Имам Малик- Великан на Исламот

Имам Малик беше достоинствен и скромен во дуњалукот / овој свет. Не одеше во дворците на владарите,ниту одеше да ги подучува, туку истакнуваше дека и тие мораат да дојдат кај него за да учат како и останатиот свет. Султанот во една прилика го казни и го измачуваше поради една фетва која ја изрече, а која што се спротиставуваше на неговото мислење. Таа случка кај луѓето уште повеќе му го подигна местото и угледот, кој од ден во ден се повеќе се наголемуваа.

Шејховите пред кои што учеше

Имам Малик му се посвети на изучувањето на хадисот, фикхот и останатите исламски научни дисциплини во Пратениковата,с.а.в.с., џамија. Знаењето го стекнуваше од угледни имами, таби’ини и од научниците на генерациите по нив, како што се Нафи’, Омеровиот слободен роб, Имам Ез-Зухри, Абдуррахман ибн Хурмуз, Ебу Зинад, Јахја ибн Сеид ел-Каттам, Ребиа ибн Абдуррахман, Џа’фер ибн Мухаммед ел-Бакир и многу други познати научници од тоа време. Имам Малик многу се задржуваше околу шејховите од кои го стекнуваше знаењето, а нарочито околу шејховите на хадисот. Она што е битно да се напомене е дека некои негови учители, подоцна од него го земаа знаењето. Преданието во кое што се пренесува дека Имам Ебу Ханифе од него пренел некои хадиси е неверодостојно. Кога го употполни трагањето по знаењето,седна на катедрата за поучување и издавање фетви, откако 70 негови познати учители посведочија дека за тоа е компетентен и спремен.

Неговите ученици

Оние кои го пренесуваа од Имам Малик неговото дело “Ел-Муветта” и фикхските прописи се многубројни. Имам Ед-Дарекутни наведува дека нивниот број се движи на околу стотина.

На кружоците кои што ги држеше Имам Малик навалуваа многу ученици. На тие кружоци присуствуваа дури и халифите како што се Харун кој што постана Ер-Решид и неговите синови, Ел-Емин и Ме’мун. Имам Малик постана водечка личност и секогаш беше скрушен и понизен. Никогаш не држеше предавање,а да не беше под абдест и со очешлана брада ,а сето тоа од почит кон хадисот на Пратеникот Мухаммед,с.а.в.с.. Во своите дерсови го користеше начинот на обично излагање без расправа, размена на мислења, дијалог со своите ученици. ( Што е во спротивност со начинот/ методот на Ебу Ханифе). Настојуваше да дава одговори само на прашањата кои што се случуваат во реалноста, а се воздржуваше и бегаше од прашањата кои што беа втемелени на претпоставки, што е во спротивност со факихите на ирачката фикхско- правна школа. И покрај обилното знаење кое што го поседуваше, беше понизен и се воздржуваше да дава фетви според своето мислење. Често на прашањата, одговараше со зборовите : “ Не знам!”, ако за одговорот немаше текст од Кур’анот и Суннетот. Во една прилика еден човек нешто го праша, па му одговори: “ Не сум во состојба да ти одговорам на тоа прашање!”. Тој човек му рече: ” Ти дојдов оддалеку!”. А Имам Малик му одговори: “ Врати се во своето место и извести ги луѓето дека не сум во состојба да ти одговорам!”.

Основите на Маликовата фикхско-правна школа

Фикхот на Имам Малик се смета за продолжеток на фикхско-правната школа на научниците на хадисот од Хиџаз. Верските прашања од таа школа беа поткрепени со текстови и преданија од асхабите, што е во спротивност со ирачката фикхско-правна школа, која што беше сиромашна по прашањето на текстовите и преданијата, па повеќе се наслонуваше на кијасот ( аналогијата).

На основа на овие темели, јасно се гледа продуктивноста и изобилството на маликовата фикхско- правна школа, неговата ширина и можноста да ги изведува прописите на основа на принципите и темелите кои што важат за секое време и простор.

