Здраво срце

Здравото срце е срцето кое не  е  расипано. На Судниот ден ќе се спаси само оној кој ќе дојде кај Аллах со такво срце.

Возвишениот кажал:

88. на Денот кога никакво богатство, а ни синовите, нема од корист да бидат,

89. само тој што кај Аллах со чисто срце ќе дојде, спасен ќе биде.(Еш Шуара, 88-89)

Нерасипаното срце е нештетено и со тоа сочувано. Дошло во облик на збор, бидејќи означува особеност како што се зборовите: долг, краток, духовит. Нерасипаното срце е она чива нерасипливост е постојана особеност, како што е изразот: оној кој знае и оној кој може. Тоа срце е исто така спротивно на болното срце. Луѓето на различни начини говореле за значењето на нерсипаното срце.Заедничко е дека тоа срце кое се сочувало од секоја страст спротивна на Аллаховиот закон, и од секоја сомнеж спротивна од Аллаховото известување. Тоа срце се сочувало исто така од обожување на нешто покрај Аллах и барање на пресуда покрај пресудата на Пратеникот алејхи селам. Се сочувало од љубов кон некој освен кон Аллах; се сочувало од страв од тој некој, надеж према некој, ослонец кон некого, обраќање кон некому, подреденост на некого, давање предност на Неговото  задоволство и  се одалечило од неговата лутина. Ова е суштината на вистинското робување кое несмее да се искаже ни према кој освен наспрам Аллах, Возвишениот,  Единствениот. Нерасипаното срце е она срце кое се сочувало во придружување некого на Аллах од било кој аспект, туку своето робување во желбата, љубовта, ослонецот, обраќањето, скрушеноста, стравопочитта и надежта ја исчистило само за Аллах. Неговото дело е искрено само поради Аллах, па ако сака, сака поради Аллах, ако мрзи, мрзи поради Аллах, ако дава- дава поради Аллах, ако ускратува, ускратува поради Аллах. Не се задоволува со се додека не ја сочува покорноста и барањето пресуда од некој покрај Аллаховиот Пратеник алејхи селам. Човекот цврсто го врзува срцето за него и го зема за единствен водач во говор и во дела. Во ова спаѓа:

– Говорот на срцето – верување и говорот на јазикот, односно известување за она што е во срцето.

– Делата на срцето- желбата, љубовта,омразата и др. делови на телото.

За судија во сите работи се зема она со што дошол Пратеникот алејхи селам, било тоа мало или големо. Не се излегува пред него ни со верување, нити со говор, нити со дело.

Возвишениот вели: „ О, верници, не истапувајте пред Аллах и пред

Пратеникот Негов, и плашете се од Аллах!“(Хуџурат,1), т.е. не зборувајте додека тој не каже и не работете додека тој не нареди.

Некои од добрите претходници(селеф) кажале: „Нема ниедно дело, макар било и малечко, а да за него не се отворат две прашања: зошто и како, т.е. зошто нешто си сторил и како си го сторил?“

Првото е причина за делото, неговиот мотив. Т.е. дали е сторено поради некое минливо задоволство, овосветска цел или поради човечка пофалба, страв од луѓето, заради прибавување на некоја минлива работа, отклонување на некоја работа која не ја сака човек, или е мотивот робувањето, односно приближувањето кон Возвишениот Господар. Поента е дали си сторил нешто поради Својот Господар или си го сторил поради својот ужиток и страст. Второто прашање е следењето на Пратеникот, односно обожувањето на Аллах, т.е. дали тоа дело е пропишано со говорот на Аллаховиот Пратеник алејхи селам, или Тој тоа дело не го пропишал нити е задоволен со него.

Првото прашање е зависно од искреноста, а второто е зависно од следењето на Пратеникот алејхи селам. Аллах субханеху ве те ала не го прима тоа дело без тие две работи. Пат со кој се спасуваш од првото прашање е чистење на намерата(нијетот). А пат со кој се спасуваш од другото прашање е следење во говорот и делата- чување на срцето од желбите кои се спротиставуваат на искреноста кон Аллах и од страстите кои се спротиставуваат на следењето. Ова е содржината која го содржи спасот и среќата на срцето.

„Медицина на срцето и душата“ Ибн Кајим ел Џевзије

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.