Дневно подобрување е многу важно

За да се напредува на личен план мора да се работи секојдневно, истрајно и макотрпно. За да се достигне таа навика која е злато вредна мора да се започне со помалите нешта. Затоа не е трајна светлината која не осветлува и на која се надеваме секој ден, туку изворот кој мора да доѓа длабоко од нас како неодолива желба за успех и напредок.  

Тоа не треба да е декларативен процес, туку константна желба за напредок и следно ниво на сознание. Тоа сознание, било, научно, духовно или креативно ќе не доведе до поново и организациски поголемо ниво на организирање. Не е можно во тој напредок да не ги споделиме работите со другите, бидејќи во тој развој постепено од индивидуализам ќе преминеме кон колективизам. Нашите идеи стануваат видливи и кај другите поради успехот и растот кој го постигаме. Тоа допира  и до другите срца и до другите интелекти. При тоа нашиот начин на учење не треба да оди кон потешко, туку кон попаметно и пооптизирано учење. Тоа учење нема  да биде само нафрлање на податоци и меморизација, туку разбирање на податокот како алатка за понатамошен раст и развој и остварување на целите.

Со зголемувањето на перформансите ќе се зголеми и ефикасноста, односно придобивките ќе бидат и поголем на квалитет кај оние кои ќе го бараат производот. Доколку се работи за приватна компанија личниот развој и подобрување може да влијае врз организацијата и нејзиниот квалитативен раст.

 Сепак, тој раст нема да биде адекватно распределен и затоа многу компании вршат обуки и инвестираат во саморазвојниот и едукативниот процес на вработените. Тие компании кои на дневна база вложуваат во раст и развој на понови идеи и вештини за очекување е дека подобро ќе се адаптираат на сите промени и несакани кризни периоди како што е и овој период на коронавирус кој побарува префрлање на повеќето компании на онлајн работење. Таа дисциплинирана стратегија е со визија која воспоставува инфраструктура од квалитативна социо-психолошка услуга наместо бројни состаноци и средби во компанијата кои нема да резултираат со никаков ефект помеѓу вработените. Напротив, тие состаноци и средби можат и негативно да влијаат врз колегите и вработените кои наместо солуција за работењето ќе го бараат виновникот. Преку дневен тренинг кој не мора долго да трае ќе се забележат слабостите и секој поединец преку сопствен развој ќе може да допринесе до развој на компаниите и претпријатијата. Тука некој ќе праша зошто е потребен толку тој развој? Но, факт е дека експонецијалниот раст на компаниите како Амазон и некои други се должи на нивна постојана едукација и постојан саморазвоен процес, а не на некои квалификации. Заради тоа финасискиот бенфит може да им се зголеми од брендот кој е сочуван од манипулации и непофесионален однос, односно статус кво кој секогаш се надминува со нови иновативни методи на развој. Во тие процеси на секојдневно растење технологијата и модернизацијата помагаат да се развие размислување и навика во надградба на плановите кон подобро планирање и извршување со поуспешна патека на развој.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.