Собирање на Имам Маликовиот фикх и неговото ширење

Фикхот на Имам Малик е собран на два начина:

1.Книгата која што ја напиша самиот Имам Малик и ја нарече “ Ел-Муветта”. Во неа ги собра веродостојните хадиси, фетвите на асхабите,р.а., и зборовите на табиините, а посебно внимание им обрати на своите сопствени мислења. Ова дело го собираше и работеше на него полни четириесет години. Го напиша по фикхски поглавја. Многумина од него ја пренесуваа “ Ел-Муветта”, а многумина на него даваа коментар. Халифата Ел-Менсур сакаше “Ел-Муветта” да ја обеси во Кабето и да ги примора луѓето да работаат по она што е во неа, но тоа Имам Малик го одби.

2.Трудот кој што е вложен од страна на неговите ученици,кои што неговите мислења ги собираа во книги и го ширеа неговото знаење во градовите на Ирак, Шам, Египет, во разни делови на Јужна Африка и Шпанија.

Денес маликискиот мезхеб е раширен во Јужна Африка и некои други делови на Африка.

Неговото мислење за новотарите

Имам Малик цврсто се држеше за суннетот и жестоко се бореше против новотарите поради нивната голема опасност по верата и нејзините следбеници. Ги презираше новотарите, разгонуваше луѓето од нив,не дозволуваше да присуствуваат на неговите дерсови, не го примаше од нив сведочењето,затоа што тие се поголеми грешници од оние кои што прават големи гревови. Тоа е од причината што големите грешници правта штета само на себеси, додека новотарите ја расипуваат верата и воведуваат многу разлики и разминувања кои што одведуваат од Аллаховата вера. Тој беше со мислење дека некои од новотарите мораат да се затворат (уапсат) и дека мекрух е да им се дава селам и да се расправа со нив. За нив рекол:” Тие се следбеници на својата страст, лоши ли се тие луѓе. Ним не им се дава селам, а најдраго мие да ги напуштам. Најдобрите работи во верата се она што е суннет, а најлошите работи се новините и новотариите во верата.” Ова е во склад со зборовите на Аллаховиот Пратеник,с.а.в.с.: “ Најлоши работи се новините во верата, секоја новина во верата е новотарија, а секоја новотарија е заблуда.”

Вели Пратеникот,с.а.в.с.: “ Ќе излезат луѓето на исток и на запад, и нема да најдат поучен алим од Мединскиот алим.”

Вели Суфјан ибн Ујејне: “ Мислам дека тоа е Малик.” Вели Имам Шафија: ” Малик е мојот учител и од него стекнав знаење.” Истотака рече: ” Кога ќе се спомне улемата, Малик меѓу нив е ѕвезда.”

Вели Имам Ахмед: “ Малик е со најдобриот и најпрецизниот говор, и тој ми е најдраг!” Вели Имам Несаија: ” Малик е од Аллаховите доверливи робови кои што го пренесија знаењето од Аллаховиот Пратеник,с.а.в.с., од сите табиини. Кај мене Малик е најдобриот и најпочитуваниот.” Вели Имам Абдур-Рахман ибн Мехди: ” Имами на луѓето во нивното време се четворица: Суфјан ес-Севри во Куфа, Малик во Хиџаз, Евзаија во Шам, Хаммад ибн Зејд во Басра, но, попаметен од Малик не видов.”Откако му дошол Малик на Хаммад ибн Зејд, му потекоа солзите и рече: ” Аллах да му се смилува на Малик, во верата заземаше големо место.”

Улемата е сложна дека Маликовите сенеди ( ланци на преданијата) се најверодостојни ланци, а тој е како Сонцето “ јасен и впечатлив.”

Вели Бухарија: ” Златниот ланец ( сенед) е Малик од Нафи, тој од Ибни Омер, а тој од Пратеникот,с.а.в.с..”

Ова кажување ќе го завршиме со нешто најдобро, а тоа е сонот кој што го сонувал Дарекутни. Вели: ” Го сонував Пратеникот, с.а.в.с.,како држи хутбе. На вратата од месџидот (џамијата) влезе Малик, и откако го здогледна Пратеникот,с.а.в.с., рече: “ Ваму, ваму!” >Малик тргна кон него додека не му дојде блиску. Пратеникот,с.а.в.с., го извади својот прстен и го стави на прстот од Малик.”

Малик говореше: “ Ниту една ноќ не помина, а да не го сонував Пратеникот, с.а.в.с.”

Извадок од книгата: Velikani Islama од авторот Muhenned ibn Abdullah

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.