И науката и куранот тврдат дека зрелото доба на мажот започнува на 40 години

Веројатно многупати сте слушнале дека мажите дури и кога ќе пораснат, продолжуваат да се однесуваат како деца.

Постои и верување дека во машко-женските односи жените секогаш преземаат одговорност и се однесуваат позрело. За ваквите тврдења, научниците од Оксфорд имаат објаснување.

Истражувањето имало за цел да ги проучи разликите во зрелоста во развојот на мажите и жените. Кога ги споредиле резултатите, извеле заклучок за можните разлики.

Целта на истражувањето било да се открие кои функции на мозокот се менуваат во текот на созревањето, а кои остануваат исти. За таа цел се користела магнетна резонанца, за да се прегледаат активностите на мозокот на 121 учесник, на возраст од 4 до 40 години.

Резултатите покажале дека иако мозокот на мажите има ист потенцијал за функционирање во секојдневието, мажите многу често покажуваат одредено одложување во долгорочниот развој на функционалните мрежи во споредба со жените.

Тоа може да трае околу 40 години, се наведува во резултатите, важно е да се нагласи дека жените порано покажуваат разлики во овие функционални мрежи.

Професорот Едуардо Каликсто објаснува дека иако мажите имаат поголем мозок од жените, жените често покажуваат подобра ефективност и се поостри во неколку аспекти. Тоа се случува поради хормоналните разлики.

Вистинската зрелост е после четириесетата година


„Човекот го задолживме на родителите свои добро да им прави;мајката негова со мака го носи и со мака го раѓа! А неговото носење и доење е триесет месеци. Па кога ќе ја достигне зрелоста своја и кога ќе наполни четириесет години…”(Куран, 46/15.)


Психолошките тестови покажаа дека вкупната количина на депонирано знаење се зголемува за првите
39 години живот, кое го достигнува врвот во ова време. Значи, пред што се направени овие психолошки
тестови, Куранот веќе го потврдил тој факт. Интересно е да се знае дека и објавата на Мухаммед а.с. почнала
во неговата четириесетта година и траела наредните 23 години. При разгледување на овој ајет(божествен
стих) од Куранот треба да се има во предвид фактот дека Куранот е објавен во време, кога сите луѓе имале
малку од научното знаење и немале опрема, со која би можеле да стигнат до точниот опис, содржани во горните ајети. Како неможеле да најдат алтернативни објаснувања, „објавена“ природа на горните ајети станала јасна.
После четириесетата година човекот постепено почнува да слабее, исто како што и постепено и зајакнувал.


Возвишениот рекол:„Аллах е Оној кој вас слаби ве создал, а после слабоста, снага Тој ви дава, а после снагата изнемоштеност следи; Тој создава што ќе посака; Тој се знае и се може.“(Куран, Ер-Рум, 54)

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.