Земјата ќе биде заменета со „друга“ Земја

Нека не мислат тие што се скржави во тоа што Аллах од изобилието Свое им го дава дека е тоа добро за нив! Не, тоа е лошо за нив! На Судниот ден ќе им биде замотано околу вратот тоа за што беа скржави! А на Аллах Му припаѓа наследството на небесата и на Земјата и Аллах е известен за тоа што го правите! (3/180) Continue reading “Земјата ќе биде заменета со „друга“ Земја”

Видео: Животопис на Пратеникот Мухаммед а.с.

Дознајте каков бил неговиот живот, неговата биографија и морал кроз говорот на познатиот исламски даија Шејх Небил Ел Еведи. Continue reading “Видео: Животопис на Пратеникот Мухаммед а.с.”

Фудбалерот на Сенегал Садио Мане своите пари ги троши за сиромашните и нивните потреби

Фудбалерот од Сенегал, Садио Мане, ретко зборува за својот живот надвор од теренот, се знае дека израснал во сиромашно семејство, дека татко му му забранувал да игра фудбал. Стигна до големата сцена, стана ѕвезда, но тоа не го промени.

Continue reading “Фудбалерот на Сенегал Садио Мане своите пари ги троши за сиромашните и нивните потреби”

Последните денови на Пратеникот Мухаммед а.с.

Последните денови на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.

Мухаммед саллаллаху алејхи ве селлем,најодбраниот пратеник…Најдобриот човек кој одеше по земјата…оној на кој му припаѓа шефаатот на Судниот ден…

Continue reading “Последните денови на Пратеникот Мухаммед а.с.”

Запознајте го малезискиот астронаут кој прв се молеше во вселената

Кога во 2007 година Малезискиот астронаут, Шеик Музафер Шукур (Muszaphar Shukoor), отпатува во вселената тој побара мислење од муслиманските научници за молитвата (намазот).

Continue reading “Запознајте го малезискиот астронаут кој прв се молеше во вселената”

Секој четврти жител на Земјата е муслиман

Според податоците од 1996 год. секој четврти жител на Земјата е муслиман, а тоа во бројки би изнесувало повеќе од 1.482.597.000 од вкупно5.777.940.000 луѓе на Земјата или 26%.

Continue reading “Секој четврти жител на Земјата е муслиман”

Муслиманите во Америка отворија нова клиника за бесплатно лекување на сиромашните граѓани

Се започна со разговор меѓу група муслимански лекари во областа Толедо, Охајо-САД кои се прашуваа истото: Што можеме повеќе да направиме?

По серијата разговори, лекарите муслимани иницираа она што е познато како клиника Халим, бесплатна клиника водена целосно од волонтери за да се обезбеди примарна нега на пациентите без осигурување
Во обид да им помогне на ранливите и неосигурените Американци, група муслимански лекари во Толедо, Охајо отвори нова клиника за да обезбедат бесплатна медицинска услуга за луѓето од сите вери, објави Толедо Блејд.
“Имавме средба и кажавме, во суштина:Треба да бараме можности за враќање кон нашата заедница, нашите соседи и оваа идеја за отпочнување на бесплатна клиника беше изведена”, вели д-р Сулејман Абави, лекар за итна медицина на Здравствениот центар на округот Фултон.

Сите ние чувствуваме желба да се вратиме и да сакаме да размислуваме повеќе од нас и од нашите семејства”, додаде тој.

Без физичка локација, лекарите најпрво им помогнале на најблиските бездомници потоа одржаа редовни клинички прегледи во Масџид ал-Ислам, џамија во Северен Толедо.
Подоцна еден ендокринолог, д-р Махмуд Муса, понуди простор во неговата канцеларија каде што ја отвори клиниката Халим.
Податоците за здравствената проценка на заедницата на Лукас покажуваат дека 6 проценти од жителите на округот се неосигурани – околу 25.000 луѓе.
“Ние знаеме колку е важно за нас здравјето”, рече Sabeen Sidiki, студент на втора година по медицина.
“Ако имате треска или висок крвен притисок или дијабетес, треба да се грижите за себе за да можете да одите на работа и да се грижите за вашето семејство … Ако го немате вашето здравје, немате ништо”.
Името на клиниката е инспирирано од концептот на солидарност, а меѓу наведените мисии е “да се обезбеди ефикасна, квалитетна грижа за пациентите со тоа што ќе се потпира на карактерот и великодушноста на пратеникот Мухамед како пример”.
Ние сме дел од оваа заедница како и сите други”, рече тој.

