Сократов тест кој може и денес да се примени

Ширење гласини, полувистини или пак невистини и дезинформации е еден од најлесните и најбрзи начини на ширење фитна и забуна меѓу луѓето. Затоа Аллах, џ.ш., во Куранот ни наредува: „О, верници, ако некој грешник ви донесе некаква вест, добро проверете ја, не знаејќи некому зло да не му направите, па, заради тоа што сте го сториле да се покаете.“ (Ел-Хуџурат,6.).

Сократ кој важел за голем мислител во Грција, од него ни се пренесува следниов настан.

Еден ден познаник му пришол и му рекол: „Знаеш ли што слушнав за твојот пријател?

Чекај малку“, му одговорил Сократ: „Пред да ми кажеш било што, сакам да ти направам мал тест. Се вика тест со троен критериум.

Троен критериум?“, запрашал познаникот.

Токму така“, продолжил Сократ: „пред да почнеш да ми кажуваш било што за мојот пријател, би можел за момент да размислиш дали тоа задоволува одредени критериуми.“ Првиот критериум е „вистина“. „Дали си потполно сигурен дека тоа што сакаш да ми го кажеш е вистина?

Не“, одговорил познаникот, „само што слушнав и…

Добро“, рекол Сократ: „значи, не си потполно сигурен дали е тоа вистина или не. Да видиме сега следниот критериум „добро“. Дали тоа што сакаш да ми го кажеш е нешто добро?

Не, напротив…

Значи“, продолжил Сократ: „сакаш да ми кажеш нешто лошо за него, а не си сигурен дали е точно. Се уште можеш да поминеш на тестот, затоа што има уште еден критериум – „корист“. Дали тоа што сакаш да ми го кажеш за мојот пријател, ќе ми биде корисно?

Не, не баш.

Па“, повторно рекол Сократ: „Ако тоа што сакаш да ми го кажеш можеби не е вистина, за мојот пријател не е добро, а за мене не е корисно, зошто воопшто би ми кажал такво нешто?

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.