Салахудин Ејуби – војсководец кој го почитуваа и крстоносците

Ретки се оние кои не слушнале за еден од најдобрите војсководци. Салахудин Ејјуби роден е во Ирак 1138 а починал 4 март, 1193 година, бил еден од најголемите и најхуманите војсководци на сите времиња, факт кој го признаваат и немуслиманските историчари.

Кога починал луѓето не сакале да присуствуваат на неговото џеназе(погреб) бидејќи не можеле да веруваат дека Салахудин починал, во некои преданија се пишува дека луѓето вриштеле и плачеле како целиот дуњалук да бил на тоа едно место и многу луѓе не можеле да веруваат дека го гледаат неговото мртво тело.Паѓале во несвест од тага за неговата смрт.

Морале да позајмат пари за неговото џеназе, зад себе оставил само еден динар(златник) и 47 дирхеми(сребреници), неколку оружја и неговиот коњ, тоа било се што оставил кралот на Египет, Сирија, Либан и Јемен.

Кади Фадил дал фетва дека Салахудин треба да биде погребан со својот меч, така што на Судниот ден кога ќе биде оживеан да биде со својот меч. Затоа што една од седумте категории на луѓе кои ќе бидат под Аллаховата сенка на Судниот ден е праведниот владар и кога ќе биде во сенката на Аллах да биде наслонет на својот меч, и сите да можат да видат дека тоа е тој, Ослободителот на Кудс (Ерусалим).

Салахудин е еден од најголемите херои на Исламот. Кога Салахудин беше пред смрт, деветтиот ден од почетокот на неговата болест изгубил свест. Шејх Џафер спомнува:
„Читав Куран до неговиот кревет, и кога стигнав до ајетот: ‘Тој е Аллах – Нема друг Бог освен Него – Тој е Познавач и на видливиот и на невидливиот свет!’ (Ал-Хашр 22)“. Тогаш рече: „Салахудин беше долго време во несвест, но го слушнав неговиот тивок глас како вели- Вистина.“ Тој изговори потврдно и рече “вистина!„

Во садака го потроши целиот негов имот, знаеше дека Аллах се грижи за него, и во тоа време на големи кризи тој имаше голема трпеливост. Благодарноста и дарежливоста беа секојдневие кај големиот војсководец.

Пристигнуваа многу писма со молба за донации и заем, тие писма на Салахудин му ги читал Ибн Седдад. Кадијата кажува, “јас се плашев од бројните писма иако знаев колку тој е дарежлив. Тоа беше витештво на непоколебливи верници, би продолжил со борба се додека поразот не го претвори во победа.„

Тој ја водеше муслиманската војска, и ја вратил Палестина во рацете на муслиманите, во битката на Хитин. Како таков, тој е многу важна личност за Курдите, Арапите, Турците и Исламската култура воопшто.

Превод: islam.com.mk

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.