Пратениците се браќа

Сите пратеници се браќа и нив Аллах ги испратил за дса на луѓете им укажат на вистинскиот пат и за да ги изведат од темнина на светлина. Заради тоа Аллах го сторил верувањето во нив како услов и темел на иман.

Возвишениот вели:

Кажете: „Ние веруваме во Аллах, и во тоа што ни се објавува, и во тоа што му беше објавено на Ибрахим, и на Исмаил, и на Исхак, и на Јакуб, и на внуците; и во тоа што му е дадено на Муса, и на Иса, и во тоа што им е дадено на веровесниците од Господарот нивен; ние не правиме никаква разлика меѓу нив и ние само Нему Му се покоруваме.“ (Ел Бекаре, 136)

Затоа оној кој ќе негира еден пратеник станува неверник во Аллах и ги порекнал сите пратеници, поради што еден муслиман неможе да се нарече муслиман доколку неверува во сите пратеници и веровесници.

Кажува Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем,: „Јас сум најблизок човек на Иса синот на Мерјем, на овој и на оној свет, а сите веровесници се  браќа по татко, мајките им се различни, а верата им е една.“

Исламските учени велат дека значењето на овој хадис укажува дека темелите на верувањето им се исти, а тоа е верувањето во акидата на теухидот, а прописите и законите им се различни, така што тие се сложни на темелот на теухидот, а кога се во прашање делови од шеријатот во тоа се разликуваат.“

Пратениковото, алејхи селам, почитување и величање на останатите веровесници се огледа во тоа дека тој не ги сметал едните подобри од другите. Така од Ебу Хурејре, р.а., се пренесува дека кажал: „Во една прилика некој Евреин ја изложил својата роба и за неа му било дадено нешто што тој го мрзел и потоа кажал: ‘Не, се колнам во Оној кого Муса го одликувал над останатите луѓе!’ Тоа го слушнал еден од енсариите и станал и му врзал шлаканица, кажувајќи му: ‘Го говориш тоа а Пратеникот Мухаммед е помеѓу нас.’ После ова овој Евреин отишол кај Пратеникот Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем, и кажал: ‘О Ебу ел Касим, јас имам уговор и заштитен сум, па каква е состојбата на оној којшто ме удрил?’ Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем, го запрашал енсаријата: ‘Зошто си го удрил?’, па овој му споменал за причината. Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, се налутил така што тоа му се идело на неговото лице и кажал: ‘Немојте едни Пратеници да сметате дека се подобри од другите!’“

Од Енес б. Малик се пренесува дека кажал: „Дошол еден човек кај Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, и кажал:’О ти најдобро суштество.’, а Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем, му одговорил и му кажал: ‘Тоа е Ибрахим, алејхиселам.’

Исто така за Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем, се пренесува дека кажал: „Не му личи на еден роб да каже: ‘Јас сум подобар од Јунус б. Мета.’

Кажано му е на Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем,: „О Пратенику, кој човек е најплеменит?“ Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, кажа: „Најплеменит е оној кој е најбогобојазен.“ Присутните кажаа: „Не те прашавме за тоа!“ Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, кажа: „Тогаш Јусуф, син на Аллаховиот Пратеник, кој исто така е син на Аллаховиот пратеник, кој е син на Аллаховиот пријател (халил).“ Присатните повторно кажаа: „Не те прашавме за тоа!“ Тој тогаш им кажа: „Тогаш ме прашувате за потеклото на Арапите и нивните племиња. Тие што биле најдобри луѓе во незнабоштвото, тие се најдобри во исламот, само доколку се подучат на верските прописи.“

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.