Куранот говори за морските длабочини

150420122828_1_900x600

„или пак, како темнините во длабокото море кое го
прекриваат бранови едни над други, над кои се
облаците, сè темнини едни над други, и рака да
извадиш, тешко дека ќе ја видиш – а тој на кого
Аллах нема да му даде светлина, нема ни да има
светлина!“(Куран, Ен Нур, 40)

Овој стих говори за темнините кои се наоѓаат во длабочините на морињата и океаните, каде што, ако човекот ја погледне својата рака не би можел да ја види. Темнината која се наоѓа во длабочината на морињата и океаните започнува некаде околу длабочина од 200 метри па надолу. На оваа длабочина, скоро и да нема светлина. Под далбочина од 1000 метри не постои светлина воопшто. Човечките суштества не се во можност да нуркаат повеќе од четириесет метри, без потребната помош на подморската специјална опрема. Човечките суштества, без помош, не можат да преживеат, во длабоките темни делови на океанот, како што е длабочината од 200 метри.

Помеѓу 3 и 30 проценти од сончевата светлина се рефлектира на морската површина. И скоро сите седум бои на светлиот спектрум се апсобираат една по друга, во длабочината од првите 200 метри, освен плавата боја. (Океаните, Елдер и Пернета, стр. 27)

Научниците ја имаат од неодамна откриено оваа темнина со помош на средствата на специјалната опрема и подморницата, со што им беше овозможено да нуркаат во длабочините на океанот.

Исто така предходниот пример можеме да го разбереме од стихот, „…темнини во море кое го прекриваат бранови едни на други, а над нив облаци…“, дека длабоките води на морињата и океаните се покриени со бранови, и дека над тие бранови се наоѓаат други бранови. Сигурно е дека следната група на бранови, се брановите на површината кои можеме да ги видиме, затоа што во стихот е наведено дека под следниот бран се наоѓаат облаци. Но што е со првиот бран? Научниците неодамна откриле деке постојат внатрешни бранови кои „влијаат на густината помеѓу слоевите на различната густина“.

Внатрешните бранови помеѓу два слоја на вода со различна густина. Едниот е густ (понискиот), другиот е помалку густ (повисокиот). (Океанографија, Грос, стр. 204)

(Површински бранови, внатрешни бранови; перспектива; помалку густа вода; густа вода)

Внатрешните бранови ги покриваат длабоките води на морињата и океаните, затоа што длабоките води имаат повисока густина од водата над нив. Внатрешните бранови функционираат исто како и површинските бранови. Тие исто така можат да се прекршуваат, како и површинските бранови. Внатрешните бранови не можат да бидат видени со човечко око, но можат да бидат лоцирани со проучувањето на температурата или пак на промените на солта на дадена локација.

Подготвил Ебу Абдулмалик

Литература:

1.Океанографија , Грос

  1. Океаните, Елдер и Пернета

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.