Биди благодарен

 Многумина од нас живеат во минатото и забораваат на иднината. Некои луѓе се заглавуваат во минатите грешки и пропусти кои ги правеле во минатото. Твојот  начин на живот треба да биде  таков што ќе натера да учиш и напредуваш, да го насочиш животот кон правилни цели. Од самиот момент на будење рано наутро кога стануваме со Божјето име  го започнуваме  новиот ден кој треба да го живееме на најдобар можен начин.

Continue reading “Биди благодарен”

Создавањето на природата како Божји знак

Фала му на Алах кога е така, затоа што само Неговата моќ и сеопфатност можат да ги следат сите случувања, движења и егзистенции во космосот и на Земјата. За доброто на човекот, сите овие благослови се: „Тој го создаде за вас сè што постои на Земјата …“ (Ел-Бекаре, 29)

Continue reading “Создавањето на природата како Божји знак”

ИСТОРИЈА НА СОЗДАВАЊЕТО

Кога и како започна создавањето? Како настанале Земјата, Месечината, Сонцето и Ѕвездите…? Какви биле првите човечки чекори на Земјата и од каде тој дошол…?

Continue reading “ИСТОРИЈА НА СОЗДАВАЊЕТО”

Аллах е отсекогаш Еден со своите неизменети својства и не бил никогаш „тројство“

 

Навистина секое својство на Возвишениот Аллах е од праисконот и постојано. Тој е одсекогаш со своите својства и пред да Ги создаде суштествата. Сите Негови својства се совршени. Непостоењето на тие својства би значила несовршеност.

Continue reading “Аллах е отсекогаш Еден со своите неизменети својства и не бил никогаш „тројство“”

Речете „Ла иллахе иллаллах“ и ќе успеете!

Возвишениот Аллах му наредил на Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, да ги повикува луѓето во ислам, да ги повикува во обожување на Возвишениот Создател, Еден Единствен. Така Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, ги повикувал луѓето да посведочат дека нема друг бог освен Аллах и дека Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем е Негов роб и Негов пратеник.

Continue reading “Речете „Ла иллахе иллаллах“ и ќе успеете!”

Аллах е високо над тоа да некој ја одбива Неговата наредба

Никој не може да ја одбие Неговата наредба и никој не може Неговата пресуда да ја одгоди и никој не може да Го надвладее. Continue reading “Аллах е високо над тоа да некој ја одбива Неговата наредба”

Опишување на Аллах со човечки својства

Оној кој го опишува Аллах со некое човечко својство станува неверник. Continue reading “Опишување на Аллах со човечки својства”

Чудото на создавањето

Ете! Во создавањето на небесата и земјата и менувањето на ноќта и денот – навистина има знаци за оние со разум обдарени, – (Куран: 3: 190) Continue reading “Чудото на создавањето”

Кој е лекот за грињи и други мали паразити кои живеат со нас?

Дали сте знаеле дека во вашиот кревет живеат микроорганизми, грињи и бактерии кои можат да предизвикаат дури и сериозни заболувања?

Continue reading “Кој е лекот за грињи и други мали паразити кои живеат со нас?”

Добро проверете ја секоја вест

1422493303787Во време на секакви политички, социјални, морални, културни и какви ти не други кризи, и многубројни искушенија и неволји кои се рушат на општеството, во време кога луѓето со морал, чесност, праведност, храброст и добрина се дефицитарна  „стока“ и прав раритет, до израз доаѓаат морални накази, лицемери, полтрони, лажговци, кукавици, безрбетници и нечесни луѓе.

Continue reading “Добро проверете ја секоја вест”

Францускиот терор врз Алжир

Франција изврши инвазија во Алжир во 1830 година и својата окупација ја спроведуваа цели 132 години во кои вметнаа политики и механизми со цел контрола на целокупната територија и население на Алжир, со цел отворање на земјата за европските доселеници и експлоатација на економските и геостратешки бенефити.

alzir_masakar

Во 1945 година, на крајот на Втората светска војна, Алжирците се собираат со цел протести за добивање на независност. Франција на тоа одговара со смртоносна офанзива, убивајќи 45.000 демонстранти за неколку дена, пореметувајќи неколку идни генерации алжирци.

Војната за независност во Алжир која траеше седум години од 1954 до 1962 година остави 1.5 милиони Алжирски жртви, и исклучително кревка економија и земја. Во јуни 1962 година Французите го напуштаат Алжир но ја спроведуваат политиката “изгорена земја” убивајќи и уништувајќи се на патот.

