Јадат кучешко, свинско, лилјаци, змии, скорпии, кенгури и коали за да сега цел свет се соочи со опасност од најсмртоносен вирус

Храната и пијалоците имаат директно влијание на нашето здравје. Затоа Исламот има препишано регулативи за нашата храна и пијалоците.

 

Коронавирусот претставува широк спектар на вируси присутни кај животни кој во одредени околности може да премине на луѓе. Контактот со месо од разни животни кое се продава на велепазарот за морска храна е утврден како веројатна причина за првите пријавени инфекции кај луѓето.

FILES-CHINA-HEALTH-VIRUS

Локалните медиуми направиле список од животни чие месо наводно е достапно на пазарите. Информациите не се целосно проверени, но наводи за тоа кружат и на социјалните мрежи.

Имено, на списокот се наоѓа живина, стока, свинско, гуски, зајци, кучиња, елени, змии, желки, скорпии, саламандери, лисици, крокодили, магариња, ноеви, лебеди, како и цври, пауни, јазовци, видри, но и кенгури и коали.

https://www.thesun.co.uk/news/10801901/china-coronavirus-outbreak-wuhan/?utm_medium=Social&utm_campaign=sunmaintwitter&utm_source=Twitter#Echobox=1579773467

afp_1o72zo-scaled-2560

Продавачите во валканите корита ги чуваат животните и нивните остатоци, валкани им се ракавиците на рацете, но и вагите на кои го мерат месото.

