Посебностите на исламската цивилизација

 

Често причина на западните предрасуди кон исламот е производ на неразбирањето на исламскиот поглед на животот. Затоа е потребно да се потсети на посебностите на исламската цивилизација која ја одделуваат и истакнуваат над сите останати, и тоа во склоп на говорот за заборавениот муслимански допринос во науката:

Исламската цивилизација е заснована на монотеизам – тевхид

Исламската цивилизација е заснована на чист монотеизам, и е прва глобална цивилизација која го прокламира едноштвото на Бог кој нема придружник во Своето управување. Тој е Единствен кој се обожува и на Кого се обраќа: „Само Тебе те обожуваме и само од Тебе помош бараме“. Тој е Оној Кој издигнува и покорува, Кој дава и пружа, и нема ништо на набесата ниту на Земјата, а да не му е подредено Нему и да не му е Нему достапно. Ваквото длабоко поимање на монотеизмот имало големо влијание на изградбата на човекот и ослободување на народите од неправдата на владетелите, благородниците, и влијателните луѓе и свештенството. Тоа, исто така, имало влијание на исправувањето на односите помеѓу власта и народот, и на насочување на луѓето кон единствениот Бог кој создал се, Господарот на сите светови.

Овие убедувања оставиле длабока трага на исламската цивилизација, и по нив таа се одликува над сите предходни и наредни цивилизации затоа што во своето учење не содржи било каков вид на политеизам (ширк), неговите обичаи, владеење, уметност и книжевност. Ова е тајната зошто исламската култура го свртела грбот на преводот на „Илјадата“ и на грчката идолопоклонска поезија и зошто исламската култура не придава внимание на скулптурството и сликарството. Спротивно на тоа, таа обрнува внимание на уметноста на резбарењето и украсувањето на зградите. Оваа специфичност (верувањето во еден и единствен Бог) ги обележила сите темели и системи на исламската цивилизација, како што се специфичноста на нејзината мисија, законодавството, општите цели, општото човечко постоење, животните сретства и начинот на размислување.

Харвард изложи курански ајет на влезот на својата библиотека

Бостон (САД): Правниот факултет на Харвард, една од најпрестижните институции од ваков вид во светот, изложи ајет(стих) од Светиот Куран на влезот на својата факултетска библиотека.

Continue reading “Харвард изложи курански ајет на влезот на својата библиотека”

Арапските христијани се придружија во осудите кон францускиот претседател

Арапските христијани во неделата им се придружија на оние што ги осудуваат неодамнешните изјави на француските власти против исламот и пратеникот Мухамед.

Continue reading “Арапските христијани се придружија во осудите кон францускиот претседател”

Поради исламофобијата се заоструваат односите помеѓу Франција и исламскиот свет

Неколку арапски земји и Турција го осудија француското поттикнување против исламската религија и Пратеникот Мухамед, предупредувајќи дека овие повторени навреди ја разгоруваат омразата кај народите.

Continue reading “Поради исламофобијата се заоструваат односите помеѓу Франција и исламскиот свет”

Права на децата

Детството е тајна на животот, животно уживање и дар од Возвишениот Аллах, чива вредност може да ја цени само оној кому му било ускратено и за остварување на тоа вложил се што е вредно. Грижата за децата, сомилоста и благоста се работи кои Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, ги поттикнувал и го пофалил секој оној кој ќе ги стори.

Continue reading “Права на децата”

Како до правилно осамостојување на децата

Децата во денешниот образовен систем не се добро подготвени за утрешниот свет. Човек не може да знае што го очекува. Никогаш нема да можеме да дознаеме што навистина не` чека во животот во наредните 20 години.

Continue reading “Како до правилно осамостојување на децата”

Правда во Исламот

Од универзалните вредности кон кои што тежнее човештвото е и правдата. Аллах Возвишениот го упатил Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем, кон тоа да ја сака правдата и да ја наредува. Возвишениот Аллах вели: „Аллах ви наредува праведно да постапувате.“(Ен Нахл, 90)

Continue reading “Правда во Исламот”

Права на синовите и ќерките

Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, поттикнувал на убав одгој на децата, така што тие требале да станат добра младина и корисни луѓе за својата вера, татковина и општество.

Continue reading “Права на синовите и ќерките”

ИСТОРИЈАТА НА НАСТАНОКОТ НА КАДИЈАНСКО-АХМЕДИСКАТА СЕКТА

Мирза Ахмед Гулам – оснивач на ахмедиската секта и самопрогласен пратеник и мехди

Continue reading “ИСТОРИЈАТА НА НАСТАНОКОТ НА КАДИЈАНСКО-АХМЕДИСКАТА СЕКТА”

Како да ги придобиеш луѓето

Во природа на човекот е да го сака оној кој говори со благи зборови кои не се бестидни и кои не ги навредуваат чувствата. Исто така ги сака оние луѓе кои се со светло лице и со насмевка, оној кој има исправно мислење и упатува убав совет. Заради тоа Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, придавал внимание на работите со кои се придобива срцето.

Continue reading “Како да ги придобиеш луѓето”

Право на родителот и блискиот

Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, наредил да се одржуваат роднинските врски и предупредил на опасноста на прекинување на врските помеѓу роднините.

Continue reading “Право на родителот и блискиот”

Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем, за вредноста на карактерот и особините

Вредноста на некој човек, во визија на Пратеникот Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селем, извира од вредноста и идеалот на кој се придржува, како и од убавите особености кои извираат одвнатре и стануваат однесување и видлива стварност. Поради ова тој кажал: „Аллах негледа во вашите ликови и имот, туку гледа во вашите срца и вашите дела.“

Continue reading “Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем, за вредноста на карактерот и особините”

Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, и човековите права

Арапите пред пратеништвото на Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селем, биле поделени во различни племиња се убивале меѓусебно и поробувале едни со други, тиранијата била закон кој владеел со овие племиња. Луѓето не беа еднакви во тој период, туку побогатите ги користеле сите права во потполност, а робовите немале никави права, бидејќи тие биле во посед на своите поседуватели.

Continue reading “Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, и човековите права”

Права на животните во Исламот

Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, ја подигнал знамета на убаво и благо постапување со животните и наредил убаво спрема нив да се постапува, да се хранат и да се напојуваат и да небидат оптеретени со она што тие не можат да го поднесат.

Continue reading “Права на животните во Исламот”

Примерот на запознавање на Пратеникот од страна на големиот еврејски рабин

Зејд б. Санех, еден од еврејските рабини кој сакаше да се убеди во искреноста на Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, го изложил Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, на испит преку неговото однесување со луѓето, но и со оние кои му се спротиставуваа во верување, па потоа не му остана ништо друго туку да го признае неговото пратеништво и да стане еден од неговите следбеници и да поверува во него.

Continue reading “Примерот на запознавање на Пратеникот од страна на големиот еврејски рабин”