Правата на постарите луѓе

Постари луѓе се оние кои се влезени во години во кои чувствуваат осаменост и последици од староста, како што е слабоста, болеста и слично. Тоа се, исто така, луѓе кои имаат искуство и мудрост и затоа е потребно општеството да не ги занемарува, туку да ги почитува и цени и да го користи нивното искуство и можности.

Пратеникот ﷺ се гордеел со постарите луѓе и говорел за нивните вредности, и дека тие имаат големо право во целото општество. Тој ﷺ кажал: „Кој во исламот ќе дочека едно седо влакно, тоа ќе му биде светлина на Судниот ден.“[1]

Пратеникот ﷺ поттикнувал на почитување на постариот, па кажал: „Еден од начините на величање на Аллах е почитување на постариот муслиман.“[2]

Пратеникот ﷺ им давал предност на постарите при пиење (вода). Погледни го овој хадис каде на виделина излегува Пратениковата ﷺ почит кон постарите и децата во иста мера. Од Сехл б. Сад Ес-Саидиј се пренесува предание во кое што се наведува: „Кога на Пратеникот ﷺ му бил донесен сад со пијалок, тој се напил. Од неговата лева страна седеле постарите, а од десната едно дете, тој му кажал на момчето: „Дали би дозволил да му дадам прво на постариот.“(бидејќи е обичај да се почне од десната страна). Момчето кое било паметно, одговорило: „Не, се колнам во Аллах, мојот дел нема да го дадам никому.“ После тоа Пратеникот ﷺ му го дал садот во рака.“[3]

Внимавај на овој детаљ! Алаховиот Пратеник ﷺ печатот на сите пратеници и веровесници, бара од момче дозвола за да почне од постарите, кои биле од неговата лева страна, од почит кон нив и нивните години. Момчето го одбива тоа бидејќи сака да пие после Пратеникот ﷺ за неговите усни го да допрат местото од кое што пиел Пратеникот, одбивајќи да даде предност на било кој во тоа. Пратеникот ﷺ барал дозвола, бидејќи е суннет (пракса, обичај) кога станува збор за пиење и слично, да се започне од десна страна (во тоа време често луѓето пиеле вода и сл од еден сад, кој се подавал од човек на човек).

[1] Тирмизи, бр.1558., и Несаи, бр.3091.

[2] Ебу Давуд, бр.4203.

[3] Бухари, бр.2271.и Муслим, бр.3786.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.