Сура 111 – Ебу Лехеб

111. Поглавје

„ЕБУ ЛЕХЕБ“ („Ебу Лехеб“)

Мека – 5 ајети



Бухари р.а. бележи од Ибн Аббас р.а. наведува дека Пратеникот с.а.в.с излегол едно утро во Батха(долина во Мека) се искачил на планина и почнал да довикува. Околу него се собреле курејшиите па им кажал: „Што мислите кога би ви кажал дека непријателот наутро или вечер ќе ве нападне дали би ми поверувале?“ „Ние би поверувале“, одговорија. „Јас тогаш пред тешкото страдание ќе ве опоменам“ , кажал. На тоа Ебу Лехеб кажал: „Да пропаднеш да даде Бог, зар заради тоа не собра?“ На ова Аллах објавил:

„1. Нека пропаднат рацете на Ебу Лехеб, и тој пропадна!“ т.е пропаднал и залуден ќе му биде и трудот и настојувањата. Ебу Лехеб е еден од Пратеникот с.а.в.с чичковци. Неговото име е Абдул-Уза Б. АбдулМуталиб а име по детето Убу Ебу Удбе. Ебу Лехеб го викале заради пламенкастата боја на лицето. Многу вреѓал, мрзел и се исмејувал со Аллаховиот Пратеникт с.а.в.с.  Го понижувал и ја омаловажувал верата која што Пратеникот с.а.в.с ја соопштувал. Кога Пратеникот Божји а.с. ги повикал: „О луѓе кажете нема друг бог освен Аллах и ќе успеете!“ И додека луѓето околу него се собирале тој би го прател би стоел позади него и би говорел: „Лаже тој ја напуштил својата вера!“ Би го пратил и не би му дал никаде мирно да помине. „И пропаднал“ т.е готово е веќе се случила неговата пропаст и несреќа. Ебу Лехеб би говорел:„ Ако е вистина она што мојот внук ми го кажува јас на Судниот Ден со иметок и со деца ќе се искупам од казната.“ На тоа Возвишениот Аллах објавил: 2„Нема да му користи ни богатството негово, а ни тоа што го стекнал” т.е иметокот и децата. Зборовите на Возвижениот: 3„Ке влезе тој сигурно во огнот разгорен“ т.е со огин со варници и пламен кој се пред себе ќе пржи ќе жари и ќе пали. „4. и жена му која носи дрва“ таа била една од поугледните курејшиски жени ја викале Умму Џемил. Право име и било Ерва бинт Харб бин Умејре , сестра на Ебу Суфијан. Својот маж го бодрела и помагала во инаетот и неверувањето. Затоа со него на Судниот Ден ќе ја дели заедничката казна и маките во пеколниот(Џехеннемскиот) огин. Затоа Возвишениот вели: „5. на вратот нејзин ќе има јаже од пламен исукано!“. Сеид бен Мусејд кажува дека таа имала скапоцена огрлица и дека говорела: “Ке ја продадам и ке ја потрошам во борба против Мухаммед!” Па Аллах наместо нејзе во Џехеннемот ке и даде јаже од пламен исукано. Некои учењаци велат дека по зборовите на Возвишениот:” на вратот нејзин ќе има јаже од пламен исукано!“ се мисли на јаже од огин околу врат кое ке оди до врвот а тогаш до дно ке ја пали и така наизменично. А учењаците исто така велат дека во оваа сура се крие муџиза, чудото и непобитниот доказ за вистинитоста за Мухаммед с.а.в.с Пратеништво бидејќи со објавата на оваа подглавје “ќе влезe тој сигурно во огин разгорен и жената негова која дрва носи за вратот нејзин ќе има јаже од пламен исукано”, дадено до знаење дека тие двајца  се несреќници  и дека никогаш ни со срце ни со јазик ни јаво ни тајно нема да поверуваат. И оваа се вбројува во доказите на неговото Пратеништво.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.