Но, зошто тогаш му дозволил на насилникот да врши насилство, убиецот да убива, крадецот да краде..? Затоа што Тој не сакал слободни. А слободата претпоставува можност за грешење, инаку тоа не би била слобода. Слободен е изборот помеѓу непослушноста и послушноста.

Во моќта на Аллах џ.ш. била можноста да не направи сите нас добри и да не принуди на послушност, што би значело одземање на слободата на изборот.

По вољата и мудроста на Господ слободата со болката е поблагородна за човекот од ропство со среќа. Затоа е и оставена можноста за грешење.

Правилното и објективно гледање ни открива дека доброто во целокупното свое постоење е принцип, а злото е исклучок. Здравјето е основа, а болеста е исклучок. Ние поголемиот дел од својот живот го поминуваме во здравје. Болеста ретко не посетува. Така е и со земјотресот кој изнесува само неколку минути во животот на земјата долг со милиони години. Исто е и со војните и катастрофите. Се се тоа кратки грчеви ви животот на народите помеѓу долги периоди на мир.

Практично, се има своја добра страна. Болеста поттикнува на чување на здравјето, болката е извор на цврстината, упорноста и спремноста на жртва. Земјотресите се воздишки ослободување на внатрешниот притисок на земјата, кој ја заштитува нејзината кора од експлозија. Вулканите исфрлаат скриени рудни богатсва и покриена површина на земјата со плодна лавеа. Војните ги поврзуваат народите. Тие сепак на крај седнуваат во некои поголеми инстанци каде некои организации ги решаваат основните човечки проблеми.

Пеницилонот, атомот, авионите, ракетите се пронајдени благодарејќи на војните. Отровот на змијата го содржи најефикасниот противотров. Од микробите се прават вакцини. Местата на кои што сме сега не би ни припаѓале ако нашите дедовци беа живи. Злото во вселената е како сенка на сликата: ако и се приближиш ти се чини дека е надостаток на сликата и грешка, но ако сликата ја гледаш од вистинска оддалечност ќе откриеш дека тоа е неопходно и дека сенката има првокласна задача во естетското обликување на сликата.

Дали ќе знаевме што е здравјето да не е болеста? Убавото го распознаваме благодарејќи му на грдото, природната положба благодарејќи на неприродната…Во оваа смисла се и зборовите на еден исламски мислител:

Непотполноста на веселената е нејзината потполност, како што е искривеноста на лакот неговата исправност, бидејќи во спротивно не ќе можеше да ја исфрли стрелата.”

Второто значење на тешкотиите и болките е откривањето на вистинската природа на луѓето. Ако не се тешкотиите, сите луѓе би биле исти. Дарежливоста би станала посиромашна а борбата би ја загубила сласта на јуришот. Тоа е испитот на секој од нас пред самиот себе си пред Аллах џ.ш.

Овој свет не е ништо друго освен едно поглавје на романот, кој има повеќе такви поглавја, и смртта не е негов крај туку почеток. Неправилно е да донесуваме суд само врз основа на еден чин, како што енеправилно да отфрлиме некое дело, бидејќи некоја негова страница не не воодушевува. Правилниот суд се носи на крајот.

И конечно, со што ова пријателот го надоместува? Бара ли тој живот без смрт, старост, недостатоци, помош, ограничувања, жал и болки? Зар не бара тој апсолутно совршенство, иако само Аллах џ.ш. е совршен? Совршен е само Еден и Единствен. Ова значи дека пријателот би бил незадоволен се додека тој лично не би станал бог, а тоа е исмејување на самиот себе си. Тој и на него сличните само не насмејуваат. Тие сакаат животот да биде рај, а што сториле така да биде? Со што нашиот пријател заслужува да биде Бог. Мојата нана беше попаметна од доктор по науки кога ни зборуваше едноставно:

„Доброто е од Бог, злото е од нас”

Ова трошка зборови го резимира и разрешува целиот проблем. Бог ја дал реката и ветерот, но капетанот на бродот ќе ја пренатрупа со луѓе и роба, па тогаш кога ќе потоне бродот го пцуе Бог и ја криви судбината. Каков е гревот на Господ во тоа? Тој ја дал водата по кој броди бродот и ветерот кој ќе го придвижува, но човечката страст и алчност го престорија доброто во зло.

Колку има мудрост во зборовите: Доброто е од Бог, злото е од нас самите!

 

„Дијалог со пријателот неверник“ Мустафа Махмуд

Дали Исус е Бог во евангелијата?

ChurchIn-empty1[1]

Дали Исус е Бог или дел од Бог?

Да прoчитаме внимателно, објективно и критички во следните исечоци од првите десет стихови на четвртото поглавје на Евангелието по Матеј.

огаш Исус го воздигна Дух во пустината за да биде искушан од ѓаволот И постејќи четериесет дена и четериесет ноќи, накрајот огладна.(…) Повторно ѓаволот го зема и го одведе во гората многу високо и му ги покажа сите царства на овој свет и славта нивна, И му кажа: „сето ова ќе го дадам на тебе доколку паднеш ничкум и ми се поклониш.“ (Евангелие по Матеј;4:1-9)

Дали овие стихови во тебе разбудија некакви мисли и прашања? Преводот не е потполно прецизен и можеби поправилно ќе беше да се каже дека Исус беше воден од страна на Духот за да биде на крајот заведен од страна на ѓаволот. Дозволи ми да со тебе споделам неколку прашања и некои мисли кои ми привлекоа внимание по читањето на претходните стихови:

