Добро проверете ја секоја вест

1422493303787Во време на секакви политички, социјални, морални, културни и какви ти не други кризи, и многубројни искушенија и неволји кои се рушат на општеството, во време кога луѓето со морал, чесност, праведност, храброст и добрина се дефицитарна  „стока“ и прав раритет, до израз доаѓаат морални накази, лицемери, полтрони, лажговци, кукавици, безрбетници и нечесни луѓе.


Тие излегуваат на површина како полжави после дожд и со своите отровни јазици а на крилјата на бујна фантазија, каква само означените лажговци и кукавици имаат, атакуваат на туѓата чест и достоинство ( а како и не би кога сопствената чест и достоинство го згазиле) и шират лаги и забуни во општеството.
Во големи искушенија се откриваат искрените верници и мунафиците

Горната констатација ја потврдуваат и зборовите на шејхул-ислам Ибн Тејмијје, кој опишувајќи ја татарската наезда на која и сам бил сведок, како една од најголемите искушенија кое го затекнало исламскиот уммет, помеѓу останатото, запишал: „Неопходно е  разумните и разборитите луѓе да земат поука од законитостите и случувањата со кои Аллах ги искушал во животот, а посебно од случките како татарската наезда која од темели ги потресе човечките срца и чие зло се раширило по сите центри на исламското царство.

Треба да се каже дека во времето на таа наезда се појавиле водачите на лицемерството,  неверството ги покажало своите погани заби, и изгледало дека со појавата на Татарите ќе исчезнат исламот и муслиманите  од Земјата. Мунафиците и оние со болно срце изјавиле дека Аллах и Неговиот Пратеник, с.а.в.с., на муслиманите им ветиле само измама и ништо повеќе. Настанала забуна која и најтрезвените луѓе ги направила збунети и несигурни, па изгледале како пијани, живееле помеѓу сонот и јавето.

Поради силината на таа забуна, муслиманите се игнорирале меѓу себе и се правеле како да не се познаваат, така да на човек не му останало ништо освен да се грижи за самиот себе за да се спаси. Било тоа време на забуна во кое Аллах ги раздвоил искрените верници од оние во чии срца имало болест и лицемерие. Аллах на високи степени ги издигнал некои луѓе, а некои пак ги понижи толку што го допреле самото дно на понижувањето и срамот.
Во морето на таа забуна, луѓето се поделиле на среќни и несреќни, како што ќе се поделат и на Судниот ден, и главна грижа им било да се спасат само себе. Поради тоа, многумина не обрнувале внимание на сопствените деца, ниту на својата чест. Се открило она што го криеле
во своите гради.“

Сведоци сме дека и денес уметот, покрај сите кризи, покрај сите злосторствата и геноциди кои ги доживува и од кои неможе да се опорави, а веројатно никогаш нема да се опорави, го затекна и искушение за кое зборуваме, појава на велепредавници и лажговци кои поради кукавичлук и страв за своите бедни животи, бидејќи поради недостаток на искрена вера и исправно расудување, се убедени дека муслиманите се сигурни губитници во сеопштата антиисламска борба, и се сложиле да бидат чираци и слуги на антиисламската кампања.
И после не е ни чудо што медиумите се преплавени со сомнителни приказни и дезинформации за злосторства кои ги направиле чесните и храбрите борци за слобода.

Такво планско ширење на дезинформации, фабрикување, монтирање во иднина сигурно ќе има уште повеќе, а посебно поради фактот дека интернетот е особено искористиво средство за таков вид борба, бидејќи по пат на социјалните мрежи информациите се шират и се пласираат со брзина на светлост и во еден миг се достапни на милиони конзументи.

Веста ја менува свеста

Поради сето тоа, во овој текст сакаме да свртиме внимание на едно важно исламско правило, односно на особината на ахлакот која исламот ја пропишува, не како лек, туку како превентива на забуната и нередот во општеството, а тоа е проверување на вестите. Живееме во време кога секоја и најмала информација би морала да се провери и потврди за да не дојде до забуна, бидејќи веста и тоа како влијае на луѓето или како што е речено, веста ја менува свеста.

