Сили на привлекување

Гравитациони сили

13/2. Небесата кои вие ги гледате Аллах без столбови ги крена, и тогаш над Аршот се возвиши, и Сонцето и Месечината ги потчини, секој се движи до рокот одреден; Тој управува со сe и детално ги изнесува доказите, за да се уверите дека пред Господарот свој ќе застанете.

Аллах е Тој кој ги подигна небесата, како што гледате, без столбови. Потоа се утврди на Аршот[ Пиедестал]. И ги потчини и Сонцето и Месечината. Се тече до рок определен. Тој управува со наредбата и Тој потенко ги објаснува ајетите[ Знаците, божествени стихови од Куранот] за да се уверите во средбата со Господарот ваш.

Што го држи небото?

gravity_resize_md
Денеска научниците говорат за гравитационите сили кои ги држат небеските тела на одредени растојанија и спречуваат да дојде до меѓусобни судири. Како можеле да дојдат до вакви сознанија првите читатели на Куранот? Бог ни вели во Куранот дека Тој е Оној кој го подигнал Небото (55:7). И дека тој го држи да не падне на земјата (22:65) но како тоа Бог го прави? Да е автор на Куранот човекот, нему би му било многу лесно да го копира одговорот на ова прашање од библијата. Меѓутоа денеска никој на таков одговор не би му дал внимание, ниту би му верувал.

Во новата америчка библија нацртана е слика како авторите на библија го замислуваат светот. На таа слика небото потсеќа на превртена чинија, која е потпрена со столбови. Земјата на таа слика е рамна и потпрена со потпори. Потоа, после подолг опис на таа слика уредниците на библија заклучуваат дека таа идеја е „преднаучен концепт на универзумот“. Во време кога Куранот е објавен секој лесно би можел да поверува во тој опис кој што можел да се најде во библија, но тоа во модерното време луѓето го знаат малце повеќе.

Бог во Куранот вели дека Тој го создаде небото: (31:10). Повторно Бог вели во Куранот: Небесата кои вие ги гледате Аллах без столбови ги крена, и тогаш над Аршот се возвиши, и Сонцето и Месечината ги потчини, секој се движи до рокот одреден; Тој управува со сe и детално ги изнесува доказите, за да се уверите дека пред Господарот свој ќе застанете. (13:2). Овие  ајети го побиваат верувањето дека небото се држи на столбови кои го спречуваат да не падне на земјата. Гравитацијата е универзална привлечна сила која делува помеѓу материите. Таа е најслаба позната сила во природата и затоа не игра никаква улога на внатрешните карактеристики на метеријата. Но заради нејзината далекосежност и универзалност, таа сепак ја уобличува структурата и еволуцијата на sвездата галаксиите и целиот космос. Траекториите на телата на сончевиот систем се одредени со законот на гравитација, додека на земјата сите тела имаат тежина или сила на гравитација пропорцинална на нивната маса, која земината маса ја црпи на нив. Гравитацијата се мери со забрзување, кое го дава слободното тело кое што паѓа. На земјината површина гравитационото забрзување е 9,8 м/с, така да за секоја секунда објектот кој што паѓа зголемувањето на неговата брзина изнесува 9,8м во секунда.
“Зошто не гледаат кон небото над нив? Како Ние го кренавме и како го накитивме и како е без недостаток (во својата конструкција)? “
– Сура 31, ајет 10:
“Гледате како Тој ги создаде небесата без столбови…”

– Сура 55, ајет 7:
“И Тој небото го крена… “
– Сура 22, ајет 65:
…И Тој го држи небото да не падне на земјата, освен, секако, со одобрението Негово… “
Се знае дека оддалеченоста на небеските маси на големи дистанци, пропорционални на големините на самите маси, претставува основа за нивната рамнотежа. Колку што се масите пооддалечени, толку се силите на привлечноста помеѓу нив послаби. Колку што се поблиски, толку повеќе дејствуваат една на друга: таков е случајот со Месечината, блиска со Земјата (се мисли на астрономски концепт) која според законот на привлечноста влијае врз морската вода, а оттаму доаѓа и феноменот на плимата. Ако две небески тела се приближат премногу, судирот е неизбежен. Гравитација или Земјина тежа е природниот феномен кој им дава тежина на предметите. Уште една дефиниција за гравитацијата е дека тоа е привлечна сила помеѓу две тела. Во секојдневниот живот, привлекувањето поради гравитацијата е резултат на постоењето на релативно големи тела, како што се Земјата и Месечината. Гравитацијата не само што предизвикува привлекување кон релативно големите тела, туку влијае и на површината на небесните објекти, предизвикувајќи плими, земјотреси, па дури и вулкански ерупции, како што е примерот со Ио – најблискиот сателит на Јупитер. Гравитацијата е единствената сила способна да предизвика формирање на планети, ѕвезди и галаксии. Таа е и причината поради која небесните тела се движат по предвидливи патеки.

Историјат

Поимите за гравитацијата за прв пат во науката ги вовел Галилео Галилеи во 16-17 век. Со познатиот експеримент со фрлање на топчиња со различни тежини од Кулата во Пиза, докажал дека гравитацијата подеднакво ги забрзува предметите. Галилео докажал дека веројатно отпорот на воздухот, а не гравитационата сила како што претходно сметал Аристотел, е причината што полесните објекти паѓаат побавно.

Во 1687, Исак Њутн заклучил дека гравитационата сила е правопропорционална со масите на телата, а обратно со квадратот од растојанието помеѓу центрите на телата, и тоа го потврдил со експеримент. Теоријата на Њутн доживеала голем успех кога преку неа било предвидено постоењето на Нептун врз основа на движењата на Уран кои не можеле да се припишат на влијанието на другите тогаш познати небесни тела.
Во 1915 Ајнштајн во Општата теорија на релативноста ги припишал ефектите на гравитацијата на закривување на време-просторот, наместо на некаква механичка сила. Според Општата теорија, слободното паѓање на едно тело е всушност инерцијално движење на објектот, во однос на статичниот набљудувач на земјата. Во Њутновата физика, вакво забрзување не може да настане, освен под дејство на механичка сила.
Ајнштајн предложил дека простор-времето е закривено од самата материја, и дека предметите при слободно паѓање всушност се движат по локално прави патеки во закривениот простор-време. Ајнштајн ги открил и равенките за полето на општата релативност, кои го поврзуваат присуството на материјата со закривеноста на простор-времето. Равенките за поле на Ајнштајн се систем од 10 нелинеарни диференцијални равенки. Нивното решение се компонентите на геометријата на простор-времето, и патеките на движење на инерцијалните објекти се пресметуваат од тука. Ајнштајновата теорија, иако попрецизна, е многу комплицирана; поради тоа во пракса сѐ уште многу почесто користат Њутновите закони.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.