Имам Шафија – Велкан на Исламот

Имам Шафија е роден во Газа, светата Палестинска земја 150. година по Хиџра. Истата година кога умре имам Ебу Ханифе.,р.а. Се пресели на Ахирет 204. х. Година во Египет.

Continue reading “Имам Шафија – Велкан на Исламот”

Пратениците се браќа

Сите пратеници се браќа и нив Аллах ги испратил за дса на луѓете им укажат на вистинскиот пат и за да ги изведат од темнина на светлина. Заради тоа Аллах го сторил верувањето во нив како услов и темел на иман.

Continue reading “Пратениците се браќа”

Имам Малик- Великан на Исламот

Имам Малик беше достоинствен и скромен во дуњалукот / овој свет. Не одеше во дворците на владарите,ниту одеше да ги подучува, туку истакнуваше дека и тие мораат да дојдат кај него за да учат како и останатиот свет. Султанот во една прилика го казни и го измачуваше поради една фетва која ја изрече, а која што се спротиставуваше на неговото мислење. Таа случка кај луѓето уште повеќе му го подигна местото и угледот, кој од ден во ден се повеќе се наголемуваа.

Continue reading “Имам Малик- Великан на Исламот”

Земјата е со сферичен облик – тврдат исламски учени уште пред 1000 години

Пренесува Ибн Тејмие во Меџму Фетава (25/195) дека ученикот на имам Ахмед, познатиот голем учењак кој напишал околу 400 дела, Ахмед ибн Џафер ибн Мунади кажал: „Нема разидување помеѓу учените дека небесата се со сферичен облик.“

Continue reading “Земјата е со сферичен облик – тврдат исламски учени уште пред 1000 години”

Халал издршка

Севишниот Аллах кој што на најубав начин го има создадено човекот, му ги има обезбедено сите потребни материјали за издршка како и сета духовна храна. Во светата книга Куран  за тоа пишува :„Тој ви даде се што вие побаравте. Ако почнете да ги набројувате сите благодети на Аллах нема да можете да ги наброите сите.“ Ризкот –издршкатата е делот од сите благодети на овој свет а кој што му припаѓа на секој човек. Тоа е доброто кое му следува на секое живо суштество од страна на Аллах и гаранција за продолжување на нивниот материјален и духовен свет.

Continue reading “Халал издршка”

Вистинска религија 2 -дел

     Пораката на погрешната религија

     Постојат толку многу секти, култови, разни верувања, движења и филозофии на светот, кои што се декларираат како прав и единствен вистинит пат кон Аллах. Но, како може некој да одреди која од овие е во право, или пак сите се во право?! Начинот на кој би можеле да го пронајдеме одговорот е да ги “исчистиме” површинските разлики на учењата на различните предавачи за конечната Вистина, и да го идентифицираме централниот објект на обожување на кој тие повикуваат на директен или индиректен начин. Сите погрешни религии имаат заедничко еден основен концепт што се однесува до Аллах. Тие или изјаснуваат дека сите луѓе се богови или дека одредени луѓе биле Аллах, или дека природата е Аллах, или пак дека Аллах е продукт на човековата имагинација.

     Според тоа, може да се тврди дека основната порака на погрешната религија е дека Аллах може да се обожува преку Неговата творба. Погрешната религија го повикува човекот да ја обожува творбата, именувајќи ја неа, или некои аспекти од творбата – Бог. На пример, пророкот Исус ги повикувал своите следбеници да го обожуваат Аллах, но тие што се изјаснуваат како негови следбеници денеска ги повикуваат луѓето да го обожуваат Исус, тврдејќи дека тој бил Аллах!

Буда бил реформатор, којшто претставил еден голем број на хуманистички принципи на религијата во Индија. Тој никогаш не тврдел дека е Бог, а ниту пак дека е објект на обожување. Но, сепак денес повеќето Будисти кои се наоѓаат надвор од Индија го прифаќаат Буда како Бог, и им се поклонуваат на идолите направени според  нивната замисла за неговиот лик.

