Нетфликс ги навреди христијаните и муслиманите со најновиот филм за Исус (Иса а.с.)

Божиќна сатира на Нетфликс на која се прикажува Исус во геј врска предизвика реакција во Бразил и ширум светот.

Речиси 1,5 милиони луѓе потпишаа петиција во која се повикува филмот да прекине со емитување. „Првото искушение на Христос“ е бразилската комедиска група „Порта дос Фондом Филм“ и привлече критика од конзервативната политичари, евангелисти, католици и муслимани.22215568-7790547-Almost_1_5_million_people_have_signed_a_petition_calling_for_the-a-45_1576268942547

Едуардо Болсонаро, син на конзервативниот претседател на Бразил, Јаир Болсонаро, излезе на социјалните мрежи за да го осуди сатиричниот специјал. „Ние ја поддржуваме слободата на изразување, но дали вреди да се нападне верувањето на 86 проценти од населението?“ Праша Болсонаро. Хенрике Соарес да Коста, епископ во бразилската држава Пернамбуко, напиша на Фејсбук за да рече дека ја откажал својата сметка на „Нетфликс“ поради филмот, осудувајќи ја како „хулечка, вулгарна и без почит“. Ова е втор пат кога групата, Порта дос Фондос, направи контроверзен религиозен филм, според Фокс њуз.

Настаните кои подеднакво ги повредуваат и муслиманите и христијаните се добар повод за заедничка солидарна акција против ова  исмевање на длабоки религиозни чувства и можност на двете заедници да оформат заеднички став и да го осудат овој чин. Тоа би бил добар повод да се прекинат навредите на религиозна база ширум светот, затскривајќи се зад т.н. слобода на говор.

Голем број на муслимани излегоа со осуда на овој чин и повикаа на бојкот на Нетфликс претплатата.

 

Во исто време со започнување на оваа серија во која се исмева Исус се појави и трејлерот на новиот сериски филм во кој се велича никој друг до антихрист или Месих Деџал. За да иронијата биде поголема т.н. Месих во филмот го глуми тунижанецот Мехди Дехби.

Погледнете го трејлерот:

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.