Како да си ги поттикнеме длабоките мисли преку Куранот

Колку ние како верници размислуваме за Куранот, колку за него водиме сметка, колкав е удделот на Аллаховата Книга во нашите животи? Како го перцепираме Куранот? Дали само како извор на прописи и докази, или како нешто повеќе?

Куранот ни укажува на визијата на светот која секој муслиман мора да ја носи во своите гради. Да, Куранот ни зборува како секој муслиман треба да гледа на случувањата во овој минлив свет и на идниот, а исто така ни укажува на битноста на размислувањето за неговите пораки, ајетите на нашиот Господар.

Куранот како последна Аллахова објава, содржи мноштво на зборови и изрази од емоционално значење. Нивниот спомен укажува на битноста на емоциите внатре поединецот како единка и општеството во целина. Навистина, човечкиот живот е обоен со разновидни емоции кои влијаат на неговото внатрешно битие, како и надворешната манифестација во форма на дела и постапки.

Накратко, ќе се обидеме да ги наведеме основните области на психичкото и емоционалното здравје, со Курански ајети кои ги докажуваат.

Домашна задача за секој е после и во текот на читањето на овој текст да размислува за ајетите кои ќе ги цитираме и самиот себеси да се анализира во нивното светло.

Спознание на суштината на нашите сопствени чувства

Свеста за самиот себе е едно од најважните подрачја на кои се однесува емоционалната интелигенција. Познавањето на себе ја вклучува свеста за сопствените емоционални состојби. Без свест за сопствените емоции, управувањето со или над нив е неможно. Се додека човек не ја спознае природата на своите емоции, тој не е способен да разбере ниту да свати она што другите чувствуваат. Што повеќе ги познава своите емоционални состојби, личноста ќе биде во поповолна позиција да избере начин на кој ќе реагира во поедини ситуации.

Предуслов кој доведува до освестување на емоциите во човекот, е можност на разликување помеѓу она што човекот го чуствува и она што мисли. Откако личноста ќе стане свесна за своите емоции, треба да спроведува самоконтрола над своите емоционални состојби.

Емоционалната интелигенција се темели на препознавање на чувствата во моментот кога до нив дошло. Во непрекинато внимание на внатрешните емоционални процеси, се вклучува и умот кој додека го преиспитува искуството, во тоа преиспитување вклучува и преиспитување на емоциите.

Куранот како Аллахова последна објава на човештвото, советува и ги поттикнува муслиманите да продрат во битта на своите емоции, да настојуваат да ги протолкуваат и прифатат.

Свеста за самиот себе е основа на самодовербата и една од петте темелни одредници на емоционалната интелигенција. Во исламското учење таа е длабоко интегрирана, и на неа укажуваат бројни ајети на Чесниот Куран.

Ајети за размислување и поука

 Ние знаеме дека тебе, навистина те растажува тоа што тие го говорат. Тие, навистина, не те обвинуваат тебе дека ти си лажливец, туку неверниците ги негираат Аллаховите зборови.“ (Ел Енам, 33.)

Прашања:

– Можеме ли да замислиме или да осетиме како се чувствувал Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, додека луѓето го обвинувале и клеветеле?

– Како се чуствуваме денес кога за нас другите лошо зборат?

– Како реагираме на туѓото однесување?

– Дали возвраќаме со иста мера или се стрпуваме?

– Како планирате да го поправите сопственото однесување?

– Дали во текот на денот и ноќта сме свесни дека Возвишениот не гледа и ги знае нашите чувства и состојби?

– Кога ќе не затекне искушение, кому го изнесуваме нашиот јад и тага? И зашто?

„Самиот човек против себеси ќе сведочи.“ (Ел Кијаме, 14)

– Зашто е битно да се води сметка за своите дела и состојби на душата и срцето?

– Ќе има ли човек оправдување на Судниот ден, или сите тие исчезнуваат кога инсанот ќе биде сам против себе да сведочи? Што значи сведочење на самиот против себе?

– Можеме ли да се ставиме во позиција на оној кој сведочи против себе, и свесен е за своите гревови и зулуми, и знае дека го чека тешка казна? Можеме ли да ја почуствуваме тежината на неговата состојба, каењето во неговата душа, солзите во очите, темнината на лицето?

– Можеме ли да се ставиме на место на добротворот на Судниот ден? Да ја почуствуваме неговата среќа, задоволство, благодарност кон Возвишениот и љубовта кон Него?

„Па зошто тие поуката ја избегнуваат?“ (Ел Мудесир, 49.)

– Зашто луѓето ја избегнуваат поуката? Кое е тоа влијание на околината, семејството, имотот, општествената положба за нивното бегање од Вистината и од самите себе?

– Дали инсанот во денешно време заборавил на себе?

– Како да им се помогне на таквите? Како да се биде себеп за нивно упатство?

– Можеме ли некому да помогнеме ако сами не сме доволно (по)врзани со Аллах, џ.ш., и ако не го живееме исламот?

Поседувањето на вистинските емоции како пат кон емпатија

Емоционалната интелигенција е свртување кон нашите чувства и кон чувствата на оние околу нас. Таа бара правилен, внимателен и сомилосен одговор на туѓите чувства. Емпатија значи да се биде во можност да го согледаме проблемот од перспектива на другата личност.

Куранот упатува повик на обид на сваќање на емоциите кај другите и развој на сочувство со нивната состојба.

Да размислиме за следниве ајети:

„ Тој се намурти и се сврте затоа што слепиот му пријде.“(Абесе, 1)

– Зашто Возвишениот го споменал овој детал од животот на Пратеникот саллаллаху алејхи ве селлем, во сурата Абесе?

– Зошто тоа битно и за нас денес?

– Каков е нашиот однос кон социјалните случаи, послабите, понемоќните, болните?

– Дали сме добри само со оние кои се влијателни во општеството, а ги избегаваме ли оние кои не можат да ни обезбедат некаков дуњалучки интерес?

– Колку лица имаме во односите кон луѓето? Дали сме со убав ахлак само со оние од високи позиции, а лошо се однесуваме кон семејството или блиските?

– Колку ги сакам луѓето чисто во име на Аллах или во ниетот ни се вплеткал и некој друг интерес?

„Некои лица тој Ден ќе бидат блескави, насмеани, радосни. А на некои лица тој Ден ќе има прашина, ќе ги прекрива темнина.” (Абесе, 38.-41.)

– Што осознаваме од описот на лицата на среќниците и несреќниците во овој чесен ајет? Што им се гледа на лицата?

– Како го знаеме тоа?

– Можеме ли на оние околу нас да им забележиме кога се среќни, а кога се тажни? Како?

– Дали тоа не упатува на важноста на невербалната комуникација?

– Дали сме кадри да сочувствуваме со емоционалните состојби кај другите?

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.