Молитвата како лек

Во книгата „Домашни рецепти и тајни на природното лечење“, напишана на англиски јазик од страна на група автори во 1993 година, се наведува: „Станувањето од постела и движењето низ куќата, како и правењето полесни телесни вежби, како и триењето на рацете и нозете со вода и длабоко вдишување, носат многубројна здравствена корист.“ Секој кој ќе размисли за овие совети, ќе воочи дека тие во потполност се согласуваат со земањето абдест и намазот при станување за ноќна молитва.

Веровесникот, укажувал со зборови за натприродноста на извршување на ноќниот намаз: „Извршувајте ноќен намаз, бидејќи тоа е карактеристика на добрите луѓе пред вас, убав начин на приближување кон Возвишениот Аллах, тој ги спречува гревовите, причина е за бришење на лоши постапки и отстранува болести од телото.“1 Како ноќниот намаз ги отстранува болестите од телото? Имено, современата наука го потврдила следното: „Станувањето преку ноќ го намалува лачењето на хормонот кортизол, а посебно пред будење од сонот неколку часа, што временски се совпаѓа со периодот пред настапување на зората (последната третина од ноќта). Тоа го спречува ненадејното зголемување на шеќерот во крвта, што е посебна опасност за заболените од дијабетис. Исто така, овој хормон е причина за наглото зголемување на крвниот притисок, кој што води кон мозочен удар и срцеви тегоби, особено кај болните кои веќе ги чуствуваат овие симптоми. Ноќниот намаз (молитва) ја намалува можноста на згустување на крвта во вените на очната мрежница кои настануваат заради бавниот проток на крвта во текот на спиењето. Притоа се намалува можноста за тромбоза на крвта заради малото земање на течности или дехидрација, или дебелина и тешко дишење, што го отежнува враќањето на крвта од главата. Ноќниот и утринскиот намаз носат подобрување кај болните од артритис, без оглед дали станува збот за реума или

некоја друга слична болест, што настанува како резултат на движењето и триењето со вода при земањето абдест. Таквиот намаз е успешен лек за она што се нарекува ‘хронична исцрпеност’ бидејќи повод е за изедначување на движењата во вид на помало и поумерено напрегање, што покажало свои резултати при лечењето на оваа болест. Ноќниот и утринскиot намаз го подобрува смалувањето на триглицеридите (еден вид маснотии), кои се таложат во крвта, и човекот го изложуваат на опасност од заболување на крвните садови.

Овие маснотии во 32% случаеви се причина за заболување на крвните садови. Ноќниот и утрински намаз ја намалува можноста од смрт, а посебно смртта која може да биде предизвикана од инфакт, мозочен удар, како и некои видови тумори. Истотака, ноќниот намаз ја намалува опасноста од ненадејна смрт која доаѓа како резултат на пореметената работа на срцето. Овој намаз ја активира меморијата на човекот како и разните интелектуални функции на мозокот, бидејќи во ноќниот намаз се учи и размислува за Куранот, се учат дови и се повторува зикр. Ноќниот и утрински намаз е причина да се сочуваме од Алцхајмеровата болест, сенилноста, депресијата и др. Исто така, ноќниот намаз ја смалува и спречува појавата на зуење во ушите што најчесто настанува од непознати причини. Експертите од „Здружението на кардиолози на Јордан“ потврдиле дека секојдневното извршување на утринскиот намаз во неговото одредено време е најдобриот начин за превенција и лечење од болестите на срцето и артеросклероза,

како и болеста на миокардот (мускулното ткиво на срцето) и крвните садови кои можат да бидат индиректна причина за срцев удар. Оваа потврда дошла како резултат на современата научна студија околу болестите на срцето и артеросклерозата спроведена од ова здружение. Научните и медицинските истражувања потврдиле дека болеста на миокардот на срцето е една од најопасните болести, како и болеста артеросклероза и затворањето на крвните садови, чија главна причина е долгиот сон ноќе или преку ден. Пратеникот Мухамед кажал: „Бериќетот на овој уммет е во раното будење“2 Резултатите на овие студии го потврдиле горенаведениот хадис кој ни го потврдува сознанието дека еден голем бериќет е човековото здравје. Тие студии покажале дека кога човекот спие долго, се намалуваат отчукувањата на срцето и тие не преминуваат повеќе од педесет во минута. Кога отчукувањата на срцето ќе се намалат, крвта побавно тече низ крвните садови, а тоа води кон таложење на соли и маснотии на ѕидовите од крвните садови, посебно на оние кои ја пренесуваат крвта кон срцето и од срцето. Тогаш настанува срцев удар, или во потполност се затвораат артериите кои ја пренесуваат крвта кон мозокот, што води кон мозочен удар, кој во повеќето случаи е смртоносен. Резултатите од овие студии посебно нагласиле обврзаност кон воздржување од долготраен сон, така што една секвенца од сонот не би требало да трае повеќе од четири часа

– кога треба да се стане и да се спроведе активност во траење од најмалку петнаесет минути, а тоа секојдневно го среќаваме при извршувањето на утринската молитва во првите часови од настапувањето на зората. Намазот најдобро е да се изврши во џамија, односно во џемаат. Оваа студија вели дека муслиманот кој ќе го прекине својот сон и клања утрински намаз во џемаат обезбедува многу добра заштита на своето срце и крвните садови, особено ако се земе предвид дека повеќето луѓе во просек спијат повеќе од осум часа на ден.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.