“Ние се грижиме за нашата заедница и се грижиме за нашите соседи. Кој е подобар начин да го докажеме тоа отколку да ги користиме нашите таленти, способности и образование за да им возвратиме? “
Ова не е прв пат муслиманите да обезбедат бесплатна медицинска помош за сиромашните Американци.
Во април 2018 година, муслиманите во Североисточна Филаделфија отворија бесплатна клиника за здравствена заштита за сиромашните.
Во Јужна Каролина, клиниката “Шифа” веќе долги години им ја обезбедува многу потребна медицинска помош на сиромашните.
Во јануари 2012 година, група муслимански доктори доброволно се пријавија за отворање на здравствената клиника Рахма за да обезбедат бесплатни медицински услуги за сиромашните жители во градот Сиракуза во Њујорк.
Претходно во 2011 година, Здружението на лекари од пакистанско потекло на Северна Америка воспостави бесплатна клиника за да обезбеди услуги за стоматолошки, офталмолошки, педијатриски и болнички услуги во Билал Џамијата на Универзитетот Св. Луис.
Друга клиника беше отворена од страна на Исламската фондација на Сент Луис, во партнерство со волонтери во медицината.

Секој петок ги возел бесплатно сега тие му подариле патување на аџилак

„Пари утре, денес е садака“. Со овие зборови возачот на минибус Абдулмеџид од Махачкала во Русија, ги пречекува своите патници во петок, кога му подаваат пари за превозот. Во видео за Радио Слободна Европа, тој вели дека ова го прави од љубов кон својот Бог, за кој верува дека многупати му помогнал, па решил да направи нешто добро за луѓето.

Инаку, според исламската вера, „садака“ значи милостина.

Токму за неговото добро дело, граѓаните решија да го наградат собирајќи пари за тој да може да оди на аџилак во Мека.

Целиот прилог, погледнете го во продолжение:

https://flashvideo.rferl.org/Videoroot/Pangeavideo/2018/01/2/2b/2bef4e51-cca5-4347-a478-824a8ca33202_fullhd.mp4?_=1

 

 

Забрзаната глобализација е предзнак на Судниот ден

Глобализација е поим кој се користи за да ги опише промените во општествата и светската економија како резултат на драматично зголемената трговија и културна размена. Во специфично економски контекст се однесува речиси исклучиво на ефектите на трговската либерализација, односно слободната трговија. Помеѓу 1910 и 1950, по серија на политички и економски проблеми и колапси значењето и интензитетот на трговската размена беа сведени на минимум. Во поствоениот период на Втората светска војна, светската економија зајакна и драматично се зголеми, и сето тоа со помош на меѓународни економски институции и програми. Во периодот на 70-тите години ефектите на оваа размена станаа се повеќе видливи, односно се забележуваа и позитивните страни и негативните страни.

Пратеникот Мухаммед алејхи селам ни кажал: Нема да настапи Судниот ден се додека не се појават искушенијата, се додека не почне лагата да се шири и додека чаршиите една со друга не почнат да се приближуваат. (Ахмед – сахих)

Со овој хадис Пратеникот а.с. укажал дека ќе дојде време кога раздалеченоста ќе биде многу приближена. Со тоа луѓето, населбите, трговските центри, чаршиите и пазарите, ќе се приближат едни на други иако претходно биле многу одалечени. Комуникацијата, телефонот, интернетот, транспортот со ефикасните превозни средства ќе направи центрите во кои се собираат луѓето за да купуваат бидат се поблиску.

Целиот свет денес станал едно глобално село и глобализацијата е поим со кои светот стана едно глобално село и каде физичката раздалеченост не станала проблем за комуникација помеѓу луѓето. Многу градови исто така се стопиле еден во друг и тоа е исто така навестено во овој зачудувачки хадис со кој е навестено ова наше време.

Користен дел од текстот на книгата: Предзнаци на Судниот ден- Шефик Курдиќ

ХОЛИВУД НИ ЈА ОДЗЕДЕ СРЕЌАТА ПА НЕ ДАВАЈТЕ И ВАМ ТОА ДА ВИ ГО НАПРАВАТ!

 

Гледам разорувања, смрт и уништувања кои му се случуваат на муслиманскиот свет, но забележувам и уште нешто: ТЕ ГЛЕДАМ ТЕБЕ, ЖЕНО МУСЛИМАНКО. Гледам дека убавината на муслиманките сјае и осветлува, иако тие се облечени едноставно и скромно. Не можам, а да не забележам дека скоро секоја муслиманка или носи дете во прегратки или е опкружена со нив…

Но вие не се истакнувате само по надворешната убавина. Забележувам кај себе нешто чудно: ви завидувам, о муслиманки. Се чуствувувам грозно поради страшните неволји и воени злочини низ кои поминуваат вашите народи, но не можам да не се восхитувам на вашата сила, убавина, скромност и што е најбитно на вашата среќа. Да, навистина е чудно, но јас сватив дека вие и покрај  сите несреќи, изгледате многу посреќни од нас. Зошто живеете со природен живот за која тежнее секоја жена.

