Оџата од Слупчане повикува да се почитуваат мерките за Ковид 19

Бројот на заразени и починати од ковид-19 во Македонија е повторно во раст. Но, за разлика од првиот бран кога голем дел од случаите доаѓаа од градот Дебар , жариштето во вториот бран се Скопје, Тетово и Куманово . 

Continue reading “Оџата од Слупчане повикува да се почитуваат мерките за Ковид 19”

Појава на јавен разврат

 

Со многуте зла и раширеноста на страсти пред крај на светот ќе се појави и јавниот разврат, кога човеќ ќе чини блуд на јавен пат, на очиглед на сите. Continue reading “Појава на јавен разврат”

Македонка, студент по архитектура, го прифати исламот

macedonia-muslims-skopje

Студентка по архитектура на Универзитетот во Скопје, пред неколку години направи суштинска промена во својот живот и од христијанка според фамилијарната верска припадност, стана муслиманка.

Continue reading “Македонка, студент по архитектура, го прифати исламот”

Бивши христијани прифаќаат ислам

 

IMG-20150225-WA0000

Во приградската џамија во населба Брод кај Зеница кај Захид еф. Маглиќ, пред некое време после џума намаз одржано беше свеченото „преминување на ислам“ на Саша Жуниќ. Како што известува џамискиот одбор, Саша Жуниќ, Србин по националност,доброволно го прифати исламот и изрази желба истото јавно да го обелодени. Инаку Саша Жуниќ по прифаќањето на исламот отиде да се почести во слаткарницата „Енсар“ која исто така ја држи бивш православец, исто така Србин по националност, Абдуллах Марио Љубичиќ.
Секојдневно како и во Босна, така и во Србија, исламот своеволно го прифаќаат профили на разни луѓе, кои се одлучуваат на ваков чекор иако е познато дека ќе наидат на разни видови на тешкотии во општеството и околината. Не е мал број на повратници во исламот, како во Босна така и овде во Македонија. Неодамна во Струга исламот јавно го прифати Македонец христијанин од Охрид, самоволно без никакви притисоци.  Глобализацијата во едно информациски растечко општество и пристапот до информации носи новитети и ја менува секојдневна реалност која нетреба да ги збунува лаиците и тие кои што се научени на едноумие. Се надеваме дека таквиот избор, наместо да ги збуни, многумина ќе ги натера да размислат за исламот и неговите вредности, бидејќи изборот на верата е нешто лично и не се наметнува со присилба, туку со доказ и е длабоко врзано со исконското верување врежано во срцето на секој верник.

Муслиманот и „Новата Година“

20151230-proglaseni-najubavo-ukrasenite-objekti-vo-skopje-1

Почитувани, браќа и сестри во Ислам.

Есселаму алејкум ве рахметуллах.

Дозволете ми да ви се обратам и заедно со вас да го споделам она со што Возвишениот Аллах, ме почестил од корисното знаење за кое се надевам дека и мене а и вам ќе ви помогне да го пронајдеме патот на спасот на овој и на оној свет. Патот кој треба да го следи еден верник треба да се разликува од патот на неверниците. Не случајно Аллах, субханеху ве те’ала ни наредил во дневните намази да го учиме поглавјето Ел Фатиха во кое јасно од Него,Возвишениот,бараме да не оддалечи од патот на заблудените и оние кои ја заслужиле Божјата лутина.

Мухаммед, сал-лаллаху алејхи ве селем, во еден хадис[1] јасно не опоменува: Тој што имитира еден народ, нему му припаѓа. (Ебу Давуд)

Такво имитирање на немуслиманите е и славењето на нивните празници. Секако дека не сме слушнале за христијани кои резервирале хотел, купиле подароци, заклале курбан за да го прослават Курбан Бајрам. Ваквата реалност ќе ја најдеме кај многу муслимани кои за жал повеќе се подготвуваат за славењето на новата година отколку за славењето на двата исламски празници Фитр[2] и Курбан Бајрам. Исламските зналци се единствени во ставот дека не е дозволено да се присуствува на невернички празници и нивно имитирање. Ова е став на Ханефиската, Маликиската, Шафииската и Ханбелиската правна школа[3]. (Види: “Iktidau-s-siratil mu-stekim”, 2/524., “Ahkamu ehli-z-zimmeti” 2/722., 725., “Et-Teššebbuhu-l-menhijju anhu fi-l-fikhi-l islamijji”, 335)

