Совет до секоја наша сестра верничка

„Дали разбра колку е голема несреќата и колку е тежок тој проблем? “

Апсолутната благодарност Му припаѓа само на Аллах, а Неговиот мир и спас нека бидат со Пратеникот Мухамед, неговото семејство и неговите асхаби.

Честита сестро! Потсети се дека не живееш во животот на радоста, туку во живот полн со опасности и грижи. За да ја разбереш реалноста, вреди да знаеше дека животот е затвор за верниците, а рај за неверниците.

Сестро, запрашај се себеси уште колку ти останале од животот и уште колку се надеваш да живееш. 20, 40 или повеќе години? Зарем можеш да се надеваш на овој свет, кога гледаш дека несреќите деноноќно ги погаѓаат луѓето?

Сестро, медитирај околу овие зборови на Пратеникот Мухаммед, алејхи селам, како ти да си тој кому му се обраќаат овие зборови :

„Живеј колку сакаш, ќе умреше. Сакај го кого сакаш, ќе се разделиш од него. Работи што сакаш, тоа ќе го најдеш“.

Сега, дали разбра колку е голема несреќата и колку е проблемот тежок.

Сестро, замисли кака ангелот на смртта дошол за да ти ја земе душата. Дали би сакала да умреш во оваа состојба?

Сестро, дали си размислувала за твојата прва ноќ во гробот, каде ќе бидеш осамена и каде песокот ќе биде твоја постела, кога твојата убавина ќе исчезне, кога сите страсти ќе исчезнат и ќе останат само жалењето и последиците?

Сестро, дали го сакаш рајот и неговите добрини, а ти уште продолжуваш со гревови? Зар, ја сакаш среќата на овој и другиот свет, без да се отргнеш од ѓаволот и неговата дружба?

Сестро, некој се излажа со огромната милост на Аллах, а заборавија дека казната на Аллах е тешка и дека Тој е Семоќен, тие не работеле за да ја заслужат милоста на Аллах, туку обратно, работеле дела од кои ја заслужиле лутината на Аллах, додека неговата казна е болна.

Сестро, замисли дека си го стигнала врвот на задоволствата и сите страсти на овој свет, и декаа твојот крај ќе биде огинот. Зар мислиш дека ќе се сетиш на добрите работи, ако си среде огин?

Сестро, сети се на денот кога против тебе ќе сведочат сведоците и кога твоите екстремитети и твојата кожа ќе те разоткрие…дали можеш да најдеш место за бегање? Сведоците се од тебе, а сведоштвото против тебе…! Замисли, деловите на телото со кои правиш грев кон Аллах, на Судниот Ден ќе сведочат против тебе.

Сестро, заблагодари му се на Аллах што ти го продолжил животот и не ти ја земал душата во невнимателност и пораз.

Сестро, покајувај се веднаш и фрли ја од себе прашината на невнимателноста. Знај дека вратата на покајувањето е отворена, знај дека Аллах дава и знај дека убавините на овој свет доаѓаат и си одат. Исто така знај дека тој кој се покајал од гревот е исто како тој што не го правел гревот. Аллах лошите дела ги претвара во добри и Тој е среќен поради твоето покајување.

На крај, им давам поткрепа на тие кои се покајале дека Севишниот Алах ги сака нив.

Аллах вели : „Навистина, Аллах ги сака тие кои се кајат и тие кои се чистат“ (Куран,Бекаре)

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.