Некои работи, не треба да се заборават. Некои луѓе неможат да зборуваат за демократија и слобода на избор, некои постапки неможат да бидат заборавени.

Аллах – Аллах освен Кого нема друг бог

Аллах е Најпознато име на Господарот на сите светови. 

Луѓето кои потекнуваат од различни сфери на интереси знаат и свесни се дека Аллах е име со кое кое задолжено човештвото, џинните и сето она што постои. Тој е создател на небото и Земјата и Оној кој што дава живот и смрт. Сите луѓе би се сложиле дека тоа име на Независниот Владател се однесува единствено на Аллах. Ова име е најдобро и истото е дел од сведоштвото со кое се потврдува дека не постои друго божество достојно на обожавање на Аллах. Поради тоа истото име станало и симбол на верата и тоа име е стрикно ограничено на Господарот наш. Името Аллах е едно од совршените имиња и својства. Тој е изведеница од коренот на зборот ал-иллах која индицира дека Аллах е единствениот Бог кон кој сите видови на обожување мора да бидат посветени.3 Ибн Мензур вели: „Ал иллах: Аллах секоја работа која што е обожувана покрај него ја направил божество за оние који ја обожуваат. Множество на илах е алихах. Идолите се алихах затоа што се верувало дека треба да бидат обожувани. Поради тоа Ибн Атир вели дека Аллах е е изведеница од зборот алихах.4 Последично на ова се што е обожувано покрај Аллах се смета за божество-илах, без разлика дали довикува, се бара помош од него или му се посветува со нешто итн. Но што и да се обожува покрај Аллах е лажно, бидејќи Аллах е Единствениот кој е вреден да се обожува. „Твојот илах е само еден Иллах(Аллах), ла иллахе иллла Хуве – не постои некој кој е има право да биде обожуван освен Него, Милостивиот, Сомилосен. (Куран 2:163) 

Доказот дека Аллах како име доаѓа од формата ал иллах е фактот што арапите ја користеле оваа изведеница на овој корен и ова го пренесуваат и Бухари и други исламски учени. 

Во минатото луѓето обожувале а и сеуште го обожуваат Сонцето, Месечината, идолите, огинот, ѕвездите, дрвата, камењата и други предмети кои не се вредни на обожувањето. Тие не поседуваат атрибути кои можат да ги квалифицираат за да бидат обожувани или единствени во нивното дело на креација или постоење.  Тие квалификации кои треба да ги поседува некој што треба да биде обожуван, Аллах ни ги објаснува во ајетот Курси во кој што ни вели:  

Аллах е, нема друг бог освен Него, Живиот и Самоопстојувачкиот Одржувател! Не Го обзема ни дремка ни сон! Негово е тоа што е на небесата и на Земјата! Кој може кај Него да се зазема освен со Негова дозвола?! Тој знае што било пред и што ќе биде после нив, и тие не можат да опфатат од Неговото знаење, освен колку што Тој сака! Неговиот Курсиј ги опфаќа и небесата и Земјата, и Нему не Му е тешко да ги одржува! Тој е Севишниот, Величествениот! (Куран 2:255) 

 

 

 

Десет запоставени суннети

Освен тоа што ова е втор главен извор на исламот, така што од неговата конзистеност во голема мера зависат хармонијата и среќата на овосветскиот и идниот живот, ние како муслимани треба особено да имаме на ум дека тоа било обичај на најдобриот и најбараниот човек и пратеник кој некогаш одел по оваа земја и кој сите суштества го сакале. Пред сè, бил возљубен од неговиот Возвишен Господар, а потоа и од Аллаховите мелеци, од асхабите, па дури и од неподвижните Аллахови суштества, како дрвјата, камењата…Зарем не би сакале и ние да го следиме неговиот кодекс на однесување?

Во ова кратко излагање би споменале некои од суннетите на Аллаховиот пратеник с.а.в.с., кои, како што можев да забележам, станале плод на нашиот заборав или сме го намалиле нивното практикување. Сакав да се потсетам себеси, а и останатите муслимани, тргнувајќи од зборовите на Пратеникот с.а.в.с.: ”Кој ќе оживее во исламот убав суннет, тој ќе има награда за него и награда за сите оние кои ќе го прават после него”(Муслим).