Неколку факти за “Новата година” кои можеби не сте ги знаеле:

– Славењето на новата година е пагански обичај кој го практикувале старите римјани кои на крајот на годината го славеле „раѓањето на непобедивиот бог на Сонцето“ (Sol Invicitus)

Тоа се случувало кон крајот на годината кога тие се плашеле дека Сонцето нема да се врати.

– Подоцна црквата го избрала овој ден за славење на „божиќ“ за да го прикрие варварскиот празник. Во Католичката енциклопедија издадена во 1911 година пишува: Божиќ не се вбројува во славите на првата заедница на верниците. Првите докази за тоа славење ги наоѓаме во Египет. Незнабожечките празници кои временски се славеа во декември станаа божиќни обичаи.

– Елката која ги „краси“ домовите во текот на новата година е исто така варварски обичај за кој се верувало дека е извор на животната енергија. Античките народи верувале дека зимзелените дрва им даваат живот на нивните домови.

– Дедо Мраз кој е симбол на новата година е всушност врзан за германското паганско верување во „богот Один“ кој јавал врз летечкиот коњ Слипнир кој има осум нозе. Один се сметал за „светец – пријател“.

Во Англија бил познат како Клапербоки и Олдхог верен следбеник на Исус кој одел зад него и на послушните им давал подароци додека непослушните ги казнувал со стап. Подоцна со неговата комерцијализација преку Кока Кола се трансформира во лик кој ги наградува послушните.

Се на се овој таканаречен празник се врзува со пагански традиции на политеизмот кои немаат врска со чистото верување во само еден Бог, Аллах џел-ле ше’нуху. Со самото искажување на шехадетот ние муслиманите јасно се одрекуваме од сите видови на пагански обреди и верата единствено му ја исповедуваме на Аллах, Возвишениот.

Зарем не е време да примиме поука и да се откажеме од гревот на славењето на туѓите празници.

 

Превел : еф.Талха Куртиши

[1] предание

[2] Рамазан Бајрам

[3] 4-те исправни исламски школи

Како да се сочуваме од озборување учени

Исправните предходници му забрануваа на оној кој учел фикх-право самостојно(сам), без шејх, да издава фетви и да ги подучува дугите. Истотака забрануваа да подучува Куран оној кој научил Куран самостојно од Мусхаф.

Continue reading “Како да се сочуваме од озборување учени”

9 научни докази зошто Бог постои

Како што има луѓе што го негираат постоењето на Бог со научни докажувања така важи и обратното.

Continue reading “9 научни докази зошто Бог постои”

Вера и наука, тоа што на западното друштво му прави проблем


Западната мисла денес е во средина на лута битка помеѓу верата и науката. Речиси е невозможно за современиот западен мислител да го прифати фактот дека постои можност религијата и науката да имаат нешто заедничко. Библијата во која веруваат Христијаните, кажува дека дрвото чии плодови му биле забранети на Адем а.с. било дрво на знаењето, па тој, откако изел нешто од тоа дрво, добил одредено знаење кое порано не го поседувал.

Continue reading “Вера и наука, тоа што на западното друштво му прави проблем”

Украденото научно богатство на исламската култура

Во време кога исламот и муслиманите се изложени на исмејување и напади од сите страни, и кога се заборава на муслиманскиот допринос во глобалната наука и наследство, говорот на бившата директорка на компанијата Hewlett-Packard, Карла Фиорина, е редок пример кој ја потврдува немерливата улога на исламот и муслиманите во ширењето на светлото на науката во мрачните времиња на човечката историја.
Continue reading “Украденото научно богатство на исламската култура”

Зошто Умметот нема држава која ќе ги претставува?

Зашто нема држави поборници, односно шампиони, на глобалната сцена кои би ги застапувале интересите на муслиманите и на исламот?

Continue reading “Зошто Умметот нема држава која ќе ги претставува?”

