Самодисциплина

Кога Оскар Вајлд кажал дека успехот е наука само се потребни услови за добри резултати, тие услови не ги сметал за нешто обично. Позади тој резултат лежел голем труд, но пред се дисциплина и заложба да се успее.

Самокнтролата е клучна за да успееш во патот на успехот, а при тоа треба да се победат расеаните мисли, емоци, а пред се лоши навики кои те одвлекуваат од успехот. Сето тоа треба добро да се соџвака и да се стави во ред и контрола за да може да се работи во еден правец. Да се победат навиките е нешто многу тешко и тоа е рецепт за успех кој тешко се применува. Тие добри навики тешко се стекнуваат ако не се врежани од младоста. Затоа е битно од најрано доба младината да работи на она што Аристотел го кажал,”добрите навики кај младината ги прават сите промени.“ Тие добри навики нема да настапат доколку не ја контролираме нашата можност за дисциплина и добри навики.

Кога ќе се приспособат навиките со нашите цели и напредување доаѓаме до точка во која нашите желби, нашата дисциплина и нашите цели работат во синергија и креираат цела палета на добри навики.  Тоа се постига само со самодициплина а убеденоста и сигурноста дека тоа е исправно се постигнува со тренинг.

Запомнете дека се што се случува во твојот раст е по принцип на здрави навики. Но колку тие навики можат да се приспособат кон нашето ново секојдневие е дисциплина и желба која тежнееме да ја насочиме на правилен правец. Нашите животни навики со децении егизистирале на погрешни неуронски шеми и се граделе когнитивните врски на база на тогашното размислување. Во еден миг кога сме решиле да го промениме самиот  мозок и самото тело дава отпор. Колку е само тешко да се стане рано, да се остават цигарите или да се намали кафето. Колку е само тешко да се ослабне или да се врши физичка активност која е секојдневна рутина.  Неуролошките врски опстанале кај нас и се пренесуваат со генерации, но со навиките кои трајат секојдневно само за неколку месеци можеме комплетно да промениме како стануваме, како се облекуваме, па и како зборуваме со луѓето. Тоа е забележливо кај нив и како промена веднаш ќе ни го кажат а тоа ако е позитивно ќе влијае и позитивно врз нас да продолжиме.

Недоследностите при стекнување на нови навики започнуваат вистинските проблеми и тегоби кога битноста на планираното е завземена со некоја омилена ТВ серија, или некој состанок и слично. Тогаш не му го даваме потребното место на планот и дисциплината, туку стануваме помалку отпорни на лошите навики. За да тие навики останат трајни треба да бидат решителни, планирани секојдневно, да најдат подршка од самиот начин на живеење и да се приспособат на начинот на кој најдобро одговара.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.