1.Започнување со абдест пред гусулот (бањањето)

Од Аиша, радиалланху’анху, жената на Аллаховиот пратеник, саллаллаху’алејхи ве селлеме, се пренесува: ”Кога Пратеникот ќе се бањаше од џунуплукот, прво ќе започнеше со миење на рацете и абдест, како што го правеше тоа за намаз. Потоа ќе ги ставеше рацете во вода и со рацете ќе ги наквасеше влакната од неговата коса. После тоа три пати со раце полни вода ќе ја полееше главата, откако ќе го намокреше целото тело…”(Бухарија 843, Муслим 613)

2.Клањање два реката во џамија при враќање од пат

Од Каба ибн Малик, радиаллаху’анху, се пренесува: ”Аллаховиот пратеник саллаллаху’алејхи ве селлеме, кога ќе пристигнеше од некое патување, најпрвин ќе отидеше до џамијата и ќе клањаше два реката …”(Бухарија 8144, Муслим 617)

3.Мноштво дови пред предавањето на селам во намазот

Од Ебу Хурејре, радиалланху’анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник,саллаллаху’алејхи ве селлеме, кажал:”Кога некој од вас ќе биде на седење (ар.тешехуд) во намазот, од Аллах нека побара четири работи! Нека каже: Аллахуме инни‘еузубике мин’азаби џехеннеме, ве мин’азаби-л-кабри, ве мин фитнети-л-мајха ве-л мемат, ве мин фитнети-л-Месихи-д-Деџџал (Аллаху мој, од Тебе барам заштита од џехеннемското страдање, од страдањето во кабурот и од злото на Деџџалот!)”(Бухарија 7713, Муслим 985)

Од Ебу Бекр ес-Сиддик, радиаллаху’анху, се пренесува дека тој му кажал на Аллаховиот пратеник, саллалаху’алејхи ве селлеме: ”Подучи ме на дова која би ја учел во својот намаз!” Па тој му одговорил: ”Kажи- Aллахуме, инни залемту нефсии зулмен кесирен, ве ла јагфируз-зунупе илаа енте, фагфир лии магфиретен мин ‘индике, верхамнии, иннеке енте-л гафурурр-рахим! (Аллаху мој, кон себеси имам сторено многу неправда, а никој освен тебе не ги простува гревовите… Па прости ми со Својот опрост и смилувај ми се! Навистина никој освен Тебе не е оној кој многу простува и кој е Милостив!)

4.Посетување гробишта (мезари)

Од Ебу Хурејре, раиллаху’анху, се пренесува: ”Веровесникот, саллалаху’алехји ве селлеме, го посетил мезарот на својата мајка, па заплакал, а со тоа ги расплакал и оние кои биле со него. Прозборел– Побарав од својот Господар да ми дозволи да побарам опрост за неа, па не ми беше дозволено! Потоа побарав да ми се дозволи да го посетам нејзиниот мезар (гроб) откако ми беше одобрено! Заради тоа посетувајте ги гробиштата, затоа што тие ве потсетуваат на смртта!”(Муслим 679)

5.Повикување селам на оној кој го познаваш и на оној кој не го познаваш

Од Абдуллах ибн Амр, радиаллаху’анху, се пренесува дека некој човек го прашал Аллаховиот пратеник, саллалаху’алејхи ве селеме, кој ислам е убав, па добил одговор:”Да ги храниш луѓето и да повикуваш селам на оној кој го познаваш и на оној кој не го познаваш!”(Бухарија 21, Муслим 93)

6.Потирање на целата глава при месхот кога се зема абдест

Во прочуениот хадис кој се пренесува од Амра инн Јахја ел Мазини, а тој од својот татко, се наведува како Аллаховиот пратеник, саллалаху’алејхи ве селлеме, земал абдест. Во едниот дел од големиот хадис, каде што се споменува потирањето на главата со влажна рака (месх), се вели:”…..Потоа со рацете ќе ја потираше (поминеше) својата глава од напред и од назад, така еднаш, па потоа ќе ги измиеше своите нозе(Бухарија 186, Муслим 18-235)

Во другото предавање се наведува: ”….Ќе започнеше од предната страна на својата глава, и сè така, додека не дојдеше до задниот дел на вратот (тилот), потоа ќе ги вратеше рацете сè додека не дојдеше до местото од каде што го започнал месхот!”(Бухарија 185, Муслим 1-211)

