Причини поради кои се прифаќа исламот

169258_3_1447180638

Еве неколку од нив:

1- Верувањето во чистиот монотеизам (Тевхид), дека единствена власт и обожување му припаѓа на Еден единствен Бог-Аллах кому ништо не му е рамно и слично.

2- Ставот на исламот во врска кон сите поранешни божји објави, каде што исламот повикува верување во сите поранешни божји пратеници и книги.

3- Нагласување на слобода во верувањето (Нема присила во вера, објаснет е патоказот од заблудата).

4- Давање почесно место на разумот како средство за размислување и расудување (Ви ги објаснивме нашите знаменија за да размислувате).

5- Силниот повик на исламот кон стекнување на наука и користење со начуните олеснувања (Речи: Господару мој, зголеми го моето знаење)

6- Отфрлање на исламот на секаква форма на посредување меѓу човекот и Бога, така што муслиманот има директна врска и однос со Бога.

7- Потврда на исламот на поединечните и општите права и повикување на неговите следбеници во братство и љубов.

8- Повикот на исламот кон праведен мир, всушност, самиот израз ислам во буквален превод значи “МИР” и преданост на Бога.

9- Исламот е универзална и хумана вера, и Мухаммед а.с. е испратен како милост до целото човештво.

10- Исламот претставува форма на верување, ритуали, меѓусебна соработка и морал.

11- Постоење на рамнотежа меѓу духот и материјата, меѓу овој и оној свет.

12- Куранот – кој е исламски законик кој останал сочуван и непроменет до ден-денес.

ПРИЧИНИ ЗА ПРИМАЊЕ НА ИСЛАМОТ НА БИВШИ ХРИСТИЈАНИ

Мнозина од оние кои го прифатиле исламот претходно биле христијани кои поради многу нејасни доктрини во него на кои не можеле да им најдат одговор ги принудило да преминат во ислам. Како најчести причини за преминување во ислам се следниве:

1- Нејасноста на верувањето во светото тројство и неможноста за негово рационално сфаќање.

2- Тврдењето за божествена природа на Месих Исус (Иса а.с.)и дека Мерјем (Марија) е мајка на Отецот.

3- Верување во вечната пакост и несреќа на човештвото поради наследеноста на првиот грев направен од Адем а.с. и Ава а.с., и незадоволството дека сите луѓе го имаат наследено гревот на првите родители од самиот почеток на животот.

4- Верувањето во распнување врз основа дека Месих Исус самиот прифатил да биде распнат на крст за да им се избришат гревовите на луѓето.

5- Верувањето во “обединетост” по пат на светиот леб кој го претставува телото на Месих каде се вели дека парчето леб кој католиците го јадат од раката на свештеникот во текот на молитвата на обединетост се претвора во крвта на Месих.

6- Придавање општа власт на верските лица дека тие се посредници меќу луѓето и Бога, дека тие имаат право на прос тување на гревовите и дека папата има света власт и тој е безгрешен.

7- Неприкосновено верување во одлуките на црквата па дури и да се противат на разумот..

Сите овие поставки влијаеле врз умот на многу денешни научници и искрени веерници кои сакале да станат сосема предадени на Бог и да најдат потполн мир отфрлајќи секаква идолатрија и новотарија. Затоа ниеден човек нетреба да чека да се покае кога вистината ќе му стане јасна.А Аллах е Упатувач на срцата.

http://www.islamski-centar.org/forum
http://konvertiti.blogspot.com

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.