Со живот кој го живееле жените отсекогаш уште од најстари времиња. Со животот кој и ние на Запад го живеевме се до 60-тите години, а тогаш не нападнаа заедничките непријатели. Само што ние не сме нападнати со вистинска муниција, туку со суптилни мамки и со рушење на нашиот морал…

ХОЛИВУД НИ ГИ РАЗОРИ СЕМЕЈСТВАТА, ПА НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ И ВАМ ТОА ДА ВИ ГО НАПРАВАТ!

Нас Американците не не нападнаа со борбени авиони ниту со оклопни возила, туку со делувањето на Холивуд. А откако ќе завршат со уништување на  инфраструктурата во вашите земји, тие ќе настојуваат да ве нападнат и вас на ист начин како и нас. Не сакам да ви се случи таа наша судбина. Ќе се чуствувате понижено, токму како ние. А вакво медиумско “бомбардирање“ можете да го избегнете доколку ги слушнете искуствата на оние  кои веќе трпат сериозни последици од нивното зло влијание.

Зошто се што доаѓа од Холивуд се само лаги, извртување на стварноста, димна маска. Тие настојуваат да го представат блудот како наивна  реакција и чин на опуштање затоа што сакаат да ги уништат моралните темели на општеството. Тоа е целта на нивната отровна работа. Ви советувам да не го пиете нивниот отров. Бидејќи после вкусувањето нема враќање назад. Нема серум кој може да помогне ниту противотров. Можете делумно да закрепнете, но нема повеќе да бидете исти. Затоа е најдобро во потполност да се пазите од отровот, отколку да ги залечувате штетите кој тој ги произведува.

Ќе се обидат да ве придобијат со заводливи филмови и музички спотови, лажно представувајќи не нас, американските жени, како среќни и исполнети, горди што се облекуваме како проститутки и задоволни во нашите семејства. Верувајте ми, повеќето од нас не се среќни. Милиони од нас користат лекови против депресија, ја мразат својата работа, и плачат ноќе поради мажите кои ни кажале дека не сакаат, а всушност само не искористиле и потоа си заминале.

Тие сакаат да ги уништат и  вашите семејства и да ве убедат да имате помалку деца. Ќе ви го прикажат бракот како облик на ропство и губиток на шанса за напредување во кариерата, мајчинството како проклетство, а скромноста и чедноста како застарена работа. Тие сакаат евтино да се продадете себеси и својата вера. Немојте на тоа да се согласите!

МУСЛИМАНКО, ТВОЈАТА МАРАМА Е ПОУБАВА ОД МОДНИТЕ ТРЕНДОВИ!

Муслиманки, ве гледам како вредни скапоцености, чисто злато, или бисери од голема вредност за кои се зборува во Библијата (Евангелије по Матеј, 13:45). Сите жени се бисери од голема вредност, но некои од нас се измамени и се сомневаат во вредноста на својата чистотија. Исус рекол: „Не давајте им го она што е свето на кучињата; ниту фрлајте ги своите бисери пред свињите, за да не ги изгазат со своите нозе, и да се завртат и да ве раскинат.” “ (Евангелије по Матеј, 7:6) Нашата вредност е непроценлива, но убедени сме дека сме евтина стока. Верувајте ми: ништо не може да го замени она чуство кога ќе се погледнете во огледало и ќе почуствувате чистина, невиност и самопочит…

Модните трендови кои доаѓаат од западната канализација сакаат да ве убедат дека сексуалноста е ваша единствена вредност. Но прекрасните фустани и марами се многу поубави од западната мода, бидејќи ве покриваат со вел на мистерија и покажуваат самопочит и самодоверба. Женската сексуалност треба да се крие од недостојните очи и да биде дар на човекот кој во толкава мера ве почитува и сака  со вас брак, бидејќи вашите мажи сеуште се мажествени воини, и го заслужуваат од вас она најубавото. Нашите мажи не сакаат повеќе скромност, тие не ги препознаваат бисерите, туку одбираат блескави каменчиња. Само на крај и нив ги фрлаат.

