Исус повторно ќе дојде и ќе ја врати благосостојбата на Земјата

images (2)Исламските текстови обемно зборат за доаѓањето на Исус.

Исус е опишан на следниов начин: човек со среден раст, ни висок ни низок, црвен, виткана коса, широки гради, косата скоро му ги прекрива ушите, брановидна и му паѓа на грб.

Ебу Хурејре , радијаллаху анху, пренесува дека Ресулуллах , саллаллаху алејхи ве селем, кажал: „Во ноќта на Исра(Воспението) го сретнав Исус..среден раст, црвен, косата му беше влажна како од вода да излегол.(Бухари)

Две веродостојни преданија забележуваат од Абдуллах ибн Омер дека Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем, кажал: Кај Ќаба сум го видел најубавиот црномањаст човек кој можеш да го видиш, прекрасна коса која скоро му ги прикриваше ушите, ја растресе како тек да е испрана и се ослонуваше на двајца луѓе кога тавафеше(ја обиколуваше Ќаба). Запрашав: Кој е ова? Ми беше кажано тоа е Исус син на Марија.

Од Ибн Омер се пренесува дека дека кажал: се колнам во Аллах, Пратеникот не кажал дека Исус е црвен и го спомнал претходното предание.

Како и да е иако има различни преданија во поглед на бојата на косата, Ибн Кесир  и некои алими како Ебу Хурејре и Ибн Абас се на став дека Исус бил со црвена боја на косата.

Исус ќе биде испратен после појаваѕа на Деџалот(Антихрист) и нередот кој тој ќе го стори. Тој(Исус) ќе се симне кај кај Белото Минаре на источна страна на Дамаск во Сирија, облечен во два миризливи дела на облека, ставен на дланките на два ангела. Кога ќе ја наведне главата ќе се видат капки како на роса(како солзи) а кога ќе је подигне главата ќе засјае како бисер. Секој неверник кој ќе го почуствува мирисот на неговиот здив ќе умре. Неговиот здив завршува каде што завршува неговиот поглед. Неговото спуштање ќе биде помеѓу спасена група која ќе се бори за вистината собрана во намера да се бори против Деџалот. Ќе се симне во време на почеток на намазот (молитва) и ќе се клања со водачот на таа група.

Водачот на таа група ќе каже: О ти, од  Аллах Надахнат, помини напред ! ,А тој ќе одговори , ти помини, над тебе е проучен езанот. Во друго предание стои: Вие сте водачи едни над други, од Аллаховата почест кон овој Уммет.(Муслим)

Невас ибн Семана пренесува слично предание како погоре кажано со тоа што секој неверник кој ќе го почуствува неговиот мирис ќе умре. Исус ќе го бара Антихрист за да го убие. Ќе го пронајде кај портата кај местото наречено Лудд и ќе го убие.

Потоа Исус син на Марија ќе отиде на народ кој Аллах џелле шануху го сочувал и ќе ги протрие нивните лица и ќе им говори за степените за нив подготвени во рајот.(Муслим)

Исус според преданијата бил воздигнат со душа и со тело, тој неумрел , како што тврдат денешните христијани, ниту бил распнат и убиен, туку тоа им се причинило и тој бил воздигнат кај Аллах како што и Куранот вели:

И кога Аллах рече: „О Иса, Јас душата ќе ти ја земам и кон Себе ќе те воздигнам! Ќе те спасам од неверниците и ќе сторам тие што те следат да бидат над неверниците сè до Судниот ден!(Али Имран, 55)

Фактички со овој Курански ајет се негира тоа што сакале некои евреи да го докажат а тоа е дека го распнале и убиле Исус, поведувајќи се за проклеството навестено во Стариот Завет на оној Пратеник кој ќе биде понижен на таков начин. Павле иако сака да го оправда ова со невешто искажување во неговите посланија, целата слика остава приказ на понижување со кое неверниците и подбивачите на Исус и вистината пратена по него сакаат да ја прикажат. Но нема да има ниеден искрен следбеник на Книгата(христијанин и евреин) кој нема да поверува во Исус и вистината за него , пред неговата вистинска смрт, односно по Исусовото повторно доаѓање.(Тефсир Табери)

Ебу хурејре , радијаллаху анху, не известува и преку Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем, дека кажал: Се колнам во Оној во чиви раце е мојата душа уште само малку и помеѓу вас ќе се симне синот на Марија, праведниот владател(кој ќе суди по правда- шеријат) , ќе го скрши крстот(кој не бил негов симбол, ниту пропис), ќе ја убие свињата( која тој ја сметал за забрането и нечисто животно, а Павле ја дозволил) и ќе ги прекине војните. Иметокот ќе биде на претек толку да нема кој повеќе да го земе. Само една сеџда(паѓање ничкум на чело и нос) ќе биде повредна од целиот овој свет и се што е на него.

