Стравотиите на Судниот ден


Ќе завладеат трауми и конфузија! Бремените жени ќе пометнат!

И гробовите ќе се отворат!



И тоа на секој кој бил закопан во гробот уште од денот кога Земјата била создадена, од првите човечки суштества, па до последните. Гробовите ќе се отворат и човековите суштества ќе никнуваат од нив како печурки. Пратеникот Мухаммед нека е божјиот мир над него рекол дека Аллах на тој ден ќе испрати, откако ќе ја уништи Земјата, откатко ќе го тргне небескиот свод, тогаш Тој ќе ги испрати облаците. Нови облаци! А тие облаци во себе ќе содржат сперма. И кога тие облаци ќе се отворат и ќе ја испуштат спермата, таа сперма ќе падне на Земјата и секој од нас… и таа сперма од нашите татковци и таа иста сперма со ист ДНК код од нашите татковци ќе паѓа од тие облаци на Земјата. А ти и јас ќе излеземе од таа почва како печурки! Сите, па дури, Аллах вели јагодиците  на нашите прсти! Значи, со исти отисоци од прстите и ист ДНК код. Единствена работа е што тој ден никој нема да има можност да зборува. Зарем не би било убаво? Зарем тоа нема да биде убаво? Никој! Никој нема да плаче, да се жали. Никој нема да лаже! Никој нема да се преувеличува! Никој нема да може да ги криви другите! Затоа што никој нема да може да зборува! Ова ќе биде само почетокот на Судниот Ден! Драги браќа и сестри и оние кои трагаат по вистината, дозволете да размислиме само на момент, за овие зборови на Возвишениот Аллах и да размислиме на момент за нашите почетоци. И Тој кажува дека нас не создал од прашина! И во истите Божествени стихови што уште кажува? Тој кажува: „Прво ве создадовме од сперма, а од спремата вас ве создадовме во згрутчена крв која се закачува за материцата“…. Размислете за тоа!  Кога тоа научниците и академците го открија тоа од своја гледна точка? Кога е тоа откриено? Сега знаеме, од научните наблудувања, научните документи, дека спермата плива, милиони сперматозоиди! И само еден влегува во јајце клетката, а таа јајце клетка е сместена во материцата. Кога ќе се смести во материцата, умира. Кога умира, се отвара и се прави како грутка крв! Потоа се лепи за ѕидот на материцата и после тоа почнува да виси во материцата.  И тој дел каде што се наведува дека виси е папочната врвца. Куранот тоа веќе го има кажано. Што значи зборот Куран? Куран значи учење. Читање. Говор, од Семоќниот Бог. Куранот значи сето тоа. Тоа е говор испратен од Семоќниот Бог во срцето на Пратеникот Мухаммед, нека е мир и спас на него. Во облик на објава. За нас е тоа записник, закон кој ги појаснува сите работи и навлегува до детални објаснувања за нашиот живот.  Куран значи учење. И тоа е така затоа што кога го учиме и кога го читаме, тој исто така е и учење. И да ви овозможам  само еден мал дел од тој дел, само да можете да слушнете. 31. А на оние кои од Аллах се плашеа желбите ќе им се исполнат:

32. градини и лозја,

33. и девици млади, со години исти,

34. и пехари полни.

35. Таму празни беседи и лаги нема да слушаат,

36. Господарот твој со дар обилен ќе ги награди,

37. Господарот на небесата и Земјата и она што е помеѓу нив, Милостив, Кому нема да смее никој прв со зборови да му проговори

 (сурата Ан-Наба најди го ајетот 31-37). Ова е Куран, ова е учење. И уште едно чудо на овој Куран е тоа што не може да се најде во ниедна друга книга.  Ако сите Библии и сите Талмуди и сите хиндуски записи и сите будистички записи, ако сите тие книги би биле фрлени во океан, ако сите луѓе припадници на тие религии би се сложиле да ги фрлат во океан,… И ние муслиманите би се сложиле да го фрлиме овој Куран во океан. Куранот е единствена која би се вратила во живот само по неколку дена, бидејќи е запаметена на памет од корица до корица. Дали овде постои некој кој како човечко суштество не се чуствува  како предмет кој е подложен на неков облик на законодавство или закон? Бидејќи, ако мислата дека не се, јас би им рекол да се искачат на врвот на оваа зграда и да скокнат. И да видат дали можат да го побијат или негираат законот за гравитација.

Задржи го своето дишење на десетина минути и види дали можеш да го потврдиш или негираш човековиот капацитет и потреба за кислород? Вие тоа не го можете! Нешто уште поедноставно од тоа. Ако имаш некаква моќ над себе, или било каква моќ над нешто, тогаш престани да трепкаш со очите! Не ги затворај своите капаци! Престани да трепкаш! Престани да трепкаш! Или само не мисли! Запри го процесот на размислување! Запрете го срцето да не чука! Запрете ги бубрезите да не функционираат! Запрете ги градите да не одат горе со дијафрагмата! Обидете се! Запрете се! Вие тоа не го можете! Тоа значи дека сите ние сме на тоа подложни!       

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.