МУСЛИМАНКИ, ЗАШТО НЕ КОПИРАТЕ, А ВИЕ СТЕ ЧИСТИ БИСЕРИ…

Муслиманки, ваши скапоцености  се внатрешната убавина, невиноста и се она што ве прави токму такви какви што сте. Но гледам дека некои од вас ја преминуваат границата и се обидуваат да се “вестернизираат“, па дури оние меѓу вас кои носат марама. Се прашувам зашто ги имитирате жените кои се кајат или наскоро ќе се покајат поради својата изгубена чест?

За нивниот губиток нема надокнада, а вие сте недопрени дијаманти. Не давајте да ве измамат, па да бидете обични камења. Се што гледате во женските магазини и на западните ТВ-канали е ЛАГА. Тоа е ѓаволска измама…

СРЕЌАТА ЗА ЖЕНАТА Е САМО ВО БРАКОТ, А НЕ ВО ВОНБРАЧНИТЕ ОДНОСИ!

Ќе ви откријам една мала тајна, ако ве интересира: сексот пред брак воопшто не е убав. Ние нашите тела сме ги подале на мажи кои сме ги сакале и сме мислеле дека тие поради тоа ќе не засакаат и ќе сакаат да се оженат со нас. Токму како што сме гледале на ТВ. Но тоа воопшто не е убаво, без сигурноста на бракот и без спознанието дека тој ќе остане со вас! Во тоа е иронијата. Само ви остануваат солзи. Ви говорам како жена на жена и верувам дека тоа веќе го знаете. Затоа што само жена може да го  разбере она што се крие во срцето на друга жена.

Ние сме навистина слични. Нашата боја на  кожа, религијата или националноста овде не се битни, бидејќи женското срце е насекаде исто. Ние сакаме. Тоа е она што најдобро го работиме. Ние ги негуваме нашите семејства и им пружаме сила и утеха на мажите кои ги сакаме. Нас, американските жени, не измамија да веруваме дека сме посреќни ако бркаме кариера, ако живееме сами и имаме слобода да даваме љубов на кого и да посакаме.

ТОА НЕ Е СЛОБОДА! ТОА НЕ Е НИ ЉУБОВ! САМО ВО БРАКОТ ЖЕНАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОЧУСТВУВА ДОВОЛНО СИГУРНА ДА САКА!

Немојте да се согласувате на ништо друго! Верувајте дека не е вредно. Нема да ви се допадне и уште помалку ќе се допаѓате на самите себе. И на крај ќе бидете оставени…

МУСЛИМАНКАТА НЕ Е ПОНИЖЕНА, ТУКУ Е ПОНИЖЕНА ЗАПАДНАТА ЖЕНА!

Гревот никогаш не ни се исплати и секогаш не изневерува. Иако сум го сочувала својот образ низ брак, никој не може да ми го надокнади предбрачното губење на честа. На жените од Запад медиумите настојуваат да им го исперат мозокот велејќи им демек жените муслиманки се угнетувани. Но вистината е дека ние сме тие кои сме угнетувани; ние сме робови на модата која не понижува, опседнати со надворешниот изглед и тежина; молиме за љубов мажи кои не сакаат да станат возрасни. Длабоко во нас знаеме дека сме изиграни. Ние потајно ви се восхитуваме и ви завидуваме, иако тоа некои од нас не сакаат да го признаат. Ве молам да не не гледате со омраза и не мислете дека сме задоволни со она што ни се случува. Тоа не е наша вина.

Многу од нас немале татковци да не заштитат кога сме биле млади, бидејќи нашите семејства се разорени. Знаете и сами кој стои зад тоа. Не дозволувајте да ве измамат, драги сестри. Останете чисти и скромни. Ние, жените христијанки, треба да сватиме во што е среќата за жената. Треба да ни бидете пример, бидејќи сме изгубени.

Држете до својата чистотија. Се надевам дека овој совет ќе го разберете на начин како што сакав: во духот на пријателство, почитување и восхит.

 

Со љубов од вашата сестра христијанка

 

7. март  2007. Џоана Францис – писател и новинар од  САД

Според еден христијански теолог Исус не бил распнат на крст!

Гунар Самуелсон од универзитетот во Гетебург, смета дека легендата за неговото погубување повеќе се базира на традициите на христијанската црква и уметничките илустрации, отколку на автентични антички текстови. Тој вели дека Библијата е погрешно протолкувана бидејќи никаде директно не се спомнува употребата на шајки или распетие, само тоа дека Исус носел “стаурус”, што во исто време може да значи и стап.

“Проблем е тоа што во античката литература не постојат описи на распетија. Изворите кои би очекувале да го поткрепат општоприфатеното сфаќање на настанот, всушност не кажуваат ништо за тој момент”, Самуелсон ја објаснува својата теза, изнесена во 400 страници.

