Посебностите на исламската цивилизација

 

Често причина на западните предрасуди кон исламот е производ на неразбирањето на исламскиот поглед на животот. Затоа е потребно да се потсети на посебностите на исламската цивилизација која ја одделуваат и истакнуваат над сите останати, и тоа во склоп на говорот за заборавениот муслимански допринос во науката:

Исламската цивилизација е заснована на монотеизам – тевхид

Исламската цивилизација е заснована на чист монотеизам, и е прва глобална цивилизација која го прокламира едноштвото на Бог кој нема придружник во Своето управување. Тој е Единствен кој се обожува и на Кого се обраќа: „Само Тебе те обожуваме и само од Тебе помош бараме“. Тој е Оној Кој издигнува и покорува, Кој дава и пружа, и нема ништо на набесата ниту на Земјата, а да не му е подредено Нему и да не му е Нему достапно. Ваквото длабоко поимање на монотеизмот имало големо влијание на изградбата на човекот и ослободување на народите од неправдата на владетелите, благородниците, и влијателните луѓе и свештенството. Тоа, исто така, имало влијание на исправувањето на односите помеѓу власта и народот, и на насочување на луѓето кон единствениот Бог кој создал се, Господарот на сите светови.

Овие убедувања оставиле длабока трага на исламската цивилизација, и по нив таа се одликува над сите предходни и наредни цивилизации затоа што во своето учење не содржи било каков вид на политеизам (ширк), неговите обичаи, владеење, уметност и книжевност. Ова е тајната зошто исламската култура го свртела грбот на преводот на „Илјадата“ и на грчката идолопоклонска поезија и зошто исламската култура не придава внимание на скулптурството и сликарството. Спротивно на тоа, таа обрнува внимание на уметноста на резбарењето и украсувањето на зградите. Оваа специфичност (верувањето во еден и единствен Бог) ги обележила сите темели и системи на исламската цивилизација, како што се специфичноста на нејзината мисија, законодавството, општите цели, општото човечко постоење, животните сретства и начинот на размислување.

Харвард изложи курански ајет на влезот на својата библиотека

Бостон (САД): Правниот факултет на Харвард, една од најпрестижните институции од ваков вид во светот, изложи ајет(стих) од Светиот Куран на влезот на својата факултетска библиотека.

Continue reading “Харвард изложи курански ајет на влезот на својата библиотека”

Имам Шафија – Велкан на Исламот

Имам Шафија е роден во Газа, светата Палестинска земја 150. година по Хиџра. Истата година кога умре имам Ебу Ханифе.,р.а. Се пресели на Ахирет 204. х. Година во Египет.

Continue reading “Имам Шафија – Велкан на Исламот”

Пратениците се браќа

Сите пратеници се браќа и нив Аллах ги испратил за дса на луѓете им укажат на вистинскиот пат и за да ги изведат од темнина на светлина. Заради тоа Аллах го сторил верувањето во нив како услов и темел на иман.

Continue reading “Пратениците се браќа”

Имам Малик- Великан на Исламот

Имам Малик беше достоинствен и скромен во дуњалукот / овој свет. Не одеше во дворците на владарите,ниту одеше да ги подучува, туку истакнуваше дека и тие мораат да дојдат кај него за да учат како и останатиот свет. Султанот во една прилика го казни и го измачуваше поради една фетва која ја изрече, а која што се спротиставуваше на неговото мислење. Таа случка кај луѓето уште повеќе му го подигна местото и угледот, кој од ден во ден се повеќе се наголемуваа.

Continue reading “Имам Малик- Великан на Исламот”

Почетокот на Објавата

Кога Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селем, наполнил 40 години, а тоа било во 610 година по Иса, алејхи селам, Аллах го избрал за пратеништво.

