Зошто муслиманите се поделиле

Возвишениот Аллах, вели: „Поради тоа што луѓето го прават се појави метеж и на копното и на морето, за Тој да им даде да почувствуваат дел од казната поради тоа што го прават, за да се поправат.“ (Ер-Рум, 41)

Еден од најголемите нереди кој што може да биде направен е нарушувањето на меѓусебните врски, а кој се појавува како резултат од следењето на страстите или правењето сомнителни дела. На патот кон постигнувањето на зацртаните цели, желбите и страстите поттикнуваат да се прави неправда кон друг, а оттука и појава на бројни несогласувања и почеток на поделба.

Секогаш меѓу луѓето се појавувале судири токму тогаш кога нивните интереси би се судриле и кога истите би и се покориле на сопствената страст која би им го диктирала нивниот начин на размислување и градење на одредено сфаќање. Ако луѓето, во некој случај, сосема  му се покорат на Аллах и Неговиот Пратеник, а.с., во тој случај би била отстранета првата и најважна причина за нивното разидување, па макар и не се совпаѓале нивните ставови за одредени и наметнати прашања. Главната причина за разидувањето не лежи во разликите по одредени сфаќања, туку страста е таа која поттикнува, човекот којшто застапува одреден став, да биде упорен во неговото пропагирање, и покрај тоа што претходно му се открила правата вистина.  Значи, се работи за тоа, личниот углед да се става на едниот тас од вагата, а вистината на другиот, каде што од претходно веќе се знаело дека неминовно ќе превагне тасот застапен од личниот углед!

