ВО БИРМИНГЕН СЕ НАОЃА НАЈСТАРАТА СОЧУВАНА КОПИЈА НА КУРАНОТ

Страниците од Куранот кои се наоѓаат во библиотеката на британскиот универзитет во Бирмингем можеби потекнуваат од најстариот примерок на муслиманската света книга на светот,


а можно е да ги пишувала личност која и го познавала пратеникот Мухамед, објавија во научниците, објавувајќи ги резултатите од истражувањето со јаглерод на ракописот кој се планира да биде изложен за јавност.
Анализата со јаглерод со 95-процентна прецизност упатува на тоа дека страниците на споменатиот
пергамент настанале во периодот меѓу 568 и 645 година, и можеби се еден од најстарите пишани траги
на исламската света книга, наведуваат научниците.
„Можеби настанале неколку години од втемелувањето на исламот“, вели Дејвид Томас, професор по
христијанство и исилам на Бирмингемскиот универзитет. Се верува дека Мухамед ас. живеел меѓу 570 и
632 година, пренесува Reuters.
Ракописот кој би можел да биде стар најмалку 1.370 години, се состои од два листа пергамент на кои се
од делови од 18-та и 20-та сура (поглавје), напишани со мастило и со раната форма на арапското писмо
коешто е познато како Хијази или Хејази.
Спроведените тестови упатуваат на тоа дека животното чијашто кожа е употребена за изработка на овој
пергамент, можела да живее во времето на Пратеникот или малку по неговата смрт.
„Личноста којашто ги пишувала текстот можеби го познавала Мухамед. Можеби го видела, можеби

слушала негова проповед. Можеби и лично го познавала“, вели натаму Томас за британскиот јавен
сервис BBC. Меѓутоа, на почетокот од април годинава, Пруската државна библиотека од Берлин објави дека седум
страници од Куранот испишани на пергамент се датирани од VII век, во периодот веднаш по смртта на
пратеникот Мухамед.
Фрагментите од Куранот, за коишто, исто така, се верува дека се најстарите на светот, му припаѓале на
германски научник кој живеел во египетската престолнина Каиро на почетокот од XX век. Пруската
национална библиотека, главната академска библиотека во Берлин, го откупила неговиот архив веднаш
по неговата смрт, а меѓу тие хартии се наоѓале и делови од Куранот испишани на тенок пергамент.
Страниците биле испратени во лабораторијата на швајцарскиот универзитет ETH во Цирих, на датирање
со јаглерод 14. Извештајот на лабораторијата покажал дека пергаментот потекнува од периодот меѓу 606
и 652 година, што значи дека тие фрагменти од Куранот се испишани најдоцна дваесет години по смртта
на пратеникот Мухамед во 632 година.
Според преданието, пратеникот Мухамед го примил откровението од Куранот во периодот меѓу 610 и
632 година, кога починал. Неговото учење во првиот период се пренесувало усно, а некои кажувања
биле бележени на пергамент, камен, палмини лисја и лопатки од камили.
Пишаната форма на Куранот која денес се смета за авторитет, настанала околу 650 година во времето на
калифот Отман (Осман, Усман), третиот верски лидер по Мухамед. „Муслиманите веруваат дека Куранот
којшто го читаат денес е истиот текст кој е стандардизиран во периодот на Отман и се смета за
веродостојна копија на откровението коешто го примил Мухамед“, појаснува Томас./
При направена споредба се гледа дека се работи за сура ТАХА и самите може да се уверите дека не е
изменет ниту еден харф иако се изминати околу 1400 години од постоењето на овие пергаменти.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.