Ширење гласини, полувистини или пак невистини и дезинформации е еден од најлесните и најбрзи начини на ширење фитна и забуна меѓу луѓето. Затоа Аллах, џ.ш., во Куранот ни наредува: „О, верници, ако некој грешник ви донесе некаква вест, добро проверете ја, не знаејќи некому зло да не му направите, па, заради тоа што сте го сториле да се покаете.“ (Ел-Хуџурат,6.).

Коментирајќи го овој ајет, шејх Мустафа ел-Мераги, рекол: „Ајетот ни порачува да застанеме кај веста, добро да ја провериме и никако да не се потпираме на зборови на грешник (фасик) кој ни ја пренесува таа вест, бидејќи кога тој не држи до чесност, тогаш нема да обрнува внимание ни на лагите кои ги изнесува.“

Во овој ајет всушност на имплицитен начин се свртува внимание на важноста на средствата за информирање и нивното влијание на луѓето. Затоа средствата за информирање мора добро да пазат од кого земаат и пласираат информации, бидејќи доколку вестите и информациите ги земат од нечесни луѓе и фасици, тогаш таа вест, која во основа е ноторна лага и измислица, кај многу луѓе ќе биде сфатена и прифатена како вистина и може да предизвика пожар на забуна кој ќе остави катастрофални последици во општеството.

Интересно е дека веднаш после тој ајет следат ајети кои зборуваат за меѓумуслимански судири, а тоа значи, како што  забележал Фахрудин ер-Рази во својот тефсир, дека лажната вест, дезинформацијата, може да доведе до меѓумуслимански судир и убивања.
Колку војни се започнати поради вест на лажго која е прифатена како вистина, колку невини луѓе, цивили, жени и деца, страдаа во Ирак поради американската пропаганда и дезинформација за ирачко поседување на хемиско оружје, колку фирми и претпријатија се уништени поради лажни вести и пропаганда, колку луѓе завршија во затвор, колку бракови се раскинаа и колку семејства се уништија, колку омраза произведе, колку солзи се пролеаја, колку градови се срушија, колку добра се уништија, колку деца се расплакаа, поради дезинформации?!

И без оглед на тоа колку некоја вест и информација ни изгледа вистинита и убедлива, без разлика на тоа што, од овие или оние причини,  не се сложуваме со оној за кој некој нешто пренел и рекол, да не ги прифаќаме информациите, да не осудуваме и да не донесуваме решенија без претходна проверка. Посебно ако таа информација доаѓа од нечесен човек, од фасик, бидејќи фасик е расипан човек, грешник и престапник кој воопшто не држи до Аллаховите граници.

Кон информациите да се однесуваме онака како тоа го правел Сулејман, а.с., кога, откако птицата Худхуд му објаснила поради што била отсутна и му донела вест за кралицата од Саба и нејзиниот народ кој на место на Аллах, му се клањале на сонцето, иако бил многу лут на Худхуд, Сулејман, а.с., рекол: „Ќе видиме,“ – рече Сулејман – „дали ја зборуваш вистината или не.“ (Ен Немл, 27.) Т.е., ќе провериме дали твојата информација е точна или не.”

Да не бидеме наивни, да не наседнуваме на дезинформациите на оние кои прават забуна и на лажговците, да не дозволиме поради клевета, навредувања и озборувања на другите муслимани, а се поради дезинформации, да ни пропаднат добрите дела и како банкроти да го дочекаме Судниот ден.

Во овие тешки времиња на ум нека ни се секогаш зборовите на нашиот Пратеник, с.а.в.с., кој ги упатил на Абдуллах ибн Амр ибн Асу: „Држете се до својата куќа, чувај го својот јазик, држи се до она што го знаеш, а остави го она што не го знаеш и грижи се за своите а не за туѓите проблеми.“ (Ахмед, Ебу Давуд).

Да живееме чесно и достоинствено и така да го завршиме животот, да не дозволиме да не измамат и да не заплаши моменталната криза и сеопштата антиисламска кампања која како мрачни облаци се надвеала над исламскиот уммет, бидејќи сигурно искушенијата и неволјите ќе исчезнат, а исламот ќе остане и ќе опстане.

Извор: Сафф.ба

Превод: Велид Хикмет

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.