Кој е лекот за грињи и други мали паразити кои живеат со нас?

Дали сте знаеле дека во вашиот кревет живеат микроорганизми, грињи и бактерии кои можат да предизвикаат дури и сериозни заболувања?

Грињите живеат во постелнина, душеци и перници. Живеат и на човечкото тело, односно кожа.

Всушност во нашиот кревет навистина живеат вистински мали чудовишта. Доволно мали за да не ги видите со голо око. Се хранат со одумрените клетки кои отпаѓаат од човечката коса, нокти и кожа.
Спалните соби се главно мрачни, што е совршена атмосфера за размножување на грињите, ситните животински организми кои се хранат со прашина, односно со остатоци од човечка кожа. Во нивниот измет се наоѓа извесен протеин кој предизвикува алергиска реакција кај луѓето.

Лекот за овие суштества ни го предочил Пратеникот Мухаммед алејхи селам пред повеќе од 1400 години. Тоа е праксата на тресење на перниците и ќебињата која можеби некој не учел во војска, но за разлика од армијата која само тоа го прави по спиење, Мухаммед алејхи селам ни кажал дека тоа треба да се направи и пред спиење.

Ебу Хурејре р.а. пренесува од Пратеникот алејхи селам дека кажал:

„Кога некој од вас си оди од постела или се враќа во неа нека убаво ја прегледа и протресе постелнината три пати бидејќи незнае што во неа после него останало.“

Ова го потврдиле и самите научници кои ги вршат испитувањата за овие паразити и кои на разни начини се обидувале со помош на микроскоп да најдат начин како да се уништат овие паразити. Тие не успеале во тоа и единствен метод бил со протресувањето на материјалот на кој се наоѓаат мртвите ќелии по што паразитските организми отпаѓале.

На ова исто така треба да се поврзе и немиењето на телото со вода која што многу делотворно ги исфрлала штетните бактерии кои живеат на нас а кое што Пратеникот алејхи селам не поучил дека хигиената и чистотата е половина вера. Тоа го гледаме со миењето со вода после голема и мала нужда, туширање после сексуален однос, пожелно капење пред петочната молитва, ритуално миење – абдест пред секоја од петте обврзителни молитви за што се изготвени многубројни студии. Сите тие покажале на полезниот и добар здраствен ефект кој го даваат овие навики во отклонување на штетните бактерии на кои секојдневно сме изложени и се причина за разно разни болести, кожни заболувања, стареење, инфекции и слично.

Меѓутоа, не сите минијатурни нешта кои живеат во нашиот кревет се живи суштества. Тука има и опасни гасови кои, верувале или не, можат да предизвикаат исто толку сериозни заболувања.
Погледнете го видео записот со неверојатни микроскопски фотографии кои ќе ви ги доловат вашите “цимери” во спалната соба!

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.