Како и кога може да критикуваш

Погледни малку околу себе. Колку луѓе познаваш кои не сакаш да ги сретнеш на улица или на факултет бидејќи не си сигурен од нивниот јазик или пак нивното ладно лице без насмевка одвнатре ти го расипува расположението?

Можеби тоа е оној кој не сакаш да го видиш бидејќи секој пат, дури и ако долго не сте се виделе, тој кажува такви зборови што ќе посакаш никогаш да не си го сретнал? Дали ти се случило некогаш да сретнеш некој познаник, а тој наместо топли зборови и поздрав, вели: „Кога ти паднала косата? Веќе имаш бели влакна? Зошто толку си се здебелил? Не си веќе ни ти убав како некогаш…“
Колку луѓе познаваш кои поради нивната прва реченица престануваш да ги слушаш? Разговорот со такви луѓе се сведува на исчекување пауза со полуискрен поздрав. А сега запрашај се дали ти си таков? Аллах дал правило дека оној кој премногу критикува и им приговара на другите, воочувајќи ги само неговите негативни страни, нема да најде никој на кого ќе приговара, бидејќи сите луѓе ќе го избегнуваат.
Да видиме како Пратеникот, салаллаху алејхи ве селлем, не подучува во ваквите ситуации. Нашата мајка Аиша, радијаллаху анха, опишувајќи го Пратениковиот, салаллаху алејхи ве селлем, однос кон семејството, рекла: „Пратеникот, салаллаху алејхи ве селлем, никогаш не ја прекоруваше храната. Ако му се допаѓаше, јадеше, во спротивно, ја оставаше.“ За да не прави проблем од секоја работа. Енес, радијаллаху анху, вели дека десет години му слугувал на Пратеникот, и дека тој никогаш не му пререкувал за она што правел: „Зошто си направил така и така?“ Никогаш не го прекорувал, ниту пак некогаш му рекол ,ух’! Секако, со ова ние не повикуваме на оставање на практиката упатување совети или прикривање на грешките туку да не бидеме ситничари во секоја работа, посебно по дуњалучки прашања. Треба да се навикнеме на преминување преку некои ирелевантни работи. Кога ќе го научиме правилото дека треба да критикуваме само кога се важни работи во прашање, а никако да критикуваме поради самата критика, тогаш преминуваме на следното правило однесување при критикување.
Човечкото его кое секогаш навраќа да го истакне своето „Јас“ над туѓото „Јас“, тоа најлесно се постигнува со омаловажување на другиот, а воздигнување на самиот себе. Дали некогаш сте доживеале вакви или слични дијалози: „Дали го положи испитот?“ „Не…“ „Па како не? Јас го положив! И тоа добив 9. Навистина беше лесно. Требаше повеќе да учиш, сигурно не си ни погледнала.“ Овој краток дијалог во себе содржи критика. Да, критика која единствено ќе повлече чувство на одбивност кон личноста која тоа го рекла. Кога критикуваш некого, ако тоа не го правиш исклучително со цел како муслиман да ја поправиш состојбата на својот брат/сестра за кои се грижиш, кои ги сакаш и на кои им посакуваш напредок. Знај дека твојата критика нема да помине подалеку од ушите на оној кого го критикуваш. До срцето доаѓа само она што од срце поаѓа.
Учи од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селлем, кога тргнал со асхабите од Хајбер, долго патувале и се измориле. Паднала ноќ и тие застанале на едно место да преспијат. Салаллаху алејхи ве селлем, прашал кој ќе остане буден и да ги разбуди в зора, да можат другите да спијат, Се јави Билал а останатите легнале да спијат. Од голем замор, сонот го измамил и Билал, така што сите го преспале сабах, па ги разбудило утринското сонце. Сите го погледнале Билал. Тој рекол: „Аллахов Пратенику, ме снајде она што и тебе те снајде.“ Како да рекол: и јас сум само човек, грешам! А Пратеникот, салаллаху алејхи ве селлем, само рекол: „Вистината ја кажа“, и ништо не додал на овие зборови, бидејќи која е користа од прекорување во оваа ситуација? Подоцна ги подучи како да го наклањаат намазот и тоа е се. Колку само е прекрасен Пратеникот, салаллаху алејхи ве селлем, колку е само остроумен! Каде сме ние во такво расудување?
Многу важно правило во упатување критика со која се бара да се постигне ефект, а не да се понижи оној кој се критикува е тоа да не се прави пред луѓето, туку насамо. Ми се случи во џемат, еден рамазан, еден добар дедо ме тргна настрана, и насамо со тивок глас и полн со чувства побара од мене што почесто во михработ да влегувам со џуббе. Толку делуваше тоа на мене, така што никогаш не влегов во михработ после тоа, а тие негови зборови да не ми паднеа на памет. Друг пат пак, еден ми упати критика пред толпа луѓе, но никогаш не почувствував срам кон тој човек кој ме поттикна таа критика да ја прифатам, без разлика колку е таа оправдана или не. Улемата вели: „Оној кој својот пријател го советува тајно, тој го украсува и како што треба го советува, а кој го советува јавно, тој го посрамотува и оцрнува.“ Значи, местото и времето се исклучително важни за секоја критика. Кога тоа правилно ќе го совладаме, преминуваме уште на начин на критикување на другиот.

kritika
Кога упатуваш критика, настојувај секогаш да ја спомнеш убава страна на оној кој згрешил пред оние другите. Дај и на таа личност до знаење дека твојата критика е тука да се слее во морето на негови позитивни особини. Луѓето од нас ќе примаат совет дури тогаш кога ќе видат дека ги забележуваме и нивните добри страни, а не само лошите. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селлем, сакал да го советува Абдуллах б.Омер повеќе внимание да посвети на ноќниот намаз. И што направил? Прво го пофалил, велејќи му: „Прекрасен човек е Абдуллах!“ Потоа му упатил совет: „Уште само кога би клањал ноќе…“ Се пренесува дека Абдуллах после тоа до крајот на животот не пропуштил ноќен намаз.
Честопати нашиот начин на однесување кон грешките е полош од самите грешки! Секогаш кон луѓето прво истакни ги нивните добри страни. Кога ќе видиш некој да продава алкохол во продавница и ако сакаш да му свртиш внимание кон тоа, прво пофали ја продавницата, нејзината чистота, способноста на продавачот, а потоа на таа личност сврти и го вниманието на важноста на стекнување халал заработувачка, така тој ќе почувствува дека не го гледаш како негативна личност, туку како позитивна на која и посакуваш уште поголемо добро.

Запамти, човекот е создаден како битие кое греши, ти не си без грешки, а кон другите однесувај се онака како што ти сакаш луѓето да се однесуваат кон тебе.

Извор: Акос.ба

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.