Аллах е високо над тоа да некој ја одбива Неговата наредба

Никој не може да ја одбие Неговата наредба и никој не може Неговата пресуда да ја одгоди и никој не може да Го надвладее.

Објаснување:

Семоќниот Аллах е Возвишен и никој Не Му е рамен и неможе да се спротистави на Неговата наредба во неговата пресуда, неговата моќ на создавање и неговата власт. Никој не Му е рамен ни во што од тоа, Никој не му е рамен во Неговите имиња и неговите особености. Тој е славен и возвишен! Никој не е како Тој!(Еш Шура, 11) Возвишениот вели: Затоа не припишувајте Му здруженик на Аллах, знаејќи го тоа.(Ел бекара, 22)

Кога Возвишениот Аллах ќе одреди нешто да биде, Тој тоа ќе го изврши(спроведе). Кога сите суштества би се здружиле да стекнат некаква корист која Аллах не ја дава или да се спречи штетата која Тој ќе ја одреди , не би имале начин тоа да го сторат. Возвишениот Аллах вели: „Ако од Аллах некоја неволја те погоди, – па, никој освен Него не може да ја отстрани; а ако некакво добро ти подари, па, само Тој е Семоќен,“(Ел Енам 17)

Исто така Возвишениот вели. „Милоста која Аллах ја дава на луѓето, никој неможе после Него да ја даде.“(Фатир, 2)

И вели: „и навистина Неговата наредба, кога сака нешто е само за тоа да каже: „Биди“ – и тоа бива.“(Јасин 82)

Кога Возвишениот ќе пресуди нешто таа пресуда е извршна, неможе да се побие: „А Аллах суди! Никој не може Неговата пресуда да ја побие и Тој брзо ги израмнува сметките..(Ер Рад 41)

Кога Аллах сака нешто, Неговата волја е извршна, не може да се побие. Таа е извршна над сите суштества! „Аллах прави што сака, но повеќето луѓе не го знае тоа.“(Јусуф, 21)

Заклучок:

Возвишениот Аллах е над се . Никој не Му е рамен ни во што. Никој и ништо не Му е слично. Неговата одредба не може да Му се одбие. Неговата пресуда не може да Му се одгоди. Никој не може да Го надвладее.

 

Тахавиева посланица- Хумејс

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.