Почетокот на Објавата

Кога Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селем, наполнил 40 години, а тоа било во 610 година по Иса, алејхи селам, Аллах го избрал за пратеништво.

 Му дошол мелекот Џибрил(Гавриил) во пештерата Хира и у кажал: „Читај!“ а Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селем, му одговори: „Јас незнам да читам.“ потоа го зел, силно го зграпчил и пак кажал: „Читај!“, а Пратеникот му одговорил дека незнае да чита. Тоа го сторил три пати, а потоа кажал: „Читај во името на Господарот твој Кој создава, го создава човекот од грутка крв! Читај, зашто Најблагороден е Господарот твој, Кој поучува со перо, Кој го подучува човекот за она што тој не го знае.“(Ел Алек, 1-5)

После тоа се вратил престрашен кај Хатиџа и ја известил за тоа што му се случило, па таа го смирила кажувајќи му: „Аллах нема никогаш да те посрамоти, бидејќи ти ги одржуваш родбинските врски, вистината ја говориш, ги угостуваш гостите, им уделуваш на сиромашните и секогаш си од помош на тие во неволја.“

Потоа поминал одреден период а Објавата не му слегуваше поради мудроста која само Аллах ја знае, а потоа дошла Објавата по втор пат и со неа наредба со која се наредува повикување, доставување и носење на одговорноста. Аллах објавил: „О ти О, ти покриен! Стани и опоменувај! И Господарот свој величај Го! И облеката своја исчисти ја! И стој настрана од идолите!(Ел Мудесир, 1-5)

Така Аллах во овие ајети му наредил да го опоменува својот народ и да ги повика во Аллаховата вера. После тоа Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, повикувал и стар и млад, и роб и слободен, и жена и машко и белец и црнец, па некои му се отповикале, но повеќето го одбиле повикот.

Својата мисија ја започнал тајно и тоа траело три години. Повикувал човек по човек, а откако му е објавено: „…ти јавно исповедај го тоа што ти се наредува..“ (Ел Хиџр, 940 почнал јавно да повикува, обиколувајќи ги луѓето по пазарите, на местата каде што се собираат и ги повикувал кон Аллах.

Доживеал разни врсти на тешкотии, навреди и несреќи од страна на неговиот народ, но тој сепак останал стрплив. Откако неговиот народ се повеќе почнал да го вознемирува (некои) од неговите асхаби, тој им наредил да заминат во тогашна Абесинија како би побегнале од неправдата и тиранијата па тоа и го сториле.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.