Пратениците се браќа

Сите пратеници се браќа и нив Аллах ги испратил за дса на луѓете им укажат на вистинскиот пат и за да ги изведат од темнина на светлина. Заради тоа Аллах го сторил верувањето во нив како услов и темел на иман.

Continue reading “Пратениците се браќа”

Некои од точките на Мединскиот устав

Првиот официјален Устав на муслиманите. Ова е документот на Веровесникот Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селем, составен помеѓу муслиманите Курејшии и Јесриб(Медина) и оние кои ги следат и се приклучат да се борат со нив.

Continue reading “Некои од точките на Мединскиот устав”

Почетокот на Објавата

Кога Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селем, наполнил 40 години, а тоа било во 610 година по Иса, алејхи селам, Аллах го избрал за пратеништво.

Continue reading “Почетокот на Објавата”

Се тестира првиот турски летечки автомобил

Првиот домашен летечки автомобил на Турција, Џезери, го заврши својот прв успешен тест лет, објави доцна во вторникот лидерот на воздушната програма Бајкар.

Continue reading “Се тестира првиот турски летечки автомобил”

Ѓумбирот како лек

Ѓумбирот е спомнат во Куранот:

„ И во него ќе пијат чаши со ѓумбир“,

„Во него од чаша пијалак зачинет со ѓумбир ќе се пие од извор во џеннетот, кој Селсебил се вика.“ 

Continue reading “Ѓумбирот како лек”

Фермани кои кажуваат како се прифаќал исламот за време на Османската империја

Солун: “Околу 14 јуни 1554 година по улиците шетаат еден Евреин со чалма кој што беше го прифатил исламот. Зад него врвеа мнозина, а пред него одеше еден турски хоџа кој што извикуваше дека ова лице го нашол вистинскиот пат(ислам) и станал смирен муслиман. На овие негови зборови, другите одговарале: „Аллах, Аллах“. (Од дневникот на Ханс Дернсхвам)

Continue reading “Фермани кои кажуваат како се прифаќал исламот за време на Османската империја”

Невидлива преграда

Средба на Атлантикот и Индискиот Океан …

Continue reading “Невидлива преграда”

Жан Клод Ван Дам повикува да се следи Пратеникот Мухаммед и неговите совети за здрав живот

Актерот кој е експерт во боречки вештини и познат Холивудски актор беше запрашан за здравата храна. Тој го посочи примерот на Мухаммед алејхи селам и рече дека истиот треба да се следи:

Continue reading “Жан Клод Ван Дам повикува да се следи Пратеникот Мухаммед и неговите совети за здрав живот”

Аллаховите пратеници и нивната мисија на Земјата

Аллах не го оставил човекот сам на светот, туку му испратил Пратеници.

Continue reading “Аллаховите пратеници и нивната мисија на Земјата”

Човековиот развој и мисија на земјата

Човекот е заменик на земјата (калифа) на кој му е доверена чесната задача да ја насели земјата во согласност со божественото водство што му е дадено.

Continue reading “Човековиот развој и мисија на земјата”

Вистинското разбирање на ранохристијанскиот период

Раниот почеток на секоја светска религија предизвикува интерес и за истражувачите и за верниците. Тоа е причината зошто во денешно време може да забележиме многу истражувања за она што било во времето на Буда, Исус и Мухаммед.

Continue reading “Вистинското разбирање на ранохристијанскиот период”

Јеховини сведоци го објаснуваат потеклото на крстот

Иако многумина христијани веруваат дека крстот е нивниот симбол во кој треба да веруваат, многу христијански истражувачи не се сложуваат со таквите ставови.

Continue reading “Јеховини сведоци го објаснуваат потеклото на крстот”

Вистинската религија

Автор: Билал Филипс                                                 

Кој е Билал Филипс?!

Билал Филипс доаѓа од семејство на едуцирани родители кои биле професори, додека дедо му бил познат библиски истражувач и свештеник. Роден е во Кингстом, Јамајка 1947 година. Потоа неговите се селат во Канада .Во 1972 го прифаќа Исламот. Дипломира во Медина, а магистрира Акида (исламско верување) во Ријад. Си го завршува својот докторат во Велс , Англија.

Го формира првиот онлајн Универзитет, и моментално нуди бесплатен програм на курсеви од Катар.

Негови попознати дела се:

Вистинската порака на Исус Христос,

 Основите на монетеизмот,

Целта на создавањето,

Исламски студии   и др.

Прв дел

     Исламската религија

     Првата работа што секој заинтересиран би требало да ја знае за Исламот е значењето на зборот “Ислам”. Исламската религија не е именувана според некоја личност, како на пример Христијанството, кое што е именувано според Исус Христос, Будизмот според Готама Буда, Конфучиенизмот според Конфучие или пак Марксизмот според Карл Маркс. Ниту пак е именувана според некое племе, како Јудаизмот според племето Јуда или Хиндуизмот според Хиндусите. Исламот е вистинска религија од Аллах (Единствен Бог), и како таков, неговото име ни го претставува централниот принцип на Аллаховата “Божјата” религија: целосно потчинување на сопствената волја кон Аллах (Бог). Арапскиот збор “Ислам” значи покорност или потчинување на човековата волја кон единствениот вистински Бог заслужен за обожување – “Аллах”, и секој кој работи според овие принципи се именува како “Муслиман”. Овој збор исто така значи и “мир”, којшто е и природна последица на целосното потчинување на волјата кон Аллах. Значи, Исламот не е нова религија донесена од пратеникот Мухаммед мир над него во Арабија во седмиот век, туку вистинската религија на Аллах изразена во нејзината крајна форма.