Токму поради ова ни дошла пораката, дека при борба треба особено да бидеме покорни на Аллах и Неговиот Пратеник, а.с., бидејќи тоа е постапка со која се вбризгува едно начело без кое борбата е невозможна. „О, верници, кога ќе се судрите со каква било чета, бидете смели и непрестајно Аллах спомнувајте Го, за да го постигнете тоа што го сакате. – и покорувајте им се на Аллах и на Пратеникот Негов и не расправајте се за да не потклекнете и без борбениот дух да останете; и бидете издржливи, бидејќи Аллах е навистина на страна на издржливите!“ (Ел-Енфал, 45-46)
Што се однесува до сомнителните работи и неправилните толкувања кои одат во прилог на нив, па поради тоа луѓето и се оддалечиле од вистината и прифатиле мислења и ставови кои се спротивни едни со други! Меѓу најјасните докази за таквите разидувања е тоа што овој уммет ќе се подели на седумдесет и две групи, застранувајќи на тој начин од вистинскиот пат. Исто така, следењето на страстите и сомнителните работи е причина за појава на многу болести кои гарантираат само расцепување на ’саффот’ и поделба во рамките на умметот. Можеби, следниве болести се најважни за таквата појава:
Прва: неправичност и насилство
Шејху-л Ислам, ибн Тејмијје, рхм., кој имал обилно искуство со своите неистомисленици, рекол: „ … А ти, ако добро би размислил за сето она што се случува од големите разидувања во рамките на овој уммет, меѓу неговите научници, побожните, лидерите и старешините, би забележал дека тоа во голем дел е поради неправичноста, било тоа протолкувано или непротолкувано! Затоа Џехмиите биле неправедни кон следбениците на Суннетот за искушенијата во врска со сифатите (Аллаховите, џ.ш., особини) и Куранот, како што било и со имамот Ахмед и други. Поради тоа и Рафидиите (ортодоксна шиитска секта) биле неправични кон следбениците на Суннетот во многубројни случаи. Исто така и Насибиите претерале во однос на Алија, р.а., и Ехли бејтот, потоа, Мушеббиите кон Мунезилите, но и некои следбеници на Суннетот биле неправедни како кон себеси, така и кон некои новотари кои биле неумерени кон Аллаховите наредби, а тоа всушнот било претерувањето кое што е спомнато во зборовите на Возвишениот: „Господару наш, прости ни ги гревовите наши и неумереноста наша во постапките наши“
Втора: Воодушевеност со себеси
Воодушевеноста со самиот себеси произведува допадливост кон своето мислење и став, но од неа се јавува и ароганција кон другите. Отткука човекот станува цврст во своето мислење дури и ако тоа е неправилно, и ги потценува сите различни мислења, иако тие се правилни. Вистина е само тоа што тој го вели, а се друго спротивно на неговиот став е веќе осудено како неправилно. Меѓутоа, ако таквиот, барем на кратко време, се посомнева во својата душа, и ако сознае дека токму таа е таа која секогаш го повикува на непослушност, со тоа би отстранил голем број разлики и разидувања. На таквиот, и нашиот Пратеник, а.с., би му бил вистинскиот пример, за кој Возвишениот Аллах, рекол: „Со Аллаховата милост ти си благ кон нив. А да си груб и со тврдо срце, би се разбегале од твојата близина.“ (Али Имран, 159)
Затоа, ако особините на љубезност и благост се особини кои се најприоритетни со кои треба да се закитат верниците, тогаш е поголема потреба, а уште поголема неопходност да се најдат кај тие што се определиле да бидат носители на Шеријатското знаење, давет, фетви…
Трета: Лошо мислење за другите
Ваквиот, сите луѓе ги набљудува во општо црнило; нивното размислување е погрешно, тие се со лоши намери, нивните постапки се неправилни, нивните мислења сомнителни.. Секој пат кога ќе слушне некоја добра вест, тој ја негира или ја толкува на свој начин. Секогаш кога некој се спомене по некоја заслуга или вредност, тој го спомнува по нешто неубаво или го осуди. Често се занимава со намерите и желбите (кои му се како гајб, непознати) на другите, а да не зборуваме за очигледните постапки и надворешни дела. Секогаш ги осудува неистомислениците пред да се увери во нивните мислења или ги слушне нивните докази. За работите да бидат уште полоши, тој не се задоволува со сето ова, туку дозволува неговиот јазик да биде толку слободен да може да нарушува нечија чест со пцовки, потвори, навреди, следење на човечките недостатоци и погрешки.  Ако, во некој случај, би бил толку побожен и свесен па се воздржува од говорот што ја нарушува честа на другите – од него повредни лица –  тогаш повторно би посегнал со осудување, но овој пат со давање на знаци и содветни движења за таа цел, кои понекогаш се по одвратни и полицемерни. Како на пример, со климање на главата, искривување на устата, вртење, правење гримаси, наборување на челото… „Ти навистина ги гледаш тие луѓе како осудувачи и касапи! Секогаш кога ќе се сретнат со група на даии (мисионери), меѓу нив избира своја жртва (како курбанот) врз која ќе истрела проектили на одвратни изрази, но кои ќе излетаат токму од неговата уста како стрела од средина на лакот, и ќе го погоди на сред пат. Па потоа ќе каже: „Тргнете ја пречката, бидејќи тоа е дел од иманот!“
Четврта: Љубов во докажувањето при расправа со другите
Тоа што поттикнува кон вакво нешто е покорноста на сопствените страсти, или пак, недоволното разбирање, безделничареност и бегањето од корисните постапки. Имамот Ахмед, а и некои други покрај него, го забележиле преданието од Ебу Умаме, дека Аллаховиот Пратеник, а.с., рекол: „Ниту еден народ не заталкал после неговото упатување, освен поради тоа што луѓето (претерано) се препирале!“ Потоа препорачал: „А ти го наведуваа како пример само за да предизвикаат кавга, бидејќи тие се кавгаџиски народ.“
Имамот Јусуф, приврзаник на имамот Ебу Ханифе, рхм, рекол:
Ибн Кутејбе, рхм., опишувајќи ги особините на нашите праведни претходници, рекол: „Во нивното време водени се дискусии за јасни, практични и актуелни прашања, за прашања со кои луѓето постојано се соочуваа – во тоа Аллах им дал корист и на ораторите и на слушателите. Спротивно на тоа, за поголемиот дел од денешните дискусии е непотребно детално прикажување за прашањата кои поминале и кои, веројатно, нема ни да се случат. Главна цел станало откривањето на мистериозното, темелно проучување на чудното и непознатото, одговарање на претходно кажаното… Во нивното време се воделе дискусии за споредбата на сабурот со шукурот и преферирањето еден над друг, за шејтанското дошепнување и зли мисли, за ограничувањето на желбите и страстите; а денешните теоретичари расправаат за човечката способност и волја, причинско-последичностите, делот од суштината, акциденцијата (случајностите) и суштината. Сите нивни говори се сведени на извесност и збунетост. Тие стојат збунети помеѓу мноштвото идеи и патеки, а страста ги води по поводниците на пропаста…“
Меѓутоа, откако луѓето се впуштиле во меѓусебни расправии, нивните страсти ги оддалечиле. Амр ибн Кајс, рекол: „Го прашав Ел-Хакем ибн Утба: „Зошто луѓето принудно им се вратиле на своите страсти? Рече: „Поради расправиите!“
Се пренесува од Еби Килабет, кој го доживеал времето на неколку асхаби на Аллаховиот Пратеник, а.с., дека рекол: „Не дружете се со луѓето кои се расправаат и караат, бидејќи не сум сигурен дека нема да ве допрат некои нивни заблуди, или тие да не ве одвратат од делата на тоа што претходно сте го знаеле!“
М’ан ибн Иса, рекол: „Еднаш Малик ибн Енес излезе од џамијата, потпирајќи се на мојата рака, го сретна човекот кој се викаше Ебу Хуријех, за кого се зборуваше дека е носител на идејата за Ирџа, и му рече: „О Аллахов робе, слушни ме што ќе ти кажам, како ќе ти наведам аргументи и ќе те запознам со моето мислење!“ Тој рече: Што ако ме надзборуваш? Рече: Ако те надзборувам, тогаш и следи ме! Му рече: А што ако дојде некој човек и тој се вклучи во разговор со нас и двајцата не надзборува! Рече: Тогаш ние ќе го следиме него! Потоа Малик, рхм., му рече: „О Аллахов робе, Возвишениот Аллах го испратил Мухаммед, а.с., со една вера, а забележувам дека ти сакаш да одиш од една вера во друга!“
Во една прилика некој човек дошол кај Хасан ел Басри, па му рекол: „О Ебу Сеиде, дојди да  расправаме за верата! Хасан му рекол: „Што се однесува до мене лично, јас ја спознав својата вера, а ти, ако си ја изгубил својата вера, тогаш побарај ја!“
Поради сето горенаведено, ако расправата и несогласувањата се осудени во секој случај, тогаш таа осуда е пожестока кога е направена со обичните луѓе кои се неуки! Расправата и надзборувањето на другите треба особено да се остави тогаш кога од неа нема никаква корист..
Го молам Возвишениот Аллах да нè оддалечи од искушението на следење на страстите и желбите, и да нè врати во закрилата на Неговата вера, да ги обедини нашите срца.., и нека е секој мир и благослов на нашиот Пратеник, неговото семејство и сите асхаби!
Преземено од: Минбер.ба

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.