Со користење на принципите за идентификација на објектите за обожување, погрешната религија станува се поочигледна и во контраверзна природа со нивниот чист извор. Како што Бог наведува во Кур’анот:

     “Оние кои ги обожувате освен Аллах се само имиња кои им ги дадовте, вие и претците ваши; за тоа Аллах не ви објави никаков доказ. Пресудата е само Аллахова. Ви нареди само Него да Го обожувате. Е, тоа е постојаната вера, но мнозинството меѓу луѓето не знаат!” (Кур’ан 12:40)

     Би можело да се расправа дека сите религии учат добри нешта, па зошто би било важно која ја следиме? Одговорот на тоа е дека сите погрешни религии го предаваат најголемото зло – обожување на творбите. Обожување на творбите е најголем грев што човекот може да го изврши, затоа што се спротивставува на единствената цел за неговото создавање. Човекот бил создаден да го обожува единствено Аллах, како што Аллах експлицитно изјавува во Кур’анот:

     “И џиновите и луѓето Ние ги создадовме само да Не обожуваат.” (Кур’ан 51:56)

     Последица на обожување на творбата, кое е суштина на идолатријата, е единствениот непростлив грев. Оној којшто умира во состојба на идолатрија ја запечатил својата судбина во следниот живот. Ова не е опција, туку откровен факт изјавен од Аллах во Неговото последно откровение за човекот:

     “Аллах, навистина, нема да прости да Му се здружува здруженик, а с#, освен ова, простува кому сака.” (Кур’ан 4:48)

     Универзалноста на Исламот                                                  

     Бидејќи последиците од погрешната религија се толку сериозни, вистинската религија на Аллах мора да биде универзално разбирлива и достиглива, неограничена за одредени луѓе, места или време. Во Исламот не може да постојат состојби, како што се баптизмот, верување во човекот како спасител, за да верникот влезе во рајот. Во самиот централен принцип на Исламот и во неговата дефиниција (покорност на нашата волјата единствено кон Аллах) лежат корените на Исламската универзалност. Било кога човекот да сфати дека Аллах е Еден, и дека е одвоен од Неговата творба, и се потчинува себеси кон Аллах, тој станува Муслиман во тело и во дух, и е достоен за рајот. Според тоа, секој, во секое време, од најразличните и од најрасфрлените религии во светот може да стане Муслиман, следбнеик на Божјата религија, Исламот, едноставно одбивајќи ги обожувањата на творбите и со свртување единствено кон Аллах (Бог). Исто така, би требало да се истакне дека сознавањето и покорноста кон Аллах изискува самиот човек своеволно да избира меѓу правото и погрешното, а таквиот избор имплицира одговорност. Човекот ќе се означува како одговорен за неговите избори, и, како таков, тој би требало крајно да се потруди да чини добро, а да го избегнува злото: крајната позитивна состојба – обожување на единствениот Аллах, или пак крајната негативна состојба – обожување на Неговата творба. Овој факт е покажан во последното откровение, каде што стои следново: “А оние, пак, кои веруваа – Евреи, христијани и Сабејци – и оние кои веруваа во Аллах и во Денот ахиретски, и кои работеа добри дела – па, за нив има награда кај Господарот свој, навистина! Оние не ќе стравуваат и не ќе тагуваат! ” (Кур’ан 2:62)     

     “Да се придржуваа кон Тората и Евангелието и кон она што им е објавено од Господарот нивни сигурно би имале што да јадат од она што е над нив и од она што е под нив, навистина! Меѓу нив има умерена заедница. Но, она што многу од нив го работат е лошо. ” (Кур’ан 5:66)

Вистинската религија

Автор: Билал Филипс                                                 

Кој е Билал Филипс?!

Билал Филипс доаѓа од семејство на едуцирани родители кои биле професори, додека дедо му бил познат библиски истражувач и свештеник. Роден е во Кингстом, Јамајка 1947 година. Потоа неговите се селат во Канада .Во 1972 го прифаќа Исламот. Дипломира во Медина, а магистрира Акида (исламско верување) во Ријад. Си го завршува својот докторат во Велс , Англија.

Го формира првиот онлајн Универзитет, и моментално нуди бесплатен програм на курсеви од Катар.

Негови попознати дела се:

Вистинската порака на Исус Христос,

 Основите на монетеизмот,

Целта на создавањето,

Исламски студии   и др.

