Обрежувањето како превенција

Познато е дека и самиот Исус бил обрежан на 8-иот ден, како што не запознава и Новиот Завет.

Се пренесува од Ебу Хурејре р.а. дека кажал Пратеникот: „Пет работи  Аллах посебно му одредил на човекот: обрежувањето, отклонувањето на влакната од срамежливите делови  на телото, кратењето на брковите, кратењето на ноктите и отклонувањето на влакната под пазувите.“ 

Обединетите нации го поддржале обрежувањето кај машките како метод со кој ќе се спречува ширењето на инфекцијата ХИВ помеѓу хетеросексуалците, истакнувајќи дека таа постапка би требало да се направи достапна на машките лица во афричките земји. Светската здравствена организација и Агенцијата за борба против СИДА при Обединетите нации, ги поддржале неодамнешните истражувања, според кои отстранувањето на кожата од врвот на машкиот полов орган може да го намали ризикот за половина, од заразување со вирусот ХИВ, при сексуален однос со инфицирани жени. Тие препорачуваат земјите со висока стапка на заразени хетеросексуалци да го направат овој зафат достапен за сите кои се заинтересирани, при што, предност би требало да имаат помладите, сексуално поактивни мажи, но, истовремено и да ја поттикнуваат употребата на кондомите и редовното тестирање.

„Овие препораки се голем чекор напред кон превенција од заразување со ХИВ“, рече Кевин де Кок, директор на програмата за СИДА при Светската здравствена организација. Од 40 милиони луѓе во светот заразени со ХИВ, 25 милиони живеат во Африка, каде што вирусот најчесто се шири преку сексуални односи помеѓу хетеросексуални партнери. Светската здравствена организација и Агенцијата за борба против СИДА-та , тврдат дека со обрежувањето би можело во наредните 20 години да се сопре заразувањето на 5,7 милиони машки лица од ова подрачје и да се спаси животот на најмалку три милиони луѓе. Во светот, 30% од машката популација се обрежани. Помеѓу евреите и муслиманите, таа постапка се изведува од верски причини, а во други заедници поради хигиена, и тоа најчесто се прави во првите месеци од животот.

Светската здравствена организација понатаму истакнува дека треба да се внимава кога на луѓето им се објаснува за заштитното дејство на обрежувањето при што треба јасно да им се назначи и на мажите и на жените дека обрежувањето дава само делумна заштита.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.