Суштинско во обожување на Бог

Суштинското и основното во обожувањето е да веруваме дека само Возвишениот Аллах е Оној Кој може да донесе корист и штета.

Ова треба малку повеќе да се објасни. Бог е Создател на сè. Ги создал световите и сè што е во нив. Ако ги набљудувавме овие нешта, ќе увидиме дека Бог, Кој го создаде сето тоа направил едни од нив да доминираат над другите и да влијаат врз нив: ако огнот допре суво дрво ќе го изгори; водата го гасне оганот, ако се истури врз него; човек добива маларија кога ќе го „касне“ маларичен комарец; а ако во телото на болниот се внесе кинин, тој оздравува. Возвишениот меѓу овие нешта направил врски. Нивното спојување бива само во размерот кој Тој го определил. Хлорот е штетна материја, содата е штетна материја, но кога ќе се спојат настанува корисна материја, неопходна за човекот – сол за готвење. Од ова можеме да ги извлечеме следните заклучоци:

1 – Утврдивме дека врските и односите следат утврдени правила, кои не се менуваат. Тоа се Божјите закони во вселената кои стручно ги нарекуваме природни закони.

2 – Овие врски меѓу нештата кои сме ги нарекле природни закони, не се сите видливи, како што е видлива и очигледна врската меѓу оганот и дрвото што го гори, и огнот и водата која ја гасне. Не се сите овака едноставни и очигледни, но повеќето од нив се попрецизни и подлабоки. Бог одредил лек за секоја болест, но не го ставил на воочливо место и не го направил готов и подготвен за употреба, туку го направил (возвишена е Неговата мудрост) во скришни и чудни места и во состојби во кои не се очекува дека ќе се наоѓаат. Пеницилинот е поставен во материја која се чини како да е смртоносен отров, како што ги поставил најдобрите мириси и најубавите бои во една од најсмрдливите и најлоши материи, црна и грозна материја која се нарекува катран. Од него се добиваат и мириси и бои! И не се наоѓа во слична, погодна состојба, туку делотворниот потребен елемент е помешан со други материи и неговото издвојување бара многубројни обиди, експерименти и труд. Кој ја читал книгата „Вечна ученичка“ дознал како добивањето на еден грам радијум изискувало филтрирање на огромна количина на разни материи и спроведување на постапки и процеси кои следеле после тоа, а кои траеле со години.

3 – Сè до сега, не сме откриле за овие вселенски закони, кои ги поставил Господарот на вселената, ниту толку колку што е капката вода од морето. Видовме во нив големи чудеса и ова малку што сме го откриле го вброивме во она што го нарековме науки (научни дисциплини). Така настанале биологијата, хемијата, физиката, физиологијата, медицината и останатите научни дисциплини. На секоја оваа научна област и се посветиле одредени луѓе и се занимавале исклучително со неа, како би ги сфатиле и разбрале Божјите закони и како би откриле уште повеќе.

4 – Откривме дека во вселената има некои нешта кои нам ни штетат и нешта кои ни користат. Има два вида на користи и штети:

1 – Она што се случува преку надворешна, видлива причина, во склад со природниот закон кој сме го откриле, како кога ќе престане да чука нечие срце после земање на отров. Дознавме преку искуството и експериментите за неговото дејствување врз срцето.

2 – Она што се случува без надворешна, видлива причина и не се засновува на некој познат закон, како кога ќе престане да чука срцето на здрав човек одеднаш заради срцевиот удар, а чија причина е непозната.

Овие двете категории и видови се од Возвишениот Бог. Единствено Тој дава корист или штета.

5 – Возвишениот Бог го создал човекот со склоност да биде корисен и човекот се служи со сите средства тоа и да го оствари. Бог го создаде човекот природно склон да ја мрази штетата и тој ги користи сите средства и лукавство да ја отстрани од себе. Бара помош и во тоа ја употребува целата сила. Некое барање на помош верата го дозволува, а некое го забранува сметајќи го за спротивно на верувањето. Тогаш кое барање на помош е дозволено, а кое е забрането? Ако ти се разболи детето, па повикаш лекар да го прегледа и да одреди лек, си го извршил она што е дозволено, затоа што си се користел во лечењето со природниот закон кој го поставил Создателот на вселената и со човекот кој го познава законот. Но, ако си повикал надрилекар за да му одреди лек без знаење и почитување на природните закони, тоа би било забрането барање на помош. Кога би дошол покрај гробот на лекарот и би го повикувал да ти помогне, тоа би било забрането барање на помош. Но, ако науката е немоќна, или лекот не користи, па си се помогнал во лечењето со молитва или милостиња, или си побарал од добар човек да те учи на молитва, тоа е дозволено барање на помош. Ако си застанал покрај гробот на добар човек и си барал од него помош, тогаш тоа е забрането барање на помош. Давањето на лек на болниот како средство за оздравување е дозволено. Но, кога би го зел лекарскиот рецепт, па би направил од него талисман и би го закачил на вратот на болниот или кога би го ставил во вода, па би го напоил со таа вода, со уверување дека тоа ќе го излекува, би го извршил она што е забрането.

Барање на корист од нешта кои Бог не ги направил надворешна, видлива причина, тие користи се забранети. Жена што не може да роди, ако бара помош од лекар и во лековите кои Бог ги дал, произведени во согласност со законите на науката, не направила ништо што е забрането или спротивно на верата. Меѓутоа, кога би поверувала, како стариците во Сирија, дека чукањето во алката на Ханделијската џамија на ридот Касијун (кај Дамаск), во време на првата џума во месецот Реџеп, помага да затрудни, или кога би се послужила, како средство за забременување, со врзување на крпа на прозорецот на едно од турбињата, тогаш би направила нешто што е спротивно на чистото исламско верување. Од ова јасно се гледа дека потпомагањето со природните закони, обраќањето кон човек кој ги познава и земање на вообичаени средства за остварување на корист е дозволено, но под услов да веруваме и да ни е на ум дека единствено Возвишениот Бог е Оној Кој донесува корист, а не некој друг или нешто друго.

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.