Презентиран првиот дел на тефсир на Куранот на македонски јазик

images (1)

Првиот дел од ТЕФСИР на ИБН КЕСИР на македонски  јазик беше промовиран во Општина Шуто Оризарик каде беа присутни сите чинители на ова дело и голем број верници од муслиманска веросиповест.

Повеќе информации за настанот во следниот видео материјал:

Македонски универзитетски професор прифати ислам во Турција

profesorkaСлавица Јакимовска, универзитетски професор во Македонија, премина во ислам на пригодна церемонија којашто се одржа во подрачјето Едремит во турскиот град Баликесир, кој таа го посети како турист, јавува Anadolu Agency (AA).

Јакимоска, професорка во Европскиот универзитет во Македонија, се пријавила во градското муфтиство во Едремит, и рекла дека го прифатила исламот и донела одлука да стане муслиманка, при што е организирана свеченост во муфтиството.

Јакимовска, која по преминување во ислам го смени своето име во Мушфика, изјави дека околу исламот била информирана и имресионирана од страна на нејзин студент кој од Турција дошол во Македонија на студии, при што, како што рече, одлучила да премине во ислам.

Професорката Јакимовска раскажа дека значајна улога во преминување во исламот имала нејзината импресионираност од гостопримството на муслиманите кои ги посетила во Скопје, секако, и читањето на преводот на Куранот на македонски јазик, кој го прочитала двапати.

Јакимовска го изговори шехадетот и рече дека нејзината прва желба е да ги посети светите места Мека и Медина.

Саит Емин Арвас, муфтијата на градот, по церемонијата рече: „Сега станавме браќа и сестра. Отсега понатаму вие станавте сестра на сите муслимани, пред сè на божјиот пратеник Мухамед“. Тој додаде дека досега бил сведок на повеќе вакви церемонии.

„Бевме сведоци како бројни лица, припадници на различни религии или пак атеисти, преминуваат во ислам. Но, бевме импресионирани од тоа што една универзитетска професорка од Македонија се пријави во муфтиството во Едремит и рече дека сака да стане муслиманка, како и од нејзината искреност на оваа церемонија“, рече тој.

Муфтијата Арвас на Јакимовска ѝ подари книги на турската Управа за верски прашања објавени на француски јазик, како и шамија и сеџаде.

извор: Anadolu Agency (AA)

За бурката и тоа што го открива

Блерта е млада жена од Македонија. Родена и порасната во Скопје. Наставничка по англиски јазик, мажена и има две прекрасни деца. Од мала е пливачка, тренирала пливање во Скопје. Како и многу други млади муслиманки, Блерта од пред една година се покрила со марама. Можеби никогаш нема да ни стане јасно, зошто една преубава жена избрала својата убавина да ја покрие од светот и да ја чува за својот сопруг, за своето семејство.

Кога ја прашав колку време ја носи, ми одговори: точно една година и два месеци. Јас така ги броев и месеците и деновите кога растеше моето дете. Толку ми беше важна секоја минута, па така и Блерта. Знае точно колку време и зошто ја носи. Тоа значење ѝ припаѓа само нејзе.

Неодамна, Блерта сакала со другарките да одат на базен. Тоа подразбира пливање со костим кој покрива поголем дел од телото (буркини). Судрена со разни предрасуди од околината, се јавила да праша дали ќе претставува проблем пливање со таков костим.

„Во 13 часот се јавив во TCC Grand Plaza, прашав за термини и цени. Девојката од рецепција беше љубезна и ми објасни сѐ што требаше. И кажав дека јас и моите другарки ќе пливаме во буркини, па ја прашав дали тоа ќе биде проблем. И тогаш настапи тишина. Потоа девојката ми го побара телефонскиот број, за да го праша шефот и да ми јави. Во 13:24 се јавија со извинување и ми рекоа дека за нив не било проблем, ама другите гости ќе префрлале и ќе се исплашеле. Искрено се потресов, многу ми падна тешко. Зошто некој би се исплашил од неколку жени, само поради тоа што се премногу покриени?!“

И во други базени прашале, во Олимписки им го дале истиот одговор.