Древната грчка, латинска и хебрејска литератира од Хомер до првиот век од новата ера, опишуваат палета од казни, но никаде не се спомнуваат крстови или распетија. Освен тоа, ни Новиот Завет не открива онолку, колку што ние би сакале да веруваме, нагласува теологот.

Доказите дека Исус бил оставен да умре прикован на крст се изненадувачко ретки, и во древната претхристијанска и небиблиска литература, но и во самата Света Книга. Самуелсон, кој и самиот е посветен христијанин, тврди дека текстовите посветени на погубувањето, не опишуваат како Христос бил прикачен на “направата за егзекуција”.

“Тоа е срцето на проблемот. Писанијата не се толку прецизни и полни со информации, како што ние христијаните би сакале да бидат. Постојат пишани докази за постоењето на Исус. Јас лично верувам дека споменатиот човек  е „божји син“. Мојата намера не е да ги убедам христијаните да се сомневаат во библиските текстови, туку да ги читаат такви какви што се а не какви што мислат дека се. Да не читаат меѓу редови. Содржината на Библијата е сосема доволна, нема потреба да додаваме нешто”, резимира тој.

 

Превземено од http://on.net.mk/zhivot/isus-ne-bil-raspnat-na-krst

ДЕСНИЧАРСКИ НАЦИОНАЛ-ШОВИНИЗАМ vs. ЛЕВИЧАРСКИ РАДИКАЛЕН АТЕИЗАМ

 

Таман излеговме од една крајност (национал-шовинизмот на ДПМНЕ) и си мислиш ‘добро е, куртуливме’, ете ти на повидок друг екстрем, левичарскиот радикален атеизам, додуша за разлика од национал-шовинизмот кој доаѓаше директно од врхушката на ДПМНЕ, левичарскиот радикален атеизам доаѓа од сателитите кои движат околу СДСМ, та се СДСМ – та не се СДСМ, та се за слобода – та не се за слобода.
Тие би да има слобода на говор, ама да биде ограничена кога на пример, ќе си го искажеш ставот за хомосексуалците, тогаш да не биде слобода на говор туку говор на омраза и хомофобија.
Тие би да има демократија, ама да не можеш ти да се облечеш како сакаш (на пр: ако носиш шамија тогаш си заостанат, не си интегриран итн.).
Демократијата за нив да ти била тие да те отераат у три лепе, а ти да си имал право да идеш каде сакаш, да простите. 🙂
Морам и оџата да го вклучам на кратко, го прашале оџата ‘што е тоа демократија’,а овој им рекол: “Демократија ти е кога јас ќе се качам на минарето (тоа ракетата што е на џамиите) и ќе ве помочам сите одозгора, а и вие имате право одоздола да ме помочате.”

Од друга страна, национал-шовинистиве на ДПМНЕ, полицемерни од било кога, де ги бранат муслиманите – де ги напаѓаат, до вчера СДСМ го навредувале исламот – денеска кога осамна веста дека во градинка во Чаир децата ги учеле на основните вредности на религијата, излегуваат со вест дека Мухамед Зекири со СДСМ сакале калифат да ја напраат Македонија.
Драги Вмровци договорете се побрзо што сакаат, пошто избори се ближат. 😉

И цела галама за градинка во Чаир, во која родителите, воглавно верници од исламска вероисповест ги праќаат своите деца, доброволно бидејќи сакаат нивните деца да ги усмерат на пат на кој тие мислат дека е добар и исправен за нив, и тука нема апсолутно ништо спорно.

А бидејќи јас, како поединец со име и презиме од почетокот на процесот на девмроизација со сите расположиви средства колку бев во можност се борев против злосторничкото здружение на Дпмне, изложен на критики од двете страни, од едните дека долга е раката на ВМРО и да сум се смирел бидејќи татко ми бил вработен и слично, а од другите дека јас со брада не треба многу да се мешам во политика, денеска апелирам до СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија и премиерот Zoran Zaev да си ги смири овие сателити кои само зло му носат и ги кочат реформите, или преку партиско соопштение да се огради од таквите структури.

Ова можеби нема да допре до СДСМ како што Илија Димовски допира до Албанците, ама јас да ја искористам можноста да си кажам, да не речат дека не знаеле. 🙂

Аделаид Каришиќ.

Влијание на турските серии врз правилното разбирање на исламските прописи

Чукањето во дрво, на пример, го практикуваат многу народи на Балканот,но незнаат од каде овој обичај влече корени. Знаат дека е од Османлиско подрачје, но бидејќи тие се муслимани, сигурно мислат дека е муслимански обичај. Уште кога ќе видат како Мустафа, Хајрије, Алија, Омер, Фатима по цел ден чукаат во дрво, тогаш тоа е така дефинитивно.

