Простете им на луѓето

Кога се наоѓаме во постојано размислување и лути сме потсвесно создаваме повеќе проблеми отколку решенија. Доколку се лутиме и за најмала ситница треба да се преиспитаме и да побараме одговор во нас самите. Можеби тие грешки кои ги гледаме кај другите се резултат на нашите погрешни практики и постапки?

Без да се научиме да простуваме на луѓето нема да можеме да ги постигнеме процесите на развој.

Прв тест на решавање на овој проблем е веднаш при некоја состојба на нервоза да видите како реагирате. Доколку ги смирите вашите чувства и опростите ќе се смени енергијата околу вас. Ќе заблежиш дека наместо тензија во воздухот ќе се шири позитивен набој кој ќе ги релаксира сите околу вас. Семејството, соседите, вработените и клиентите ќе сакаат повее да комуницираат и да ви ги пренесат нивните импресии и чувства. Нема да се кријат некои нешта кои инаку би се правеле таинствено или би ги кажувале позади грб. Секоја личност е посебна и така да ја гледате. Можеби со простувањето ќе успеете да добиете поголема близина и разбирање за тоа што не ви се допаѓа. Со простувањето ќе се ослободи негативната енергија и тие луѓе кои ви оделе на нерви ќе станат само обично секојдневие и небитни за исполнување на вашата цел. Побитно е да чекорите на начин на кој оставате длабока трага на инспирираност и добрина, отколку да се гледа енергија на одмазда, лутина и нервоза.

Знаеме сите колку е тешко да се опрости, но со тој чекор ќе тргнете напред и нема да се враќате назад во провалијата која може да пропаднете.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.