Прв дел

     Исламската религија

     Првата работа што секој заинтересиран би требало да ја знае за Исламот е значењето на зборот “Ислам”. Исламската религија не е именувана според некоја личност, како на пример Христијанството, кое што е именувано според Исус Христос, Будизмот според Готама Буда, Конфучиенизмот според Конфучие или пак Марксизмот според Карл Маркс. Ниту пак е именувана според некое племе, како Јудаизмот според племето Јуда или Хиндуизмот според Хиндусите. Исламот е вистинска религија од Аллах (Единствен Бог), и како таков, неговото име ни го претставува централниот принцип на Аллаховата “Божјата” религија: целосно потчинување на сопствената волја кон Аллах (Бог). Арапскиот збор “Ислам” значи покорност или потчинување на човековата волја кон единствениот вистински Бог заслужен за обожување – “Аллах”, и секој кој работи според овие принципи се именува како “Муслиман”. Овој збор исто така значи и “мир”, којшто е и природна последица на целосното потчинување на волјата кон Аллах. Значи, Исламот не е нова религија донесена од пратеникот Мухаммед мир над него во Арабија во седмиот век, туку вистинската религија на Аллах изразена во нејзината крајна форма.

Исламот е религијата која му беше дадена на Адам, првиот човек и првиот пратеник на Аллах, а исто така била и религија на сите пратеници пратени од Аллах на човековиот род. Името на Божјата религија, Ислам, не беше донесено од подоцнежните човечки генерации. Тоа беше избрано од самиот Аллах, и јасно истакнато во Неговото последно откровение кон  човештвото. Во последната книга на Боженственото откровение, Кур’анот, Аллах го изјавува следното:                          

     “Денес ви ја надополнив верата ваша и го исполнив благодатот Мој кон вас, и задоволен сум Исламот да ви биде вера.” Кур’ан 5:3                                                                                                                          

     “На оној кој сака друга вера освен Послушноста (Исламот) – нема да му се прими.” Кур’ан 3:85                      

     “Ибрахим (Авраам) не беше ни Евреин ни христијанин, туку беше чист и Послушен (муслиман).” Кур’ан 3:67

     Никаде во Библијата нема да наидете на пасус во кој Аллах им вели на луѓето на пророкот Мојсеј, или на неговите наследници, дека нивната религија е Јудаизмот, ниту пак на следбениците на Христос дека нивната религија е Христијанството. Всушност, “Христос” не е ни негово име, а ниту пак било Исус. Името “Христос” доаѓа од грчкиот збор “Христос”, што значи “закажаниот”. Односно, “Христос” е грчки превод од Еврејскиот наслов “Месиах”. Од друга страна, пак, името “Исус” е латинизирана верзија од Еврејското име “Исау” (Есау). Заради полесно разбирање, ќе продолжам да го именувам пророкот Исау м.н.н. како Исус. Што се однесува до неговата религија, тоа е она на што ги повикуваше своите следбеници. Како и пратениците пред него, тој ги повикуваше луѓето да ја покоруваат нивната волја кон волјата на Аллах, и ги предупредил да останат подалеку од лажните богови на човечката имагинација.

Според Новиот Завет, тој ги подучуваше неговите следбеници да се молат на следниов начин:                         

     “Вашето ќе биде направено на земјата како што е на Небото.”

     Пораката на Исламот                                                     

     Бидејќи потполната покорност на човековата волја кон Аллах ја претставува главнината во суштинското обожување, основната порака на Аллаховата боженствена религија, Исламот, е обожување единствено на Аллах, и одбегнување на обожување насочено кон некоја личност, место или нешто друго освен Аллах. Додека с# друго освен Аллах, Творецот на сите дела, се Аллахови творби; би можело да се наведе дека Исламот во суштина го повикува човекот да го одбегне обожувањето на творбите, и го поканува да го обожува единствено Творецот. Тој е Единствениот заслужен за човечкото обожување, и само со Неговата волја молитвите се исполнуваат. Ако човекот му се моли на дрвото, и притоа неговите молитви се исполнуваат, не е дрвото тоа кое што одговорило на неговите молитви, туку Аллах, Којшто дозволил околностите за кои му се молело, да бидат реализирани. Некој може да спомне, “Тоа е очигледно” но сепак, на дрво-следбениците не би им било баш очигледно. Слично на тоа, молитвите кон Исус, Буда, Кришна, кон св. Кристофер или кон св. Јуда, па дури и кон Мухаммед, не се исполнувани од нив, туку од Аллах.