Меѓутоа, чукањето во дрво е пагански начин да се смиран демоните во куќата, и спрема нивните обичаи,со чукањето се става до знаење дека се смета на нивната милост и смиреност.

Во последните година дена на муслиманите од Балканот, и млади и стари, повеќе не им е непријатно што родителите им дале име Мерјем, Фатима, Омер или Ахмед. Па дури и зависно од карактерите и “величините“ на овие ликови во турските серии, така расте и нивното достоинство. Вистина,многу е поубаво кога листајќи ги ТВ каналите ќе чуеме “СубханАллах, МашАллах, Ја Рабби“ отколку мисите на мексичките свештеници кои после 50 години служба ќе откријат дека имаат 5 синови и 7 ќерки, кои за пола од нив не знаеле, а пола се веќе мртви. Балканците, посебно постарите, иако тешко го признаваат тоа сепак се одушевени од фактот дека конечно во светот се пласира нешто “наше“. Па уште кога ќе се учи езан, па кога бегот ќе каже “мерхаба“ или “Селам“,им се полни срцето. Па измислуваме разни изговори како би го оправдале гледањето на турските серии, па некој вели “јас ги гледам исклучиво заради турцизмите“, други велат “јас гледам исклучиво зарадите природните убавини на Турција“, а знаеме и да кажеме “Нека е муслиманско па макар….“

Ова третото е меч со две острици. Проблемот е тоа што одредени постапки на овие ликови и нивните обичаи се ставени во религиска рамка,во овој случај во рамки на Исламот. Во овие серии често ќе видиме постапки како чукање во дрво, истурање на вода, по некој кој ќе тргне на пат, испит и сл, а и многу често ќе видиме постапки во вид на магии, но не „зли“ магии, туку магии на пр. : мајка да си го спаси синот од лошата снаа, таа и мрмори нешто на некакви хартии и и става во постела и тоа што е посебно опасно кај овие постапки е што сите почнуваат со “Во името на Аллах“.

Истерување на лошите духови

Оние кои барем малку ја познаваат нашата вера веќе знаат што и припаѓа на религијата, а што на традицијата. Меѓутоа, бидејќи малку кој тоа го знае, тоа е уште еден опасен проблем. Во последно време,на Балканот се повеќе се зборува за некој традиционален балкански(босански,македонски,албански…) Ислам, кој често ги исфрла шеријатските правила и воведува свои. Е во тој традиционален ислам, гледањето во шоља од кафе, во грав, чукањето под маса, врзувањето на ремените и тресење низ прозор после сабах намаз(утринска молитва) е исто така составен дел од Исламот. И ако е ова традиција и национално наследство на една држава, религија или народ, ако во него лежи ширк(паганизам-многубоштво) , како во горенаведеното, тогаш тоа не смее да се практикува во никаков случај и во никаков случај да не се вметнува како религиски обред на една вера како што е Исламот. Меѓутоа ретко кој го знае овој факт. Чукањето во дрво, на пример, го практикуваат многу народи на Балканот, но не знаат од каде овој обичај влече корени. Знаат дека е од Османлиско подрачје, а бидејќи тие се муслимани, сигурно е муслимански обичај. Чукањето во дрво е присутно кај многу народии и религии,некои дури и сметаат дека со тоа се оддава почит на духот кој живее во дрвото. Од оваа постапка јасно се гледа дека тоа е ширк. На муслиманите им е забрането да се молат или да стравуваат од било што друго освен од Возвишениот Аллах: „Навистина ширкот е најголема неправда“.(Лукман, 13)

Исто така ритуалот за истерување на стравот и правење “добротворни магии“ се исто така многу присутни во турските серии и балканската традиција, која исто така се граничи со религијата. Сето тоа изгледа наивно бидејќи тргнува со бисмиллах(Во името на Аллах),а неретко се учат одредени сури и ајети при овие постапки.

После ручекот следува кафе, а после кафето и гледањето во шоља. Ова се врти секојдневно скоро на сите ТВ програми. И ова е исто така долги години присутно на балканот, и тоа полека почнува да се “вметнува“ во религиски рамки. Велат: “Ајде, ако Господ дае,да ми видиш нешто убаво и добро“ , а комшивката што гата одговара со: “Амин“. А гледањето во шоља кафе е обичај кој првобитно потекнува од Кина, уште во древното минато. Еден ден гледање во грав, вториот ден во шоља, па ако се отркие нешто лошо тогаш ајде да се избрка стравот.