  1. Евангелието вели: Исус беше одведен од страна на Духот во пустината…, а јас се прашувам: Кој ја поседува силата и одговорноста овде? Дали е тоа Исус или Дух? И зошто Исус не се одведе самиот себе си во пустината, ако е Бог? Дали на Бог му е потребен некој да го води?
  2. На основа на она што го потврдува претходниот стих, ѓаволот го искушал Исус кој некои христијани го сметаа за Бог. Овде се поставува логично и едноставно прашање: Дали е можно Бог да биде искушан? Самото Евангелие нè известува дека Бог не може да биде искушан и Исус говорел за оваа вистина во истата приказна поврзана со искушенијата. Истото го рекол и Исусовиот брат Јаков:

„Бог неможе ѓаволот да го искуша и самиот Бог не искушува никого.“(Јаков, 1:13)

  1. Евангелието пренесува дека Исус бил гладен откако постел 40 дена и 40 ноќи. Да го анализираме разумно овој стих и да размислиме за него: Дали Бог пости? За кого постел Исус? За себе како Бог? Или за некој многу поголем од него? Дали Бог чувствува глад и жед? Низ приказната за Исусовото искушение која ја наоѓаме во неколкуте евангелија, откриваме дека ѓаволот го придвижил Исус и управувал со него. Дали тоа ѓаволот го правел со Исус како човек или Исус како Бог? Ако тоа го правел ѓаволот, на Исус како човек, каде е доказот? Ако го правел на Исус како Бог, во што е доказот? Дали е можно искушението и придвижувањето на Бог и управување со Него? Да се сетиме на зборовите на Јаков: Бог неможе да биде искушан од ѓаволот…

***

Исус на самиот крај разговара со ѓаволот и откако ѓаволот бара од него да му се поклони тој вели:

                        „На Господарот свој моли му се и само Него единствено обожувај Го.“ (Евангелие по Матеј, 4:10)

{Во англиската верзија на преводот стои: „Обожувај Го Господарот и Богот Свој и само нему служи Му.“(Евангелие по Матеј, 4:10)}

Ако Исус бил отелотворение на Бог, требало со леснотија да одговори: „Не сотоно, ти треба на мене да ми се поклониш, бидејќи јас сум твојот Бог.“ Меѓутоа, наместо со тоа, тој дошол со претходно спомнатиот говор во кој се говори за обожувањето на Единствениот вистински Бог.

Од друга страна, од оваа приказна ги научивме следните работи:

  1. Дека ѓаволот го видел Исус;
  2. Дека ѓаволот му се обратил на Исус;
  3. Дека ѓаволот го слушнал Исус;
  4. Дека ѓаволот го зел Исус;
  5. Дека ѓаволот го водел Исус;
  6. Дека ѓаволот разговарал со Исус.

Те молам прочитај го целото кажување за искушението на Исус во Евангелието по Матеј, четврто поглавје, првите десет стихови, имајќи на ум дека Евангелието експлицитно укажува на тоа дека Бог неможе да се чуе и да се види:

…кого никој од луѓето не го видел ниту може да го види...(Писмо на Тимотеј, 6:16)

Ниту глас негов не слушнавте ниту лице негово не видовте.(Евангелие по Јован, 5:37)

А Владетелот вечен, Кој не исчезнува, Кој не се гледа, Единствениот премудар Бог честа и слава нека му е засекогаш. (Писмо на Тимотеј, 1:17)

Додавајќи го наведеното, се прашувам, пред завршетокот на ова поглавје за Исусовиот живот; зарем не го слушнало и видело неговото семејство? Зарем не го слушнале и виделе луѓето и неговите следбеници за време на неговиот живот на Земјата?

Заради тоа и заради наведените Божји особини во претходните стихови, Исус неможе да биде Бог. Зарем тоа не е разумно и логично? Според тоа и заради наведените Божји особини во претходните стихови, Исус неможе да биде Бог. Зарем тоа не е разумно и логично? Според тоа што е вистината? Размисли за тоа.

***

Да свртиме внимание сега на некои други критични прашања:

  • Дали Бог Отецот, Бог синот и Бог Светиот Дух се еднакви?
  • Дали Бог синот (Исус) е еднаков на Бог Отецот?
  • Дали Бог Синот (Исус) е еднаков на Бог Светиот Дух?

Да погледнеме што вели самиот Исус:

(идам кон Отецот) бидејќи Отецот мој е поголем од мене. (Евангелие по Јован, 14:28)

Отецот мој кој ми ги даде е поголем од сите. (Евангелие по Јован, 10:29)

Мојата наука не е моја, туку на Оној кој ме испратил.(Евангелие по Јован, 7:16)

Јас не можам ништо да правам сам од себе; како слушам така и судам и судот мој е праведен; бидејќи не ја барам волјата моја туку волјата на Отецот кој ме испрати. (Евангелие по Јован, 5:30) Повратната заменка овде се враќа на Исус.

А за денот тој и за часот тој никој незнае, ниту ангелите кои се на небото, ниту синот, туку Отецот. (Евангелие по Марко, 12:32)

По читањето на овие и други потврди кои ги кажал Исус, што можеме да заклучиме? После Исусовата вистинита и сигурна потврда дека вистинскиот и единствен Бог Отец е поголем од него и од Светиот Дух, потоа, тоа што го знае не е од него самиот, односно дека она што го знае не е од него самиот, дека тој и светиот дух незнаат ништо за Судниот ден и дека тој сам од себе ништо неможе да стори, искрениот барател за вистината треба да го прифати она што Исус го кажал за себе си и да не го прави Бог или некој кој е еднаков на Бог.