7.Самопресметка

Од Омер ибн ел-Хаттаб, радиаллахуанху, се пренесува: ”Пресметувајте се самите со себе пред да ви се пресметува, и вагајте ги своите дела пред вам да ви бидат вагани! Затоа што навистина ќе ви биде лесна пресметката утре, ако тоа го правите денес ! И гледајте да се накитите за големиот ден на промоцијата ”Тогаш ќе бидете испрашувани и ниту една тајна нема да ви остане сокриена!(Ел-Хакка 18)”(Ибн Еби Дуња во делото “Мухасебетун нефс”,стр.22)

8.Помагање на фамилијата или жената во домашните работи

Од ел-Есвед се пренесува:”Ја прашав Ајша, радиаллаху’анхa, што Аллаховиот пратеник, саллаллаху’алехји ве селлеме, имаше обичај да прави во својата куќа?” Таа ми кажа: ”Ги работеше оние работи кои ги работеше и неговото семејство- значи беше од помош на своето семејство- па кога ќе настапеше времето за намаз, тогаш заминуваше на намаз!”(Бухарија 676)

9.Постење три дена секој месец

Од Ебу Хурејре, радиаллаху’анху, се пренесува: ”Мој близок пријател ми предложи три работи сè додека не умрам- пост три пати секој месец, духа намаз и клањање на витар намаз пред спиење!”(Бухари 8711, Муслим 127)

Од Абдуллах ибн Амр се пренесува: ”Аллаховиот пратеник, саллааллаху’алејхи ве селлеме, бил информиран дека имам кажано- Во Аллах се колнам, ќе постам дење, а ќе клањам намаз навечер сè додека бидам жив! Па, му одговорив- Да, кажав така, о ти кој си ми подраг и од татко ми од мајка ми! Тој ми одговори: ”Навистина ти тоа нема да можеш да го издржиш, затоа пости,но и јади,клањај и спиј! Пости од секој месец по три дена затоа што секое добро дело се вреднува како десет сторени дела, а тоа ти е како пост цело време! Kaжав: ”Но јас можам да издржам и повредно од тоа?” Ми рече: ”Пости еден ден, а јади вториот ден! Тоа е на Давуд, алејхис селам, пост, а тоа е највредниот пост! Кажав: ”Јас би можел да издржам и повредно од тоа!?” На тоа Аллаховиот пратеник, саллаллаху алејхи ве селеме, ми одговори: ”Не постои ништо повредно од тоа!”(Бухарија 6791, Муслим 9511)

10.Тресење на постелнината пред спиење

Од Ебу Хурејре, радиаллаху’анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, саллаллахуалехји ве селеме, рекол:- Кога некој од вас ќе замине на спиење, нека ја протресе постелнината од внатрешноста на својата наметка заради тоа што не знае што останало внатре после него! Потоа нека каже: ”Бисмике рабби веда’ту џенби, ве бике ерфе’уху. Ин емсекте нефси ферхамха, ве ин ерселтеха фахфазха бима тухаз бихи ‘ибадекес салихин (Во твое име, мој Господару, го спуштам својот бок, и поради Тебе го подигам. Ако ја земеш мојата душа, смилувај и се! А ако ја оставиш, чувај ја онака како што ги чуваш своите добри робови)”(Бухарија 236, Муслим 4172)

Превземено од Минбер.ба

Правилата на војна

250px-cyprian_war

 

Во денешно  време, муслиманите се многу честа мета на обвинувања од страна на нивните соседи, Евреите и христијаните, дека исламот поттикнува (дозволува) насилство, тероризам, милитантност и слично.[1] Муслиманите веруваат дека на сите народи им се испратени Пратеници од Бог и дека Објавите се доставени до секоја нација, дека пораките и Верозаконите на сите луѓе биле наменети за одреден временски период и со просторно-локален карактер. Со тоа тие подлежат на менување со текот на времето. Крајниот печат на тие закони дошол со универзалниот Божји Пратеник, Мухаммед (ﷺ) и со последното и универзално откровение  – Куран, кој е заштитен од промени кои се однесуваат до Судниот ден (како последно Божје Откровение). Затоа, можеме да видиме во тековната верзија на Стариот Завет, која му се припишува на Муса (Мојсеј) – како некој кој е задолжен со многу строги прописи во врска со војната. Но, и самиот Иса (Исус) според ранохристијаните[2] бил очекуван како Месија кој требало да поведе вооружен бунт против Римската империја.[3]