„Се прашувам, зошто толку страв, зошто дискриминација и отуѓување, па и јас знам да пливам! Од мала моите ме носеле во пливачки клубови и многу го сакам тој спорт.“

Берта би ги носела и своите деца на базен, сака и тие да го засакаат спортот,  но ја замислувам оваа случка пред нив, како пак тие би се почувствувале. Во овој случај и тие се дискриминирани, и тие ја носат „стигмата“ на својата мајка. Страшната марама, под која „којзнае што крие“.

Тешко е да се лоцира моментот на дискриминација во овој случај. Блерта пријавила во Хелсиншки комитет за човекови права и очекува разрешница. Имено, хотелот не забранува, ама проблемот се „другите гости“. Пред неколку месеци, имаше случај каде на една мајка ѝ беше забранет влез во Олимписки, затоа што нејзиното дете е во инвалидска количка. Не било хигиенски!

Сигурно е убаво да се живее во општество каде сѐ е хигиенски, стерилно, провидно и доволно откриено за да ги видиме јасно нашите примитивни сфаќања и стравови. Но, во него да нема бурки, инвалидски колички, марами и луѓе што се плашат од нив.

Даниела Мирческа

ДЕСНИЧАРСКИ НАЦИОНАЛ-ШОВИНИЗАМ vs. ЛЕВИЧАРСКИ РАДИКАЛЕН АТЕИЗАМ

 

Таман излеговме од една крајност (национал-шовинизмот на ДПМНЕ) и си мислиш ‘добро е, куртуливме’, ете ти на повидок друг екстрем, левичарскиот радикален атеизам, додуша за разлика од национал-шовинизмот кој доаѓаше директно од врхушката на ДПМНЕ, левичарскиот радикален атеизам доаѓа од сателитите кои движат околу СДСМ, та се СДСМ – та не се СДСМ, та се за слобода – та не се за слобода.
Тие би да има слобода на говор, ама да биде ограничена кога на пример, ќе си го искажеш ставот за хомосексуалците, тогаш да не биде слобода на говор туку говор на омраза и хомофобија.
Тие би да има демократија, ама да не можеш ти да се облечеш како сакаш (на пр: ако носиш шамија тогаш си заостанат, не си интегриран итн.).
Демократијата за нив да ти била тие да те отераат у три лепе, а ти да си имал право да идеш каде сакаш, да простите. 🙂
Морам и оџата да го вклучам на кратко, го прашале оџата ‘што е тоа демократија’,а овој им рекол: “Демократија ти е кога јас ќе се качам на минарето (тоа ракетата што е на џамиите) и ќе ве помочам сите одозгора, а и вие имате право одоздола да ме помочате.”

Од друга страна, национал-шовинистиве на ДПМНЕ, полицемерни од било кога, де ги бранат муслиманите – де ги напаѓаат, до вчера СДСМ го навредувале исламот – денеска кога осамна веста дека во градинка во Чаир децата ги учеле на основните вредности на религијата, излегуваат со вест дека Мухамед Зекири со СДСМ сакале калифат да ја напраат Македонија.
Драги Вмровци договорете се побрзо што сакаат, пошто избори се ближат. 😉

И цела галама за градинка во Чаир, во која родителите, воглавно верници од исламска вероисповест ги праќаат своите деца, доброволно бидејќи сакаат нивните деца да ги усмерат на пат на кој тие мислат дека е добар и исправен за нив, и тука нема апсолутно ништо спорно.

А бидејќи јас, како поединец со име и презиме од почетокот на процесот на девмроизација со сите расположиви средства колку бев во можност се борев против злосторничкото здружение на Дпмне, изложен на критики од двете страни, од едните дека долга е раката на ВМРО и да сум се смирел бидејќи татко ми бил вработен и слично, а од другите дека јас со брада не треба многу да се мешам во политика, денеска апелирам до СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија и премиерот Zoran Zaev да си ги смири овие сателити кои само зло му носат и ги кочат реформите, или преку партиско соопштение да се огради од таквите структури.

Ова можеби нема да допре до СДСМ како што Илија Димовски допира до Албанците, ама јас да ја искористам можноста да си кажам, да не речат дека не знаеле. 🙂

Аделаид Каришиќ.