Висинскиот ефект спомнат во Куранот

6:125 Оној кого Аллах сака да го упати – Тој срцето негово кон исламот го отвара (расположува), а оној кого сака во заблуда да го остави – Тој срцето негово го стегнува(тесно) и уморно го чини исто како да прави напор на небо да летне. Ете, така Аллах оние кои не веруваат без поддршка ги остава.

Едно специфично знаење кое е изложено во куранот столетија пред нивното научно откритие е врзано со составот на атмосферата.Сега е познато дека што повеќе се искачуваме спрема небото дека наидуваме на помалку воздух, а со тоа и кислород без кој нема дишење. Тие кои што летаат на големи височини, во авиони, балони, и слично чуствуваат оштра контракција во градите која предизвикува болка. Во седмо столетие никој не бил свесен за овој факт, посебно тие кои што живееле на простор кој бил со помали височини од 10000 стапки.

1.Научните факти за состојбата на човекот на големи височини.

А) Физиолошки доволно подрачје за човек нормално да живее е од морско ниво па се до 10000 стапки надморска височиа.

Б)физиолошки недоволно подрачје е од 10000 до 50000 стапки.Во оваа зона постои недостиг на кислород и ова резултира со некои симптоми на телото на човекот како што е појавата на хипоксија(недостиг на кислород) и деспаризам(низок атмосферски притисок)

В) Близок космос е над 50000 стапки. Човекот фактички неможе да живее на овие височини па дури и да внесува 100% доволен кислород. Тој би морал да носи космичко одело поради атмосферскиот притисок , студ како и дифиценција на кислородот.

  1. Симптоми во фаза на хипоксија

А) Од нивото на морето до 10000 стапки такви симптоми не постојат.

Б)Од 10000 до 16000 стапки физиолошкиот систем на човекот ја спречува појавата на симптомите на хипоксија, освен ако периодот на излагање е подолг. Дишењето станува побрзо и подлабоко, пулсот и крвниот притисок исто така растат.

В)На висина од 16000 до 25 000 физиолошкиот систем не функционира и неможе да го снабди организмот со доволно кислород и се појавуваат веќе спомнатите симптоми.Од тука се појавува и стисокот на градите.

В)Критичното подраачје е од 16000 стапки па нагоре. Во ова подрачје поради слом на нервниот систем човекот потполно губи свест. Тука се губат сите респиративни функции и организмот не е во состојба физиолошки да функционира.

3.Паѓањето на притисокот

Кога човек ќе се изложи на низок атмосферски притисок на големи височини( а тоаа се случува и со патниците на авионот кога ќе откаже системот за регулирање на притисокот), при тоа се појавуваат неколку симптоми како резултат на експанзијата на гасовите и нивното зголемување во човечкото тело. Гасовите заробени во празнините на човечкото тело, како што е стомакот ги притискаат градите и предизвикуваат тешкотија при дишењето, нелагодност и теснина воградите. Слична работа би се случила и во дебелото црево, белите дробови, забите, увото, синусите и сето ова би предизвикало оштри болки во телото. Баш како што и Куранот јасно ни спомнува:

-Тој срцето негово го стегнува(тесно) и уморно го чини исто како да прави напор на небо да летне.

Извадок од книгата: „Куранот пред науката и цивилизацијата“- диплом. инженер Мустафа Мливо

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.