Едно од дискредитирањата кон Пратеникот Мухаммед (ﷺ) е начинот на кој тој ги водел воените дејствија. Она што треба да го знаеме е дека објавата на Куранот траела цели дваесет и три години.  Првите тринаесет години на Објавата, муслиманите во Мека живееле како малцинство во еден идолопоклонички систем. Тие секојдневно биле изложени на многу големи притисоци. Врз големиот број муслимани се вршени физички тортури, некои биле убивани, многу куќи и имоти биле ограбени, постојано биле соочени со навреди и закани. Меѓутоа, муслиманите продолжувале да живеат без прибегнување кон употреба на сила. Откако неверничките притисоци достигнале точка на нетолеранција, муслиманите формираат своја управа со преселување во Јасреб (денешна Медина), во кој владеела слободна и пријателска aтмосферa. Но, иако формирале свои политички устројства сеуште не се впуштале во војна против агресивните идолопоклоници од Мека. Меѓутоа, откако им била спуштена Објава да се бранат од оние кои ги напаѓаат, Мухаммед, (Божји мир врз него) дал налог на своите следбеници да се подготват за претстојните воени дејствија.[4] Ако обрнеме внимание може да забележиме дека војната настанала како метод кон кој се прибегнало со цел одбрана на муслиманите. Муслиманите биле протерани од своите вековни огништа и им била сторена огромна неправда. Заедницата на муслиманите била на пат да исчезне доколку останела пасивна. Семоќниот Бог нареди: „И борете се на Божјиот пат, против оние кои се борат против вас, но вие не oтпочнувајте борба! – Аллах, навистина, не ги сака оние кои започнуваат кавги“ (Ел-Бекара, 190). По објавувањето на овој курански стих се случиле голем број битки меѓу муслиманите и Арапите идолопоклоненици. Сепак, во ниту една од овие битки, муслиманите не биле страна која прва отпочнувала со судир.

 Иако не било во поволност на муслиманите, со прифаќањето на мировниот договор (договор на Худејбија), Мухамед, (Божји мир врз него) обезбедил мир и сигурност. Идолопоклониците повторно го прекршиле договорот и тоа била причина за почеток на една нова војна.[5] Меѓутоа, со брзото зголемување на бројот на муслиманите, муслиманската војска станала толку силна што арапските идолопоклоници не можеле да се спротистават. На крајот, Мухаммед, (Божји мир врз него) со својата војска тргнал и ја ослободил Мека. За време на ослободувањето на Мека немало пролевање на крв, на ниту еден човек не му било сторено ниту едно зло или непријатност. Ако сакал, Мухаммед, (Божји мир врз него) можел да им се одмазди на идолопоклоничките лидери од Мека. Импресионирани од ваквиот висок морал и карактер, паганите, подоцна доброволно го прифатиле исламот.

При сите војни и освојувања за време на животот на Мухаммед, (Божји мир врз него), многу прецизно се штитени правата на невините и беспомошните. Мухаммед, (Божји мир врз него), често ги потсетувал верниците со следните зборови: „Одете во поход, во согласност со Пратениковата вера! Постарите, жените и децата не ги допирајте! Бидете оние кои се благонаклонети и милостиви. Aллах, Семоќниот, ги сака искрените.” Мухаммед, (Божји мир врз него) во друго предание го истакнува следново: „Не убивајте деца! Не се осмелувајте да ги допрете оние кои вршат молитва во нивните цркви! Не убивајте жени и стари! Не палете и не сечете ги дрвата! Не уништувајте ги куќите!” Пред да отпочне војната и воените дејствија Мухаммед (ﷺ), укажал на изворот на неправдата и злото: „Плашете се од насилството (неправдата), бидејќи насилството е темница и мака на Судниот ден. Чувајте се од скржавост и алчност, бидејќи таа ги упропастила народите пред вас и ги натерала на меѓусебно крвопролевање; да го направат дозволено она што било забрането и да го прават она што е забрането.“[6] Од тоа и од многу други курански цитати станува  јасна забраната на употреба на прекумерната сила и претераноста во војувањето, нешто што е денес принцип во сите кодекси на војување.[7]

