Забрана за бесправно убиство

Бесправно пролеаната крв Божјиот Пратеник ја поврзал уште со првите луѓе на Земјата.

Тој не известил во веродостојно предание: „Кој ќе биде убиен бесправно, дел од неговата крв се припишува на првородениот син на Адем бидејќи тој прв ја вовел праксата на убивање.“[1]Претпоставете си дека сите наши добри или лоши дела имаат свои следбеници. Ова директно ја објаснува наследната пракса присутна кај луѓето наречена обичај. Доколку тој наш обичај, таа наша пракса произвела зло, таа има и зли следбеници. Доколку таа наша пракса произвела добро, тие плодови се добри и раѓаат добро.

Пратеникот Мухаммед (ﷺ)укажал на штетноста на вршењето бесправно убиство и со следниов пример: „Ќе дојдат убиениот со својот убиец на Судниот ден и ќе го држи за неговото чело и глава, а од неговите вени ќе капе крв, па ќе каже: „Господару мој, запрашај го овој, поради што ме убил?“[2]Семоќниот Создател, нè предупредува:„…ако некој убие некој кој не убил никого, или некој што не прави неред на Земјата – како сите луѓе да ги убил; а ако некој биде причина за нечиј живот да се сочува – како на сите луѓе животот да им го сочувал!“ (Ел Маида, 5:32)Уништувањето и одземањето на еден невин човечки живот е како да си ги убил сите луѓе.Исто така, кога ни кажува за големината на создавањето на еден човек и неговото постоење, Тој, Семоќниот нè известил:„Создавањето ваше и оживувањето ваше исто е како да се создаде и оживее еден човек; Аллах, навистина, сè слуша и сè гледа.“ (Лукман, 31:28)Единиот Бог ни укажува на Неговата сила и моќ на создавањето и штетата од уништувањето на само едно невино човечко(или друго) живо суштество.

Всушност, комплексноста на еден човек е исто така слична со комплексноста на целиот универзум. Ова, секако, денес ни е многу појасно преку науката, од структурираноста на микросветот кој постои во нас икоја е многу сложено поставена.Таква сложеност постои во секој нуклеус, атом и секоја клетка на нашето тело, каде се забележува едно совршенство, една организираност, односно процес на размена на енергии кој постојано се одвива. Тој процес како во нашиот организам така и во околината е воден и се одвива вон наша постојана контрола или надгледување. Еден сосема мал универзум дејствува во нас, а тоа како дејствие нè ни пречи и не влијае врз нашите нормални функции на гледање, слушање, размислување и други активности.Со сите тие активности ние учествуваме во овој засебен систем, на една „мала“ планета, во близина на една „мала“ ѕвезда, во средина на една „мала“ галаксија, во центарот на една „мала“ вселена, помеѓу милијардите сонца и ѕвезди и помеѓу илјадниците галаксии и помеѓу други слични и поголеми вселени.Тие можеби се недостижни за нас, но сосема блиску се до нашиот разум и разбирање. Замислете колку оваа духовно поткрепена мисла денес се поклопува со современите трендови во човештвото.

Заштитата на туѓиот интегритет и мир, особено ако е некој слаб и не е можно сам да се одбрани (жена, деца, старци) е верска должност и обврска.[3] Ова е една од врвните цели и идеали, а тоа е заштита на интегрирано општество во кое безбедноста на луѓето, на нивните идеали и на нивното секојдневие треба да остане хармонизирано. Ние како луѓе постојано ќе се жртвуваме таа хармонијата да преовлада, особено во едно општество на праведност.[4]Спречувањето на злото еобврска кон градењето на една заедничка иднина во која треба да бидеме посветени не само за да ги спасиме физичките, туку и духовните вредности на човештвото. Тоа идно универзално братство без тие концепти и вредности нема да успее и нема да биде потполно.

[1]Бухарија

[2]Тирмизи и Ахмед

[3]Што ви е, зошто не се борите на Аллаховиотпат за немоќните, мажите, жените и децата коивелат: „Господару наш, избави нè од овој градчиишто жители се насилници, одреди ни одТебе заштитник и дај ни од Тебе помагач!“(Ен Ниса/75)

[4]Штом некој од нив се сврти од тебе, тргнувапо Земјата неред да прави, уништувајќи ги посевите и добитокот. А Аллах не сака неред!(Ел Бекаре, 205)

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.