Continue reading “Почетокот на Објавата”

Создавањето на природата како Божји знак

Фала му на Алах кога е така, затоа што само Неговата моќ и сеопфатност можат да ги следат сите случувања, движења и егзистенции во космосот и на Земјата. За доброто на човекот, сите овие благослови се: „Тој го создаде за вас сè што постои на Земјата …“ (Ел-Бекаре, 29)

Continue reading “Создавањето на природата како Божји знак”

Телесни болести и нивно лечење

Ако би почнале да го споменуваме Куранот како лек за болестите на органите, нашиот говор во голема мера ќе се издолжи. Но, сепак ќе спомнеме некои примери. Постојат голем број на разни болести (психички и физички), на кои шејтанот има голем удел, поради своето арбитрарно и диктаторско однесување во нашиот крвотокот. Рекол Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селлем: „Навистина, шејтанот поминува низ синовите Адемови со кружење на крвта низ човечките вени, па задржете го шејтанот со глад(пост).“

Continue reading “Телесни болести и нивно лечење”

Како до доброволно покривање на вашата ќерка

Навистина убаво рекол некој во една арапска изрека: „На нас е да на своите деца од мали нозе им всадуваме добри идеи, бидејќи идејата со текот на времето станува желба, желбата со текот на времето станува дело, а делото со време станува навика која ќе му користи на нашето дете низ целиот негов живот
Continue reading “Како до доброволно покривање на вашата ќерка”

Предизвик со кој мора да се соочат муслиманите за време на Пандемијата

Пред да започнеме со некои детали, првин би сакале да предупредиме:

– Пандемиите се дел од животот, ова е нешто за што Семоќниот нè информира и нè предупредува, така што кога сме погодени, се потсетуваме дека Бог ги контролира сите наши работи и дека не е се во наши раце. После завршувањето на ситуацијата, ако резултатот биде позитивен и добар, човекот треба да му заблагодари на Семоќниот. Ако настанот имал негативен исход, личноста е трпелива затоа што знае дека и за тоа ќе има награда на другиот свет.

Continue reading “Предизвик со кој мора да се соочат муслиманите за време на Пандемијата”

Исламско банкарство- излез од секоја економска криза

Исламското банкарство претставува дел од исламската економија.

Continue reading “Исламско банкарство- излез од секоја економска криза”

Фермани кои кажуваат како се прифаќал исламот за време на Османската империја

Солун: “Околу 14 јуни 1554 година по улиците шетаат еден Евреин со чалма кој што беше го прифатил исламот. Зад него врвеа мнозина, а пред него одеше еден турски хоџа кој што извикуваше дека ова лице го нашол вистинскиот пат(ислам) и станал смирен муслиман. На овие негови зборови, другите одговарале: „Аллах, Аллах“. (Од дневникот на Ханс Дернсхвам)

Continue reading “Фермани кои кажуваат како се прифаќал исламот за време на Османската империја”

Невидлива преграда

Средба на Атлантикот и Индискиот Океан …

Continue reading “Невидлива преграда”

Корисниот збор и дијалог на кој не учел Мухаммед

На самиот почеток на својата мисија, Мухамед ја создаде потребната почва, каде исламските принципи, правдата и вистинската човечка љубезност успеаа слободно да цветаат. Со други зборови, создаде таква околина каде што луѓето почнаа своето животно искуство, стекнато од исламот, да го применуваат во реалност. Така, тие беа убедени во логиката на времето во кое живееја, и во моќта на идеите проповедани од исламот, преку предавањата и дијалогот.

Continue reading “Корисниот збор и дијалог на кој не учел Мухаммед”

Халал издршка

Севишниот Аллах кој што на најубав начин го има создадено човекот, му ги има обезбедено сите потребни материјали за издршка како и сета духовна храна. Во светата книга Куран  за тоа пишува :„Тој ви даде се што вие побаравте. Ако почнете да ги набројувате сите благодети на Аллах нема да можете да ги наброите сите.“ Ризкот –издршкатата е делот од сите благодети на овој свет а кој што му припаѓа на секој човек. Тоа е доброто кое му следува на секое живо суштество од страна на Аллах и гаранција за продолжување на нивниот материјален и духовен свет.

Continue reading “Халал издршка”