Исламот е религијата која му беше дадена на Адам, првиот човек и првиот пратеник на Аллах, а исто така била и религија на сите пратеници пратени од Аллах на човековиот род. Името на Божјата религија, Ислам, не беше донесено од подоцнежните човечки генерации. Тоа беше избрано од самиот Аллах, и јасно истакнато во Неговото последно откровение кон  човештвото. Во последната книга на Боженственото откровение, Кур’анот, Аллах го изјавува следното:                          

     “Денес ви ја надополнив верата ваша и го исполнив благодатот Мој кон вас, и задоволен сум Исламот да ви биде вера.” Кур’ан 5:3                                                                                                                          

     “На оној кој сака друга вера освен Послушноста (Исламот) – нема да му се прими.” Кур’ан 3:85                      

     “Ибрахим (Авраам) не беше ни Евреин ни христијанин, туку беше чист и Послушен (муслиман).” Кур’ан 3:67

     Никаде во Библијата нема да наидете на пасус во кој Аллах им вели на луѓето на пророкот Мојсеј, или на неговите наследници, дека нивната религија е Јудаизмот, ниту пак на следбениците на Христос дека нивната религија е Христијанството. Всушност, “Христос” не е ни негово име, а ниту пак било Исус. Името “Христос” доаѓа од грчкиот збор “Христос”, што значи “закажаниот”. Односно, “Христос” е грчки превод од Еврејскиот наслов “Месиах”. Од друга страна, пак, името “Исус” е латинизирана верзија од Еврејското име “Исау” (Есау). Заради полесно разбирање, ќе продолжам да го именувам пророкот Исау м.н.н. како Исус. Што се однесува до неговата религија, тоа е она на што ги повикуваше своите следбеници. Како и пратениците пред него, тој ги повикуваше луѓето да ја покоруваат нивната волја кон волјата на Аллах, и ги предупредил да останат подалеку од лажните богови на човечката имагинација.

Според Новиот Завет, тој ги подучуваше неговите следбеници да се молат на следниов начин:                         

     “Вашето ќе биде направено на земјата како што е на Небото.”

     Пораката на Исламот                                                     

     Бидејќи потполната покорност на човековата волја кон Аллах ја претставува главнината во суштинското обожување, основната порака на Аллаховата боженствена религија, Исламот, е обожување единствено на Аллах, и одбегнување на обожување насочено кон некоја личност, место или нешто друго освен Аллах. Додека с# друго освен Аллах, Творецот на сите дела, се Аллахови творби; би можело да се наведе дека Исламот во суштина го повикува човекот да го одбегне обожувањето на творбите, и го поканува да го обожува единствено Творецот. Тој е Единствениот заслужен за човечкото обожување, и само со Неговата волја молитвите се исполнуваат. Ако човекот му се моли на дрвото, и притоа неговите молитви се исполнуваат, не е дрвото тоа кое што одговорило на неговите молитви, туку Аллах, Којшто дозволил околностите за кои му се молело, да бидат реализирани. Некој може да спомне, “Тоа е очигледно” но сепак, на дрво-следбениците не би им било баш очигледно. Слично на тоа, молитвите кон Исус, Буда, Кришна, кон св. Кристофер или кон св. Јуда, па дури и кон Мухаммед, не се исполнувани од нив, туку од Аллах.

     Според ова, Исус  не им проповедал на неговите следбеници да го обужаваат него, туку Аллах. Како што се вели во Кур’анот:

     “И кога Аллах рече: “О Иса (Исусе), сине Мерјемин (Маријин), им зборуваше ли на луѓето: “Прифатете не, мене и мајка ми покрај Аллах, за две божества! ” Иса (Исус) рече: “Славен биди! Не ми доликува да зборувам за она за што немам право. Ако ова го зборував – па, Ти би го знаел тоа. Ти го знаеш она што е во душава моја, а јас не го знам она што е во душата Твоја. Ти си, навистина, Зналец на тајните!” (Кур’ан 5:116)

     Кога Исус м.н.н. обожуваше, не се обожуваше себеси, туку го обожуваше Аллах. Овој основен принцип е застапен во поглавјето на “Отворањето” во Кур’анот, познато како “Фатиха”, стих 5: “Ние само Тебе Те обожуваме и ние само од Тебе помош бараме!”