     Според ова, Исус  не им проповедал на неговите следбеници да го обужаваат него, туку Аллах. Како што се вели во Кур’анот:

     “И кога Аллах рече: “О Иса (Исусе), сине Мерјемин (Маријин), им зборуваше ли на луѓето: “Прифатете не, мене и мајка ми покрај Аллах, за две божества! ” Иса (Исус) рече: “Славен биди! Не ми доликува да зборувам за она за што немам право. Ако ова го зборував – па, Ти би го знаел тоа. Ти го знаеш она што е во душава моја, а јас не го знам она што е во душата Твоја. Ти си, навистина, Зналец на тајните!” (Кур’ан 5:116)

     Кога Исус м.н.н. обожуваше, не се обожуваше себеси, туку го обожуваше Аллах. Овој основен принцип е застапен во поглавјето на “Отворањето” во Кур’анот, познато како “Фатиха”, стих 5: “Ние само Тебе Те обожуваме и ние само од Тебе помош бараме!”

     На друго место, во последната книга на откровението – Кур’анот, Аллах вели: “Господарот ваш рече: ‘Повикувајте Ме, ќе ви се оѕвијам!’” (Кур’ан 40:60)

     Вреди да се истакне дека важна порака на Исламот е дека Аллах и Неговата творба се јасно различни ентитети. Ниту е Аллах творба или дел од неа, ниту пак е творбата Тој или пак дел од Него. Ова би можело да изгледа очигледно, но човековото обожување на творбите наместо Творецот, во голем дел е базирано на непознавањето на овој концепт. Постои верување дека Битието на Аллах е насекаде во Неговата творба, или пак дека Неговото боженствено Битие #, или пак било присутно во некои облици на Неговите творби, оправдувајќи го на овој начин обожувањето на творбата, така што ова обожување може да се нарече “обожување на Аллах преку Неговите творби”. Како и да е, пораката на Исламот, како што е донесена од пророците на Аллах, е да се обожува едниствено Аллах и да се одбегнува обожувањето на неговите творби на директен или индиректен начин. Во Кур’анот Аллах јасно наведува:

     “И Ние за секој народ, секако, испративме пејгамбер (пратеник): ‘Обожувајте Го Аллаха и избегнувајте ги шејтаните (ѓаволите)!’” (Кур’ан 16:36)

     Кога на идоло-поклониците им се поставува прашањето зошто им се поклонуваат на идолот создаден од човекот, одговорот е секогаш непроменлив: тие, всушност, не ја  обожуваат самата камена статуа, туку Аллах, Којшто е присутен во неа. Тие тврдат дека камените идоли се само фокусна точка на Аллаховото Битие, и дека самото тоа не е Аллах! Тој што го прифатил концептот на постоењето на Битието на Бог во Неговата творба, на било кој начин, ќе биде обврзан да го признае овој аргумент за идолопоклонство. Така, оној кој ја разбира основната порака на Исламот и неговите импликации, никогаш не би се впуштил во идолатрија, без оглед на тоа како таа би се осмислила. Тие, кои низ вековите го прокламираат боженството за самите себеси, често ги базирале нивните тврдења на погрешното верување дека Аллах е присутен во човекот. Тие просто се бранат со тоа дека иако Аллах, според нивните неточни верувања, е во сите нас, тој е повеќе присутен во нив отколку во нас останатите. Оттаму тие сметаат дека ние би требале да им ја покоруваме волјата ним и да ги обожуваме нив, како да се тие Бог во личноста, или пак Бог концентриран во самата личност. Слично на ова, оние кои што го бранеле ова духовно – божјо братство, имаат пронајдено плодно тло меѓу оние кои што го прифаќаат неточното верување во Божјото присуство во човекот. Тој што ја сознал основната порака на Исламот и неговите импликации, никогаш не би можел да се согласи да обожува човечко суштество под било какви околности. Божјата религија, во суштина, е јасен повик на обожување на Творецот и одбегнување на актот на обожување на творби во било каква форма. Ова е и значењето на мотото на Исламот:  “Нема друго божество освен Аллах”