Во голема мера нагласува за наше физичко и морално здравје, затоа што овие две работи се значајни за здраво општество. Воздржаноста од јадење свинско месо е еден од чекорите превземен од Исламот за практикување хигиена и зачувување на чистата на душата.
Исламот за обработка на внатрешните капацитети, инсистира на чистење на телото и душата со помош на молитва (намаз) зикр (присетување на Аллах) и други должности на посветување. Исламот на учи како да постигнуваме доблести и како да ги откажеме лошите навики затоа што и доброто и лошото растат во човекот според неговото воспитување, едукација и неговото опкружување.
Човекот има природни потреби: храна, сон и сексуални односи како основни потребни работи. Тој исто така има и други природни емоции: жал, радост, љубов, страв и други. Исламот не препорачува целосно укинување на овие импулси но нуди метода на контролирање на овие потреби и емоции со помош на религиска едукација и дисциплина.
Забраната за јадење свинско месо, на крв и на лешина во Исламот е релевантна во овој контекст. Има поговорка на англиски која вели: “човекот се претвора во она што јаде” (a man becomes what he eats). Според медицински експерти, јадењето свинско е штетна работа. Конзумирањето свинско месо го расипува карактерот и ги уништува моралните и духовните капацитети кај човекот.
Тело и Дух
Животот на човекот е сложување на тело и дух. Се што е штетно за телото, ја повредува исто така и душата. Јадењето свинско месо го намалува чувството на срам и со тоа и стандардот на скромност. Нациите кои конзумираат свинско месо често, по навика, имаат низок стандрад на морал што резултира невиноста и срамот да бидат минато во денешно време во Европа.
Според извештаите, 60 до 70 % од девојчињата во Шведска стануваат мајки пред брак. Формулата “кожа на кожа не е грев” (skin to skin is no sin) зема голем замав и нема срам или каење за крајниот резултат. Откако Европските нации станаа зависни од свинско месо и алкохол, сексуалната слобода заедно со сите свои зла се интегрира во нивната култура. Хомосексуалноста е легализирана од Британскиот парламент.
Во Светиот Куран е забрането свинското месо, стрвина и крв и селое животно кое не е тревопасно, оттука Муслиманскиот свет не се осмелува да конзумира такво месо. Библијата исто така го заврабува свинското месо, но Христијаните не се сложуваат со оваа наредба и го јадат. Европјните сега вршат пропаганда дека свинското месо е добро, богато со протеини. Некои од нив расправаат дека во светот има малку храна, а свињите ги има во изобилство, тие треба да се конзумираат, да се јаде свинското месо, за да се надмине недостатокот на храна. Ако овој аргумент е вистинит, зошто тогаш не го јадат и кучешкото месо, и кучиња има во изобилство по светов? Можеби Европјаните ја мразат самата помисла и изговор на кучешко месо на ист начин како што муслиманите го избегнуваат свинското.
Уште една погрешна нотација за свинското месо е дека тоа го продолжува животниот век, сепак ова е чист мит и апсурд. Во спротивно, луѓето кои не јадат свинско месо и не пијат алкохол, имаат продолжен животен век. Муслиманите од Централна Азија се сведоци за ова.
Како и да е, во конзумирањето месо, Муслиманите треба да бидат претпазливи и да прават разлика помеѓу дозволеното (халал) и недозволеното (харам). Овие чекори автоматски водат во подлабоко разбирање за придонес на почиста и подобра човечка природа. Како што крвта е нашиот виртуален животен тек, и се што конзумираме крајно влијае на крвниот систем, затоа е потребно да избираме што јадеме и што пиеме како дел од Шеријатските побарувања.
Има неколку јадења и пиалоци назначени од Аллах, и неговиот пратеник Мухамед (нека мирот е со него) како забранети. Забраната за тие јадења и пиалоци не е неоснована и неоправдана одлука на Аллах. Тоа е боженствена интервенција за добро и корист на човекот.
Причините за оваа боженствена интервенција се многубројни. Тие се од интелектуална и душевна природа, морална и ментална, физичка и економска. Соединетата цел е да му се покаже на човекот како да се изгради себеси во правилен животен курс со цел да биде здрав во структурата на семејството, општеството и човештвото во целина.
Докажани медицински доктори и општествени научници се во можност да сватат како тие јадења и пијалоци забранети во Исламот се штетни и деструктивни кон човечката душа и морал.
Забраната е базирана со цел прочистување на нечија природа, затоа што храната кога се конзумира, таа не влегува само во стомакот и се претвора во секрет. Храната се апсорбира и метаболизира во системот и циркулира во сите делови на човечкото тело, вклучувајќи го тука и мозокот, а ова во голем дел ја опфаќа човечката природа.
За пример, погледнете ја природата на свињата. Свињата е мрзлива и нечиста, алчна. Не ја сака сончевата светлина, и недостига духовност, и е агресивна. Јаде скоро се, било тоа човечки екстракти и други грозни работи. Помеѓу сите меса на животните, свинското е најголема колевка на штетни микроби. Свињата исто така е преносител на разни болести кон човекот. Ова се некои од причините зошто свинското месо не е добро за јадење.
Некои луѓе велат дека “модерните свињи” се хранети по фарми со чиста храна, затоа, нивното место треба и може да се јаде. Одговорот е тоа што свињата може да ја храниш со чиста храна, но сепак таа е свиња и секогаш свиња ќе остане по природа.
Медицински известувања
Според медицинските истражувња, маснотиите кои ги содржи свинското месо се поголеми од кое било друго месо и за овие маснотии да се сварат е потребен долг временски период. Доктор М Џафер (M Jaffer) во артикал за Исламски Осврт (Islamic Review) од Јануари 1997 ги напишал 16-те микроби кои со современите испитувања се пронајдени во свинското месо и болестите кои овие микроби може да ги предизвикаат. Бројот на пациентите кои страдаат од тенија е најголем во светот помеѓу оние нации кои јадат свинско месо. Другите болести кои доаѓаат од свинското месо а се причинети од три-чинелиа (tri-chinelia) и други цревин црви исто така завземаат прво место кај нациите кои јадат свинско месо.
Доктор Глен Шефард (Glen Shepherd) за опасностите од јадење свинско месо, го напишал следново во Вашингтон Пост (Washington Post) – 31 Мај 1952.
“Еден од шест луѓе во САД и Канада имаат микроби од јадење свинско месо инфицирано со црви (trichina). Многу од инфицираните луѓе не покажуваат симптоми. Некои умираат, некои се сведени на траен инвалидитет”
После читањето на изјавите од доктор Шефард, секој може да свати дека нема вистинска гаранција за сигурност од инфекции при јадење свинско месо. Така е и со сите други животни како што се коалите, змиите и лилјавите кои ги јадат луѓето особено во Кина и Индија.

Современите доктори советуваат на апстиненција при болести од јадење свинско месо, пиење алкохол и пушење цигари.
Муслиманите го следат боженствениот закон кој е на многу повисоко ниво од докторските совети. Светиот Куран во Сура број 16, ајети 114-115, забранува јадење свинско и друго нечисто месо. Сите муслимани имаат должност да ги следат заповедите на Аллах. Ова е едноставен одговор за оние кои ги прашуваат зошто е забрането да се јаде такво месо и зошто од тие меса се шират заразни болести.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.