     На друго место, во последната книга на откровението – Кур’анот, Аллах вели: “Господарот ваш рече: ‘Повикувајте Ме, ќе ви се оѕвијам!’” (Кур’ан 40:60)

     Вреди да се истакне дека важна порака на Исламот е дека Аллах и Неговата творба се јасно различни ентитети. Ниту е Аллах творба или дел од неа, ниту пак е творбата Тој или пак дел од Него. Ова би можело да изгледа очигледно, но човековото обожување на творбите наместо Творецот, во голем дел е базирано на непознавањето на овој концепт. Постои верување дека Битието на Аллах е насекаде во Неговата творба, или пак дека Неговото боженствено Битие #, или пак било присутно во некои облици на Неговите творби, оправдувајќи го на овој начин обожувањето на творбата, така што ова обожување може да се нарече “обожување на Аллах преку Неговите творби”. Како и да е, пораката на Исламот, како што е донесена од пророците на Аллах, е да се обожува едниствено Аллах и да се одбегнува обожувањето на неговите творби на директен или индиректен начин. Во Кур’анот Аллах јасно наведува:

     “И Ние за секој народ, секако, испративме пејгамбер (пратеник): ‘Обожувајте Го Аллаха и избегнувајте ги шејтаните (ѓаволите)!’” (Кур’ан 16:36)

     Кога на идоло-поклониците им се поставува прашањето зошто им се поклонуваат на идолот создаден од човекот, одговорот е секогаш непроменлив: тие, всушност, не ја  обожуваат самата камена статуа, туку Аллах, Којшто е присутен во неа. Тие тврдат дека камените идоли се само фокусна точка на Аллаховото Битие, и дека самото тоа не е Аллах! Тој што го прифатил концептот на постоењето на Битието на Бог во Неговата творба, на било кој начин, ќе биде обврзан да го признае овој аргумент за идолопоклонство. Така, оној кој ја разбира основната порака на Исламот и неговите импликации, никогаш не би се впуштил во идолатрија, без оглед на тоа како таа би се осмислила. Тие, кои низ вековите го прокламираат боженството за самите себеси, често ги базирале нивните тврдења на погрешното верување дека Аллах е присутен во човекот. Тие просто се бранат со тоа дека иако Аллах, според нивните неточни верувања, е во сите нас, тој е повеќе присутен во нив отколку во нас останатите. Оттаму тие сметаат дека ние би требале да им ја покоруваме волјата ним и да ги обожуваме нив, како да се тие Бог во личноста, или пак Бог концентриран во самата личност. Слично на ова, оние кои што го бранеле ова духовно – божјо братство, имаат пронајдено плодно тло меѓу оние кои што го прифаќаат неточното верување во Божјото присуство во човекот. Тој што ја сознал основната порака на Исламот и неговите импликации, никогаш не би можел да се согласи да обожува човечко суштество под било какви околности. Божјата религија, во суштина, е јасен повик на обожување на Творецот и одбегнување на актот на обожување на творби во било каква форма. Ова е и значењето на мотото на Исламот:  “Нема друго божество освен Аллах”

     Искажување на овој збор ја донесува индивидуата во закрилата на Исламот, а искреното верување во него му го гаранатира Рајот. Затоа, се пренесува дека последниот Пратеник на Исламот рекол: “Секој што ќе рече: Нема друго божество освен Аллах и умира придржувајќи му се на ова верување, ќе влезе во рајот.” (Пренесено од Ебу Дар во колекцијата на веродостојни хадиси од Бухариј и Муслим)

     Ова е доследно на потчинетоста кон Аллах како Еден Бог, добивајќи награда од Него заради покорување на Неговите заповеди и одбивањето на политеизмот и политеистите.         

Слаби хадиси кои ни ги открил големиот учењак Ибн Тејмијје




Во името на Аллах, Милостивиот, Самилосен!

Шејху –Л- Ислам ибн Тејмијје бил запрашан за (Аллаховите) зборови кои се пренесуваат од Пратеникот с.а.в.с ., Ниту земјата и небото не може да  ги содржи, но може срцето на искрениот верник.”Tој одговорил: Славен нека е Аллах. Спомнато е од Израелќаните ( Хадисот е од еврејски извори) и за него не постои познат ланец кој води до Пратеникот с.а.в.с. Тој хадис значи дека Аллах Својата Љубов и знаење ја ставил во срцето на својот роб.

Continue reading “Слаби хадиси кои ни ги открил големиот учењак Ибн Тејмијје”

Институтот Таиба научно ги потврди предностите на лечењето против коронавирусот со Црно семе и природен мед

Со постојано проширување на ужасната пандемија на инфекција со КОВИД-19, глобално зголемување на бројот на пациенти со КОВИД-19 и контакти, прогресивно, растат и големи оптоварувања над можностите на Министерството за здраство. Земјите во развој и сиромашните земји може да се соочат со катастрофи на човештвото во следните неколку недели, освен ако не се спроведат итни и брзи мерки. Пратеникот а.с. и неговите совети за подобро здравје треба сериозно да се разгледаат од сите научни институции и да се применат во пракса.

Continue reading “Институтот Таиба научно ги потврди предностите на лечењето против коронавирусот со Црно семе и природен мед”