Јеховини сведоци го објаснуваат потеклото на крстот

Иако многумина христијани веруваат дека крстот е нивниот симбол во кој треба да веруваат, многу христијански истражувачи не се сложуваат со таквите ставови.

Многу христијански правци и учења се сидриле за многу теми а особено жешка дебата била крстот, тројството и боженственоста на Исус.

Според Јеховини сведоци нема докази дека во првите 300 години по смртта на Христос, оние што се изјаснувале како христијани користеле крст за да го обожаваат Бог. Меѓутоа, во четвртиот век, паганскиот цар Константин се преобратил во отпадничкото христијанство и ја раширил употребата на крстот како негов симбол. Какви и да биле мотивите на Константин, крстот немал никаква врска со Исус Христос. Всушност, крстот има паганско потекло. Во една енциклопедија отворено се вели: „Крстот се јавува и во претхристијанските и во нехристијанските култури“ (New Catholic Encyclopedia). Различни други извори го поврзуваат крстот со обожавањето на природата и со паганските ритуали на плодноста.

 Тогаш, зошто се раширила употребата на овој пагански симбол? Очигледно, за да им се олесни на паганите да го прифатат „христијанството“. Меѓутоа, во Библијата јасно се осудува обожавањето на кој и да е пагански симбол (2. Коринќаните 6:14-18). Во Светото писмо се забранети и сите облици на идолопоклонство (2. Мојсеева 20:4, 5; 1. Коринќаните 10:14). Затоа, вистинските христијани со многу добра причина не користат крст за да го обожаваат Бог. 

Првите христијани не го прифатиле крстот како симбол од вредност, туку како “проклето дрво”, средство на смртта и “срамот”. ( Евреите 12:2)

Нивната вера била сконцентрира на она што се случило на крстот и преку таа вера го спознавале потполното простување на гревовите. Tаа беше смислата на прповедта на апостолите за крстот и неговата слава. (1. Коритјаните 1:17,18)

Aпостолите никогаш крстот не го сметале парче на дрво кое може да се закачи на ланче, да се стави околу вратот и да се носи како заштита или украс. Taквата употреба на крстот се појавила подоцна, во почетокот на паганизација на христијанството (или како некои што кажуваат “христанизацијата на паганизмот”), кога започнале да учат дека распетието е христијански симбол.

Taка 431. година воведени се крстови во црквите и црквените простории, а на ѕвоната не се користеле се до 586. година. ( Harper’s Book of Facts.)

Еден историчар вака говори за Египет: “Неизменет со илјадници години меѓу најсакралните хиероглифи наоѓаме крст во различни форми… Но, еден, кој посебно е познат како ‘eгипетски крст’, или Тау крст, во облик на буквата Т, често се прикажува со круг или јамка над пречката. Сепак, тој мистичен симбол не беше типичен само за таа земја, туку беше длабоко обожуван… меѓу Халдејците, Фениќаните, Мексиканците и во секој древен народ на двете хемисфери.” (Seymour, The Cross in Tradition, History, and Art, pp. 22, 26.)

Kако симболот на крстот се ширел меѓу многу народи така и неговата употреба е развиена на различни начини.

Меѓу кинезите “крстот е познат од поранешните времиња… насликан е на ѕидовите на пагодите, светилките кои се користени за осветлување на најсветите одаји на нивните храмови.” (Ibid., p.13.)

Крстот со векови беше симбол во Индија. Беше користен за означување на бокалите со светата вода земена од реката Ганг и како симбол на Јаини светците (“лишени тела”).

Во централната Индија пронајдени се два недовршени камени крста кои датираат од дамнешното време пред христијанската ера – еден е висок 3 метра, а другиот 2,5.

Будистите и бројните други индиски верски групи, ја означиле главата на своите следбеници со знакот на крстот. (Ibid., pp. 10, 12. )

Во далечното минато на Италија, пред луѓето било што да знаат за уметностите на цивилизацијата, верувале во крстот како во религиски симбол. Бил сметан за заштитник и поставуван на гробовите.

Римските монети од 46. година пред новата ера, го прикажуваат Јупитер кој ја држи долгата владеачка палка на крајот на која е крстот. (Seymour, The Cross in Tradition, history, and Art, pp. 22, 26.)

Девиците на Весталк од паганскиот Рим, носеле крстови на ѓерданите како што денес го чинат калуѓерките. ( Hislop, The Two Babylons, p. 198.)

Kaтоличката енциклопедија кажува дека “знакот на крстот, претставен во наједноставен облик со две линији прекрстени под прав агол, му претходи на доаѓањето на христијанството на Исток и Запад. Oн датира од најраниот период на човечката цивилизација.” (The Catholic Encyclopedia, vol. 4, p. 517, art. “Cross”.)

“Но, кога починал Исус на крстот”, прашуваат некои, “зарем тоа крстот не го направил христијански симбол?”

Вистина е дека за мноштво на луѓе, крстот е поврзан со Христос. Меѓутоа, оние кои ја познаваат историјата и празноверните начини на кои крстот беше употребуван, посебно последните векови, можат да ја видат и другата страна на медајлата. Иако не звучи убаво некој прашал:

“Да претпоставиме Исус да бил убиен со пушка, дали тоа би била доволна причина околу вратот да се носи пушка или пушката да се стави на кровот на црквата?”

Kaтоличката енциклопедија на своите страници прикажува четриесет различни крстови.

Се наметнува прашањето:

Aко Римокатоличката употреба на крстот започнала со Христовиот крст, а не под влијание на паганството, поради што тогаш се користат толку различни видови на крстови?

Еден познат автор следново го напишал: “Oд повеќе врсти на крстови, кои сеуште се популарни како национални и црквени симболи, а кои се разликуваат според називот, како на пример ‘крст на свети Ѓорѓе’, ‘крст на свети Андрија’, ‘малтешки’, ‘грчки’, ‘aтински’, итн., не постои ниту еден постоењето на кој не датира од дамнешното античко време!”( The Pentateuch Examined, vol. 6, jp. 113.)

Kонечно ни останува прашањето: Исус починал на еден крст. Каков облик имаше тој крст?

Некои веруваат дека тоа едноставно бил маченички столб без никаква пречка.

Зборот “крст” aвтоматски асоцира на две парчиња на дрво кои се вкрстуваат во една точка под одреден агол.

Грчкиот збор во Новиот завет стаурус од кој е преведен зборот “крст”, не го означува категорички тоа значење. Самиот збор значи и вертикален столб или колец. ( Vine, An Expository Dictionary of New testament Words, p. 256.)

Што ако тоа средство на кое Исус починал е столб, а не крст во денешното значење на тој збор, како што веруваат сектата која е доста раширена во рамки на Република Македонија – Јеховините сведоци?

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.