Куранот говори за морските длабочини – втор дел

 

Куранот претставува вечна муџиза(чудо) која нема да застане се до Судниот Ден и достапен е на сите луѓе без обѕир на нивното културно и образовно ниво, и времето во кое се живее. Бедуинот во пустина , како и универзитетскиот професор, и двајцата ќе најдат во Куранот тоа што е за нив доволно за да веруваат.

Под овој наслов ќе ве запознаеме со професорот Дорја Рао, кој е специјалист на полето на океанската геологија и  моментно предава на Кинг Абдул Азиз Универзитетот во Џедда , Саудиска Арабија. Се сретнавме со него и му ги презентиравме бројните ајети(божествени стихови) од Куранот кои содржат научни докази за неговата вистинитост. Професорот Рао бил вчудоневиден со тоа што го чул и видел.

Читајќи ги толкувањата на некои Курански  ајети низ книги на одредени научни области наишол на следниов ајет:

24:40.  Или, пак,(делата на неверниците) се како темнини во длабокото  море кое го покриваат бранови еднинадруги, а над нив облаци: темнини еднинадруги натрупени така што, кога ќе се извади раката, ни прст не може да се види. На оној на кој Аллах не му дава светлина тој и нема светлина!

Професорот Рао потврдил дека научниците денес се запознаени со  темнините на океанот, за кои дознале со помош на подморниците кои овозможиле да заронат во океанските длабочини. Самите човечки суштества( без никаква опрема) не била во можност да се спуштат повеќе од 20-30 метри длабочина. Тие кои  ронеле во потрага по бисерите, го правеле во плитки води и небиле во можност да најдат начин  да достигнат длабочина поголема од наведената.

Човекот значи не е способен да преживее во длабоките и темни предели на океанот(200 метри под површина на водата). Меѓутоа во овој ајет се спомнува феноменот кој го наоѓаме само на огромни длабочини.

Од ова произлегува дека изјавата на Аллах која се однесува на темница во длабоките пространства на морето , не се однесува на секое море, од причина што не секое море може да биде опишано како море во кое темнините се насобрале една над друга. До оваква врста на „наталожена“ темница во длабочината на океанот доаѓа од две причини. Крајниот резултат е постепено исчезнување на на боите до кое доаѓа поради преминување на светлосните зраци од еден темен слој во друг. Сончевите зраци се сочинуваат од седум различни бои и при удир на светлината врз водата доаѓа до дисперзија(растурање) на зраците од кои настануваат овие седум посебни бои.

image001

На сликата (1) може да се види како светлосниот зрак минува низ длабините на океанот. Помеѓу 3% и 30 % од сончевите зраци се одбиваат од површината на морето.Потоа доаѓа до постепена апсорпцја на зраците.( Oceans, Elder i Pernetta, страна 27)

Горниот дел(најблизок до површината) ја апсорбира црвената боја во првите 10 метри. Значи доколку оној што рони би стигнал до длабочина до 30 м и би бил ранет, истиот не би можел да си ја види својата крв бидејќи црвената боја не се гледа на оваа длабочина. На истиот начин следува и апсорпцијата на портокаловиот зрак.

Потоа следи апсорпцијата на жолтите зраци на длабочина од 50 м. На 100 м длабочина исчезнуваат и зелените зраци , потоа на 200 повеќе не се гледаат ни сините зраци и таканатаму. Значи од ова согледуваме дека океанските води постепено стануваат се потемни  и  потемни и до таквото затемнување доаѓа во светлосни слоеви.

