Примерот на запознавање на Пратеникот од страна на големиот еврејски рабин

Зејд б. Санех, еден од еврејските рабини кој сакаше да се убеди во искреноста на Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, го изложил Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, на испит преку неговото однесување со луѓето, но и со оние кои му се спротиставуваа во верување, па потоа не му остана ништо друго туку да го признае неговото пратеништво и да стане еден од неговите следбеници и да поверува во него.

Абдуллах б. Селам кажал: „Кога Аллах сакаше да го упати Зејд б. Санех на прав пат, тој кажал: ‘ Сите знаци кои укажуваат на пратеништвото на Мухамемд , саллаллаху алејхи ве селем, ги видов на неговото на неговото лице кога го погледнав, освен два кои неможев да ги спознам, а тоа е неговата благост над неговата лутина и дека искажана лутина према него само ја зголемуваше неговата благост.’“

Зејд кажал: „Пратеникот излегол од своите соби а со него беше Алија б. Талиб, па му пријде човек кој јава на животно како некој аскет и кажал: ‘О Аллахов Пратеникуселото во кое што живее тоа и тоа племе влегло во ислам и го прифатило. Јас им кажав дека доколку го прифатат исламот ќе бидат снабдени од секоја тсрана, но нив ги снајде тешка состојба и суша. Јас сега Божји Пратенику се плашам тие да не го остават исламот од алчност  како што влегле во исламот од алчност. Затоа ако сметаш дека треба да им се испрати некој со помош, стори го тоа.“

Вели Зејд: „Потоа Пратеникот погледна во човекот до  себе, мислам дека беше Омер.“

Па Омер кажа: „Од имотот не остана ништо о Божји Пратенику.“

Зејд вели: „Потоа му се приближив и му кажав: ‘О Мухаммед, дали имаш да до одреден рок ми ги продадеш познатите урми од тоа и тоа племе?’“

Тогаш Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем, кажал? Немам Евреину, но имам до одреден рок да ти продадам некои други познати урми од тоа и тоа племе.“

Зејд кажал: „Во ред продај ми ги.“

„После тоа јас“ прикажува Зејд, „извадив вреќичка во која се наоѓаа парите, па му дадов околу 80 мискати злато (околу 340 грама) за урмите кои требаше да ми ги даде до одреден рок. Тој тие пари веднаш ги даде на некој човек и му кажа: ‘оди брзо до нив и дај им го овој имот како снабдување.’ Кога остана уште два три дена до завршување на рокот, излегол Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем, да изврши џеназа(закоп) на некој човек од енсариите, а со него беа Ебу Бекр, Омер, Осман и група на неговите асхаби.

Кога клањаше џеназа. Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, се приближил кон еден ѕид и се наслонил на него а јас го фатив за градите и луто го погледнав. После тоа го запрашав.

‘Зарем нема да ги дадеш моите пари о Мухаммеде? Се колнам во Аллах, живеејќи со вас, не ги сметав синовите на Абдуллмуталиб како оние што не го враќаат својот долг.’

Погледнав во Омер б. Ел Хатаб на кого очите кружеа на лицето, а потоа ме погоди со својот поглед и кажа:

‘О Аллахов непријателе, зарем зборуваш на Пратеникот тоа што го слушам и со него правиш тоа што го гледам. Се колнам во Оној кој го испратил со вистината, да не е она за што се плашам дека ќе ми избегаш би ти ја отсекол главата со оваа моја сабја.’

Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем, го набљудувал омер многу смирено и сталожено, а потоа кажал: ‘О Омер ние навистина имаме потреба за тебе во нешто друго, а не во ова, а тоа е да на најубав начин си ги извршувам своите обврски, а нему да му наредиш да на најубав начин си го побара своето право. Оди Омер и дај му го неговото право кое му припаѓа и на тоа уште додај 20(дваесет) купчиња урми заради тоа што си го преплашил и си му се заканувал.’

Омер отиде со мене и ми ги исполни моите права и уште на тоа ги додал тие дваесет купчиња урми, а јас го запрашав: ‘Зошто овој вишок?’

Омер ми одговори: ‘Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем, ми нареди да ти го дадам овој вишок затоа што сум ти се заканувал и сум те преплашил.’

Кажав: ‘Знаеш ли кој сум?’

Одговорил: ‘Незнам, кој си ти?’

Кажав: ‘Јас сум Зејд б. Санех.’

Поново зараша: ‘Рабин?’

Одговорив: ‘Да, Рабин.’

Омер тогаш ме запраша: ‘Што те наведе да го кажеш на Аллаховиот, саллаллаху алејхи ве селем, она што си го кажал и да го сториш она што го стори?’

Одговорив: ‘О Омер, во сите знаци на пратеништвото на Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем, се убедив кога го погледнав во лице, освен два, а тоа е да неговата благост е над неговата лутина и да искажана лутина према него само ја зголемуваше неговата благост. Сега во тоа се убедив па сведочам, О Омер, дека сум задоволен со Аллах за свој Господар и исламот како вера и Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем, како пратеник. И те земам за сведок дека пола од мојот имот – (а јас најповеќе го имам) – како милостина на сите следбеници на Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селем,’

Омер р.а. тогаш кажа: ‘На некои од следбениците, бидејќи ти неможеш да ги опфатиш сите.’

Кажав: ‘На некои од нив.’ Потоа јас и Омер се вративме кај Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селем,“

После тоа Зејд кажал: „Сведочам дека нема друг бог кој заслужува да се обожува со право освен Аллах и дека Мухамемд е Негов роб и Пратеник.’ Поверував во него и учествував во многу битки.“ Загинал во битката на Теббук, борејќи се и не бегајќи. 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.