Наша заедничка цел

magnificent-lake-sunrise-hdr-312902

Активноста на разумот е исправно разбирање и добро и силно разбирање. Тоа е убеденоста во корист или штета на нешто. Сето тоа е светлина која Семоќниот Бог ја дава кому сака од суштествата свои. Суштествата се разликуваат по силината и слабоста на таа светлина, неговата присутност и отсуство што резултира со разновидни разбирања и спознавања. Тоа светло во однос на срцето е како светло со помош кое се гледа во однос на окото. Следење на страстите го гаси светлото на разумот, ја ослепува разборитоста на срцето и спречува да се следи вистината. Со ваквиот начин, човек скршнува од Вистинскиот пат и неговото мислење и размислување станува поматено и расипано. Неговата душа доброто ќе му го прикаже како грдо, грдото ќе му го прикаже во слика на добро, и така ќе му се измеша вистината со невистината, па како тогаш да се окористи од присетувањето, размислувањето и советите кои му доаѓаат!

Ако се обидуваш да ја постигнеш величествена состојба на доброто и ако сакаш да придонесеш и другите во твојата околина да бидат среќни, тогаш заборави на денгубење, а меѓу тебе и несериозните игри стави препрека.

Сега во ова кратко време пред тебе ќе се запознаеш со многу корисни информации. Тие информации може да ти го променат животот. Животот ќе ти заблеска во сјај и нема да бидеш повеќе во очај! Време е да се посветиме и темелно да истражиме,  за да ја живееме среќно нашата иднина. Пријатен престој на нашиот сајт, ги очекуваме вашите забелешки.

Се читаме!

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.