Значи Ебу Хурејре мислел на овие следбеници на Книгата кои ќе поверуваат во ова време на Исус а.с.

Имам Ахмед бележи од Ебу Хурејре , радијаллаху анху, дека Аллаховиот Пратеник , саллаллаху алејхи ве селем, кажал: Јас сум му најблизок на Исус синот на Марија, бидејќи помеѓу мене и него немало Пратеници. Тој сигурно ќе дојде! Кога ќе го здогледате препознајте го.(Муснед Ахмед)

Поедини учени покушувале да ја видат мудроста во ова и тие имаат неколку мислења зошто тоа доаѓање треба да се случи. Прва причина е одговорот на евреите кои тврдат дека го убиле Исус, со што ќе излезе на виделина вистината.

Второ: Исус во Евангелието го навестил Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем, и неговите следбеници и Исус го молел Аллах да биде еден од обновителите на  Исламот и неговата молитва е  услишана.

jessus

Трето: Исус бил последен од оние кои го виделе Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем, и  ќе живее во последно време како единствен жив асхаб и сведок од ноќта на Исра.

Четврто: Бидејќи Исламот е печат на сите вери и прописи, Исус ќе суди по последниот верозакон и пропис, а тоа е шеријатот на Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем, така што Исус ќе биде обновител на Исламот и негов последен халифа и воедно водач на целиот свет.

Освен исламските прописи на борба, на молитва и судење по шеријат, Исус ќе го изврши и аџилакот во Мека.

 

Благосостојба во времето на Исус алејхи селам

 

Пред самата појава на Исус , известени сме од Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем, преку Ебу сеид ел Худри дека ќе се појави Мехди. Аллах на Мехди ќе го снабди со дожд, земјата ќе дава плодови, ќе се намножи добитокот, ќе се возвиши Умметот, и ќе живее 7 или 8(се мисли на години)

Исто така од Ебу Сеид ел Худри се пренесува дека Ресулуллах , саллаллаху алејхи ве селем, кажал: Ќе ве израдува Мехди. Ќе биде испратен во време на големи расколништва и земјотреси. Ќе ја исполни земјата со поштување и праведност како што беше исполнета со зло и со неправда.Со него ќе бидат задоволни жителите на небото и земјата. Имотот ќе го дели правилно. Човек ќе запраша: Какво право? Еднакво помеѓу луѓето ќе одговори.

Ќе ги исполни срцата на Умемтот на Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем, со богаство, ќе ги окружи со правдина. Богаството нема да му треба на никого, секој ќе има доволно. После тие 7 или 8 години повеќе нема да има никакво добро во животот на луѓето.(се мисли само до доаѓањето на Исус)

Кажал Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем,:„Колку само славно ќе биде времето кога Исус ќе живее помеѓу вас, ќе посади семе на гола карпа и тоа ќе никне, нема да постои суша, растенијата ќе ја прекријат земјата, човек ќе може да седи покрај лав, и тој лав нема да му наштети.“(пренесува ед Дајлеми)

Времето на Иса а.с.(Исус)  после неговото доаѓање е време на сигурност, мир и благосостојба. Аллах џ.ш. ќе испрати обилен дожд, земјата ќе роди богатство, плодови и раскош, имотите ќе бидат на претек, нема да има спорови, омраза и завист. Во подолг хадис на Невас ибн Семан во кој се спомнува Деџалот(Антихрист), слегувањето на Иса а.с., појавата на Јеџуџ и Меџуџ(Гог и Магог), неговата дова(молба) против нив и нивното уништување, Ресулуллах саллаллаху алејхи ве селам рекол: „После Аллах ќе испрати дожд пред кој нема да остани куќа од дрва и глина. Ќе ја измије земјата која ќе биди чиста како огледало. После ќе се каже на Земјата: ‘Исфрли ги своите плодови, врати ги благодетите.’  Луѓето ќе јадат од едно стебло од шипка и сите ќе седат под сенката на тоа дрво. Млекото ќе биде благословено. Камилата ќе дава доволно млеко за голем број луѓе. Млекото од една крава ќе биде доволно за цело племе, а млекото од една овца за цела фамилија.“ (Муслим, 18/63-70)

Во преданието на имам Муслим стои дека Исус ќе остане 7 години на земјата после неговото спуштање .(33 +7)

Имам Ахмед тврди дека ќе остане 40 години , потоа ќе умре и муслиманите ќе му клањаат џеназа.

Исус алејхи селам ќе умре и ќе биде закопан во Медина до Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем.

 

Користена е книгата: Предзнаци на Судниот ден

Јусуф ел Вабил(Jusuf b. Abdullah b. Jusuf el-Vabil)

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.