     Искажување на овој збор ја донесува индивидуата во закрилата на Исламот, а искреното верување во него му го гаранатира Рајот. Затоа, се пренесува дека последниот Пратеник на Исламот рекол: “Секој што ќе рече: Нема друго божество освен Аллах и умира придржувајќи му се на ова верување, ќе влезе во рајот.” (Пренесено од Ебу Дар во колекцијата на веродостојни хадиси од Бухариј и Муслим)

     Ова е доследно на потчинетоста кон Аллах како Еден Бог, добивајќи награда од Него заради покорување на Неговите заповеди и одбивањето на политеизмот и политеистите.         

Слаби хадиси кои ни ги открил големиот учењак Ибн Тејмијје




Во името на Аллах, Милостивиот, Самилосен!

Шејху –Л- Ислам ибн Тејмијје бил запрашан за (Аллаховите) зборови кои се пренесуваат од Пратеникот с.а.в.с ., Ниту земјата и небото не може да  ги содржи, но може срцето на искрениот верник.”Tој одговорил: Славен нека е Аллах. Спомнато е од Израелќаните ( Хадисот е од еврејски извори) и за него не постои познат ланец кој води до Пратеникот с.а.в.с. Тој хадис значи дека Аллах Својата Љубов и знаење ја ставил во срцето на својот роб.

Continue reading “Слаби хадиси кои ни ги открил големиот учењак Ибн Тејмијје”

Намерата на исламот е да се сочува животот

Животот е најубава благодет и Божји дар кој лично Тој го создал и нам ни го подарил, со секаква можна убавина го украсил и со него не почестил, оживел, обскрбил и упатил. Животот е најголема чест која секое создание а посебно човекот може да ја има, па поради тоа тој е на цена кај секој свесен муслиман.

Continue reading “Намерата на исламот е да се сочува животот”

Дали е Лејлетул Кадр истата ноќ за сите муслимани, или пак тоа е различна во различни земји?

Прашање:

Дали е Лејлетул Кадр истата ноќ за сите муслимани, или пак тоа е различна во различни земји?

Continue reading “Дали е Лејлетул Кадр истата ноќ за сите муслимани, или пак тоа е различна во различни земји?”

За оној кој патува додека е Рамазан

Прашање:

Кое е правилото за патувањето во Рамазан со цел да се избегне постот?

Continue reading “За оној кој патува додека е Рамазан”

Самостојно гледање на Месечина за започнување и завршување постот

Прашање:

Во нашиот град има група на браќа, но тие се разликуваат од нас во однос на некои прашања, како што се постот во Рамазан. Тие воопшто не постат додека не ја видат месечината со голо око. Понекогаш ние два или три дена сме пред нив во Рамазан, и тие го прекинуваат постот еден или два дена по големиот верски празник РАМАЗАН БАЈРАМ и не го славиме заедно:
Continue reading “Самостојно гледање на Месечина за започнување и завршување постот”

Дали е дозволено да не се пости само еден ден поради играње фудбал или спорт?

Прашање:

Дали е дозволено да не се пости само еден ден поради играње фудбал?.

Continue reading “Дали е дозволено да не се пости само еден ден поради играње фудбал или спорт?”

Пост за време на Рамазан кога некој станува муслиман

Прашање:

Ако немуслиман станува муслиман во текот на денот во Рамазан, треба ли тој да се воздржи од јадење во текот на денот, во кој тој станал муслиман?

Continue reading “Пост за време на Рамазан кога некој станува муслиман”

Немој да си дозволиш да ги напаѓаш ученити а сеуште Куран не си научил да читаш!

Се сретнав со повеќе браќа муслимани кои зборуваа грди работи за поедини исламски научници. Ги замолив да ми ја проучат сурата Ел – Фатиха. Утврдив дека не се во состојба да учат Куран, но имаат храброст да ја критикуваат исламската улема. На каков тоа само начин ние го следиме учењето на исламот! Continue reading “Немој да си дозволиш да ги напаѓаш ученити а сеуште Куран не си научил да читаш!”