Ритуалот за истерување на стравот(со кој пак се бара заштита во нешто друго покрај Возвишениот Аллах) во други земји е класично гатање. Ритуалот прво се прави со вода, па се уфрла олово во водата,и се чита судбината. Ова не е ништо друго освен ширк! (Познато како „Солевање на страва“)

Среќа од оџак

Ова е исто така присутен обичај кој во себе носи верување дека и нешто друго освен Аллах носи среќа. Овој обичај не е толку чест како гореспоменатите, но е сепак присутен,најчесто кај децата. Обичајот е следен: Кога некој ќе здогледа оџачар,одма брзо се фаќа за копче. Личноста која прва ќе го здогледа оџачарот кажува на некој друг и потоа посакува желба, со уверување дека истата ќе се исполни. Потеклото на овој обичај е од Австрија. Во време на опсадата на Виена од страна на Османлиите, еден австриски оџачар додека ја извршувал својата работа на кровот,видел како се приближуваат турски војски. Веднаш ја известил владата, и спречена е опсадата на градот. Ова дури и можеме да го сретнеме во турските серии. Она што е можеби највпечатливо е присуството на жените на погреб. Машките клањаат, а жените врескаат,плачат, проколнуваат(бидејќи мртвиот е најчесто убиен, па жените го проколнуваат убиецот на најлош можен начин). Присутно е и тота лно неправилно покривање на жените кога ќе одат во џамија, марама ја ставаат само на вратот, одат во кратки сукњи и тесни пантолони. Тоа станува се повеќе прифатено. Кога ќе ги согледаме сите овие факти, сето тоа уствари се сведува на ширк и неправилен однос кон верата.

Вистина е, има и некои серии кои се повеќе од документарен карактер и кои говорат за покорноста кон Возвишениот Аллах, за вредностите на намазот, како и за последиците од непрактикувањето на основните исламски должности, но постојат многу начини за да се информира човек, од гледање серии кои ако не содржат ширк, тогаш тие содржат некои новотарии кои не се забележани во праксата на Пратеникот,с.а.в.с., и во праксата на првата генерација. Навистина би било страшно да се поверува дека е исламски врзувањето на ремените еден за друг и мафтање со нив додека не изгрее сонцето,мрморејќи некои неразбирливи зборови и притоа да се верува дека благодарение на тој обред, ќерката ќе најде добар човек за мажење.

Турските серии имаат и некои обичаи на кои не може да им се најде потеклото. Еден од нив е и истурањето на вода позади трагите на личноста која ќе тргне на важен пат, испит и слично. Со таа постапка се посакува личноста да појде и да дојде како што тече водата. Овие обичаи кај нас спаѓаат во доменот на “бабини приказни“ кои ги има,за жал премногу. Но тука наидуваме на уште еден сериозен проблем. Во тие “бабини приказни“ понекогаш може да залута и по некој хадис. Така да, кога на личност која сето ова го смета за празноверие и кажете дека кога ќе настапи акшам треба да влезе дома, тој ви одговара со: “Тоа се бабини приказни“. Нормално,зборуваме за оние кои не ја практикуваат верата како треба. Но и на оние кои знаат по малку за верата,вакви работи можат да им “поминат“ . А јасно стои: Бухарија,Муслим,Несаија и Ибн Маџе од Џабир б. Абдулах бележат дека Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, рекол:

“Кога ќе настапи првиот акшам, децата свои внесете ги дома, бидејќи шејтаните се движат во тоа време. А кога ќе помине тој период можете да ги пуштите надвор. Кога сакате да спиете,заклучете ја вратата и учете Бисмиллах,бидејќи на тој начин шејтаните не можат да ја отворат затворената врата, покријте ги вашите садови со Бисмиллах и угаснете ги светлата“.

Поради создавањето на обичаи кои не се втемелени во исламот, кои во себе носат примеси на ширк и се врзуваат со исламот, бидејќи муслиманите се повеќе ги практицираат, почнувајќи ги таквите дела со Бисмиллах или дури со некои ајети, се случуваат вакви работи, хадисите да се сметаат како празноверие.

И за жал поради честото изговарање на СубханАллах изговорено од Мустафа од таа и таа серија,се крие нешто многу поопасно за муслиманите. А блудните работи на таканаречените Аиша или Фатима од тие серии, направен “од љубов“, полека станува халал, ех,тоа е веќе некоја нова тема.

Превземено од Акос.ба/сафф

Муслиманите ќе имаат 15 минути подолга пауза од другите религии

По неколку месеци протести, работниците кои работат за компанија SIS која работи за Амазон конечно го добија она за кое што се бореа во изминатиов период.

