Изгледот на една муслиманска куќа

Муслиманска куќа е прво медрасе, школа, од која излегуваат корисни членови, на ова општество и заедница. Од неа излегуваат водачи , алими, кадии, даии, борци на Аллаховиот пат, добри и честити жени, идни мајки – воспитувачки.  Кај изградбата на исламската куќа, Исламот прво го посветува вниманието на сопружниците, зошто тие се темели на оваа куќа. Така Аллаховиот Пратеник, алејхи селам  ги посоветувал младите , каква жена да изберат за своја сопруга при што вели:,, Жената се зема поради четири работи: богаство, потекло, убавина и вера“  –  но ти  ожени ја  онаа која има вера , ќе постигнеш многу добро! Исто така Пратеникот алејхи селам  рекол: ,, Дуњалук(овој свет) представува уживање, а најубаво дуњалучко уживање е хаирли(упатена) жена.“ ( Муслим)
Исламот ги потикнува верниците да ја изградуваат и разубавуваат нивната куќа со намаз, учење на Куран и зикр(спомнување на Аллах). Аллаховиот Пратеник алејхи селам  рекол: ,, Од вашите  намази, оставите нешто и за вашите куќи, и не правете ги вашите куќи, кабури(гробишта).“ ( Муттефекун алејхи)

Во муслиманска куќа треба да се чуе учење на Куранот, величување на Возвишениот Аллах с.т.  , зикр, зошто сето тоа укажува на исламски изглед на таа куќа, а со тоа и куќата се заштитува од лошо и демонско влијание. Поради тоа Аллаховиот Пратеник а.с. , не потикнал на учење на Куранот во куќите, особено учење на суре Ел-Бекаре. Пратеникот а.с. ги појаснил разликите за во куќа каде што се чини зикр и куќа каде не се спомнува и велича Аллах субханеху ве те’ала: ,, Пример на куќа во која се спомнува Аллах и куќа во која не се спомнува, иста е како пример на живиот и мртвиот.`  ( Бухари и Муслим) Колку ли се само муслиманските домови кои се живеалишта на џини и шејтани. Во нив не се учи Куран , ниту се  величува Аллах с.а., туку во таквите куќи се слушаат шејтански звуци и гласови. Од таквите куќи излегле мелеците, а живеат шејтани и џини. Пратеникот а.с. рекол:  ,, Добро се чувајте од музика, зошто навистина музиката го смалува срамот, а ги зголемува страстите, го уништува достоинството. “

Муслиманска куќа е чиста од слики, кипови, крстови, кучиња. Ајша р.а. рекла: ,, Аллаховиот Пратеник, не оставаше  во куќа ништо што има крст, а да тоа не го уништи.“  ( Бухари) А колку денес има кипови, крстови по муслимански домови, на завеси, на теписи, на плочки по кујни, бањи, , на облека, па дури и на сеџада(простирка за молитва), а за тоа да не сме свесни.  Да ги очистиме нашите куќи од сето ова споменато и да не сме немарни.

Муслиманска куќа е чиста од секакви неморални списанија, секакви тв програми со срамна содржина, секави интернетски безобразни страници. Муслиманска куќа добро води сметка за воспитувањето на деца , следејќи ги зборовите на Аллах субханеху ве те’ала : ,, О, верници, чувајте се себеси и вашето семејство од Џехеннемскиот (пеколниот) оган.“ и зборовите на Пратеникот а.с. . ,, Сите вие сте овчари и сите ќе бидете одговорни за своето стадо.“  Имам на кој му се дадени луѓе на поверување ќе биде одговорен за онаа што му е поверено. Мажот ќе биде одговорен за неговото стадо. Жената истотака ќе биде прашана за онаа што и е доверено. Убавиот исламски одгој на деца е закуска на родители на Судниот ден, како вели Пратеникот а.с. ,, Навистина, возвишениот Аллах, во Џеннетот(рајот) ќе ги зголеми степените на неговиот роб, па овој ќе го праша: ,, Господару, од каде ми е оваа, како сум го постигнал? Ќе му одговори: ,, Тоа си го постигнал поради опрост за тебе  од страна на своето дете.“ (Ахмед, ибн Маџе).

Муслиманска куќа е соградена на богојазност, и барање на Аллахово задоволство, па во таква куќа не влегуваат освен богојазни верници, добри луѓе.  Верник муслиман е разумен, ги одбира само добри пријатели верници, и добро друштво. Свесен е на Аллаховите зборови: Тој Ден, тие коишто си беа пријатели, непријатели ќе станат, освен тие кои се плашеа од Аллах и кои се чуваа од гревовите..“ (Ез- Зухруф 67)   Комшиите на муслимански куќи, секогаш од такви куќи доживуваат само добро и корист, селам(поздрав), насмеано лице, посета, убав поклон, корисен совет…

Го молиме Аллах субханеху ве те’ала да ги упати нашите семејства , нашите деца, и нашите потомци и да ги направи радост во нашите очи и срца,  и да ни ги опрости гревовите. Амин.

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.