Умереноста и мирољубивата политика на Мухаммед, (нека е Божји мир врз него), произлегува од темелот на исламот, за кој семоќниот Бог изјавува во Куранот: „Аллах не ви забранува да правите добро и да бидете праведни кон оние кои не се борат против вас заради верата и кои од вашата татковина не ве гонат – Аллах навистина ги сака оние кои се праведни“ (Куран; Ел-Мумтехине, 8). Споменатиот цитат го дефинира односот на муслиманите кон немуслимани. Во еден друг Курански цитат Семоќниот Бог дури ги предупредува верниците и им соопштува дека омразата што ја чувствуваат кон непријателите на исламот никако нека не ги доведе во состојба да постапат неправедно: „О верници, извршувајте ги должностите кон Аллах, и праведно сведочите! Нека омразата што ја имате кон некои луѓе не ве наведе да бидете неправедни! Бидете праведни тоа е најблиску до честитоста и плашете се од Аллах, бидејќи Аллах добро го знае она што го правите!“ (Ел-Ma’идa, 8). Правдата е најголем човечки стремеж. Никој од нас несмее да заборави на она што не подучил Пратеникот, (ﷺ): „На оние кои што се милосрдни, ќе им се смилува Милостивиот. Бидете милостиви со оние коишто се на Земјата, па ќе ви се смилува Оној кој е на небото.“ (Тирмизи и Ебу Давуд) Окото на мислоста е подобро од окото на омразата. Омразата е фактор кој раѓа непријателство и штета, милоста раѓа разбирање и сомилост.

Сепак, најголемите цивилизациски мостови ги граделе и војсководците како Александар Македонски, Џингис Кан, Наполеон, Тимурленк и слично. Тие иако воделе воени кампањи, оставиле печат врз истријата и врз цивилизациските норми и принципи. Со тоа сме свесни дека војните ниту престанале ниту ќе престанат во иднина. Тие произлегле од самата природа на човекот и неговата желба за доминација, моќ и наметнување на сопствени идеи. Алберт Ајнштајн кажал: „Војните ќе престанат кога луѓето ќе одбијат да се борат во нив“. Она што е предност на исламот е тоа што дава точни и прецизни упаства како треба да се однесува секој поврзан со борбените дејствија. Исламот ја потенцира потребата за правилно водство и упаство и како и во борба да се исполнат праведните цели и честити слогани.[8] Најголемата цел е праведниот мир и општественото добро и хармонија како меѓу  луѓето така и во односот кон Бог.

[1] Исламската(муслиманска) јавност на светската сцена е во неоправдано пасивна и дефанзивна улога. Замислете какви би биле реакциите доколку околностите со кои се самоубил пилотот на Алпи би биле до влакно исти, но името на пилотот различно. Не би се прашувале луѓето, дали бил болен, ниту зошто бил несреќно заљубен, туку веднаш би бил прогласен за терориста, а самиот настан би бил искористен за нова жестока анти-исламска кампања на светско ниво. Реисите и имамите на големо би гледале да се дистанцираат и да се оправдаат, додека во името на христијанството никој не се дистанцирал ниту од Брејвик, ниту од Холокауст, а во двата случаеви сторителите во голема мерка се повикувале на христијанство. (заб. проф. Ферид М.)

[2] Во последната книга на авторот „Од Исус до Мухаммед“ може подетално да се запознаете со мисијата на Исус и ранохристијанскиот период.

[3] Како што вели во Евангелието по Лука: Глава 19 цитат бр. 27 каде Исус вели: „ А оние мои непријатели, што не сакаа да царувам над нив, доведете ги тука и погубете ги пред мене! “

[4] Им се дозволува одбрана на тие што од други ќе бидат нападнати, бидејќи им се врши насилство – а Аллах е навистина кадарен да им помогне. На тие кои ни криви ни должни од домовите свои се протерани, само затоа што говореа: „Наш Господар е Аллах! “(Куран; 22:39,40)

[5] Исто,  забрането е откако е склучен мир, истиот да се прекршува и да се биде оној кој прв прекршува дадено ветување: „Ако тие ве остават на мира и не се борат против вас, туку ви понудат мир, тогаш Аллах не ви дава пат против нив.“ (Ен Ниса, 90)

[6] Муслим

[7] Таквите верзии на теорија на праведна војна ги разработил Мајкл Валцер во својата книга Праведни и неправедни војни. Walzer, Michael, 2000.: Just and Unjust Wars, Basic Books, New York

[8] Пример за ова е слоганот „Слобода или смрт“ на македонските револуционери.