Што се однесува до втората причина поради која доаѓа до појава на затемнување на големи длабочини лежи во постоењето на многу пречки који ја засолнуваат светлината(како што се морските гребени, или пак облаците како што сега ќе видиме).

vnatresni branovi

 

Слика 2 Приказ на внатрешни бранови(Извор: Oceanography, Gross, страна 204)

 

Светлосните зраци за кои говориме доаѓаат од Сонцето и се апсорбирани од страна на облаците кои воедно и распрснуваат некои од нив. Како последица на ова, под облаците доаѓа до создавање на делумно затемнет слој на атмосфера. Ова е користејќи ја терминологијата на Куранот- првата темнина. Потоа овие зраци стигаат до површината на океанот каде еден нивен дел се одбива со морски бранови ,при што тоа дава блескав изглед . Од таа причина кога се бранува морето, доаѓа до различен интензитет на оваквата блескавост, поради различни агли под кои брановите и зраците се сретнуваат. Брановите , значи, одбиваат дел од светлината и со тоа предизвикуваат затемнување. Неодбиените светлосни зраци  продираат према длабочините на океанот и од тука водата на океанот се дели на два главни слоја:

-горен  и длабински дел. Горниот дел е карактеристичен по својата осветленост и топлина, а длабинскиот по својата затемнетост и студ.

 

Овие два дела на океанот имаат различни особености и дури и самите се одвоени со бранови(или струења). Ваквите внатрешни бранови се откриени дури во 1900-та година. Научниците дури од неодамна откриле дека постојат и внатрешни бранови кои се формираат помеќу слоевите9кои се со различна густина) на погустите места на нивното спојување. Овие внатрешни бранови ги покриваат длабинските води на морињата и океаните, бидејќи имаат поголема густина од водите кои се наоѓаат над нив. И овие бранови  може да се разбиваат како и надворешните бранови, но за разлика од нив внатрешните бранови неможе да се видат со голо око , туку мораљ да се детектираат по пат на инструменти и испитување на промената на температурата на соленоста на водата на некоја одредена локација.

Под овие  бранови кои ги раздвојуваат горниот и долниот дел од океанот доаѓа до вистинско затемнување. Рибите на оваа длабочина неможат да гледаат, бидејќи единствениот извор на светлината се всушност самите нивни тела. Значи ова се прекривки едни над други со темнина за кои што Куранот кажува :

„..се како темнини во длабокото  море кое го покриваат бранови еднинадруги,..“(превод на значењето 24:40)

 

Со други зборови кажано над овие бранови(прекривки) постојат уште пречки или слоеви кои се во облик на бранови. Ова секако се однесува на брановите кои ги наоѓаме на самата површина на водата.

Куранот потоа за тие темнини за кои станува збор ни вели:„ ..а над нив облаци: темнини еднинадруги натрупени..“(Превод на значењето на Куранот 24:40)

Значи до темнините на големи длабочини на морињата  и океаните  доаѓа поради сите спомнати пречки на кои светлината наидува, и поради апсорпцијата до која што доаѓа.

Куранот продолжува:„ кога ќе се извади раката, ни прст не може да се види. На оној на кој Аллах не му дава светлина тој и нема светлина!“ (превод 24:40)

Таму долу владее потполна темнина, што дури и подморниците мора со себе да носат светлински извор . Како ваквите информации му биле достапни на Мухаммед а.с.?

На професор Рао му ги презентиравме многуте ајети кои говорат за неговата потесна професија и специјалност и го запрашавме:„Што мислите за овие информации во Куранот? Како Пратеникот Мухаммед можел да знае за овие податоци пред 14 столетија?

Професор Рао одговори: „Многу е тешко да се заамисли дека вакви врсти на  спознавања постоеле  пред 1400 години. Можно е да за некои работи луѓето имале површно  разбирање, меѓутоа така детално да се опишат овие работи е сосема  тешко.Значи ова секако не е човечко знаење. Обично човечко суштество не било во можност да ги опише овие феномени со толку детали. Сметам дека овие информации дошле од некој натприроден извор.“

Секако дека ни природата ни човечката интелегенција не се изворот на неговите созннавања. Навистина овој говор е нешто натприродно, тоа е говор од Оној кој го познава и Универзумот и природата и човекот, како што самиот Куран ни кажува:

Кажи: „Го објавува Оној на кој Му се познати  тајните на Небото и Земјата…“

Куранот значи дошол од Аллах. Сите овие сведоштва на научници кои еден за друг ни ги потврдуваат овие научни чуда ни укажуваат на Упаството и Светлината која е во Куранот, бидејќи Куранот е извор на Упаството се до Судниот Ден.

 

 

 

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.