Сите муслимани кои се вработени во Амазон со полно работно време веќе: право да се молат за време на денот во одредени периоди во специјални простории само за нив.

 

Досега овие луѓе мораа да се молат во гаражи и други места надвор кампусот истите се пожалија дека некои од менаџерите, им се заканува ако тие се излезени од своето работно место повеќе од 15 до 30 минути поради религиозни причини.

Компанијата SIS која директно соработува со Амазон брои од 500 до 800 муслимани вработени и истите ќе можат да ги користат просториите за молење на Амазон кои функционираат од претходната година за сите вработени со полно работно време во гигантот Амазон.

Реакција на шејх Јусуф Естес по повод „Античката библија“ откриена во Турција

Низ медиумите во поглед на новопронајденетиот „спис“ е објавен текст со следна содржина:

„Во една верзија од евангелието , кажано е дека тој му вели на свештеникот: „Како ќе се вика Месијата? Мухаммед е неговото благословено име, а во друго, Исус негира дека е Месија, и твди дека тој или таа треба да е Ишмаелит, термин користен за арапи“, тој додал.(Агенции)

Јусуф Естес[1] одржал говор кој се однесува за таканаречена „древна библија“ која докажува дека Мухаммед е Месијата- а се наоѓа во Турција, итн, итн..

Во името на Аллах Милостивиот Сомилосниот , нека е салават и селам на Мухамемд саллалалху алејхи ве селем…

Тоа што го наоѓаме во овие ограничени стихови што ги имаме добиено од страна на медиумите нема сомнеж дека ова е фабрикувано – целта е дискредитирање на Исламот и муслиманите.

Планот е како изгледа да сите муслимани се возбудат , да сето ова го промовираат по Фејсбук и разни форуми, за едино да добијат одговор од некои „експерти“ кои ќе докажат дека целава работа е невистинита и фалсикувана. Ова ја разорува вистинската „дава“(повик) на исламот, ги прави муслиманите да изгледаат „глупаво“ и во очите на младината уште повеќе да предизвика оддалечување од Аллах.

Да дадам краток осврт на тоа што е досега собрано и верифицирано, иншаАллах:

Да започнам, приметете дека тврдењето -„Месијата“ ќе се вика Мухаммед (нека е Божји мир врз него)?

Ова е проблем.

Куранот јасно кажува дека Исус е Месијата (што значи „помазаник“, преведено од старогрчки како„христос“ и на англиски(македонски) како „христос“ .)- (повеќе на овој линк)

Мухаммед , нека е Божјиот мир врз него, од страна на Аллах во Куранот се нарекува „Ресул“(Пратеник) а не Месија.

Следна поента – кажува, „Мухаммед е неговото благословено име..“

Повторно ова му контрира на Куранот. Јасно е дека во поглавјето Ес Сафф, стих 6-ти, Аллах вели дека Исус а.с. кажал „Хува исмаху Ахмед“( Неговото име ќе биде Ахмед), но не и Мухаммед.

Ова е различна форма на неговото име , и едно од имињата за кое се сложуваме .

Како и да е погрешно е- бидејќи Аллах не кажал дека Исус ќе го користи името „Мухаммед“.

Следна поента: „Исус негирал дека е Месија???“

Сите муслимани знаат дека Иса а.с. бил и е – Месијата на Аллах.

Така е наречен во Куранот.

Друга поента„..ќе тврди дека тој или таа..“

Од кога било која од прифатените списи содржи референца за пратеникот или гласникот на Аллах?(никогаш)

„Месијата“ од Стариот Завет се однесува на машко бебе родено од девица на Хебрејски и зборот е во машки род, а не женски.

Па како би можело пророштвото во Стариот завет, пророштвото во Новиот завет, и исполнувањето на Последниот Завет(Куранот), сите да бидат погрешни во поглед на полот на „Месијата“?

Зарем преведувачите незнаеле Арапски, хебрејски, Арамејски јазици?

Значи воопшто не бил доведен под прашање полот на „Месијата“

Само еден стих укажува дека некој се играл со списите, затоа што неможет истите да содржат толку очигледна контрадикторност.

Книгата неможе сериозно да се смета некое античко откритие, освен како антички отпад.

 

Шејх Јусуф Естес

Islamnewsroom

 

За ваша информација, шејхот Јусуф Естес овие денови по покана на исламската заедница во Нови Пазар, Санџак, Србија се наоѓа во четиридневна посета (10.05-14.05.2017 каде ќе одржи неколку предавања во Новопазарскиот факултет.