Мирисот на учачот на Куранот



„Примерот на верник кој учи Куран е како пример на Утруџет (врста на овошје –по некој е Манго) , нејзиниот мирис е убав, а вкусот е убав. Примерот на верник кој не учи Куран е како пример на урма, , тој нема мирис, но вкусот и е сладок. Примерот на лицемер кој учи Куран е пример на босилок, убав е мирисот, а вкусот е горчлив, а примерот на лицемер кој не учи Куран е како пример на ханзала(дива тиква со ружен изглед) , таа нема мирис,а вкусот е горчлив.“ (Бухари 5020, Муслим 797-243)

Овој хадис кој веродостојно ни е пренесен од најмилиот ни Пратеник ,Мухаммед саллаллахуалејхи ве селем, има многу разноврсни значења , и јасни и недвосмислени поуки и пораки.

Учењето-курански императив

Исламот е вера втемелена на читање и посветено проучување на Куранот керим, објавата на Аллах џ.ш., објавата која што мелекот Џибрил,(Гаврил) а.с. му ја пренел на Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селем.На ова упатува првите објавени курански ајети:

 1. Читај во името на Господарот твој кој создава,

2. го создаде човекот од грушка на крв!

3. Читај, зашто Господарот твој, навистина, е Најблагороден,

4. кој поучува со перо:

5. го поучи човекот со она што не го знаеше. (Ел Алек, 1-5)

Секако читањето е најголем и најраспространет вид на барање на знаење, било да се работи за исламско или друг вид на знаење, па дурри и сознавањето на битните или помалку битните информации. Меѓутоа , Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем, овде го издвојува читањето и проучувањето на Куранот над останатите книги или науки. Покрај ова бројни се хадисите во кои што Пратеникот а.с., воопшто подстакнува на учење на Куранот или директно советувајќи ги асхабите, радијаланху анхум. Во овој хадис Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, ги пореди учачите на Куранот со нешто мирисно, па дури да учачот на Куранот доаѓа од редот на лицемерите,  додека од друга страна оние кои не го учат Куранот, Пратеникот а.с. ги пореди со нешто без мирис, па дури да се работи и за верник.

„Примерот на верник кој учи Куран е како пример на утруџ…“ :

Пратениковиот говор го красело целосност и јаснотија, сјајна и сликовита моќ на споредба, што јасно може да се види од овој хадис. Често ќе видиме дека луѓето не разбираат или на најдобар начин не ги разберат одредени работи се додека не им се даде споредба со нешто што им е блиску и јасно. Ова тврдење ќе го поткрепиме со едноставен пример на употреба на странски валути. На пример кога човек ќе замине во друга држава во која се користи друга парична валута, ги троши парите без да почуствува колку пари потрошил, и дури кога тие пари ќе ги претвори во домашна валута, тогаш станува свесен за количеството на пари кои ги потрошил. Имајќи ги во предвид овие факти, со употреба на стилските фигури, Пратеникот а.с. ги појаснува разиките помеќу оние кои учат и оние кои неучат Куран. „Утруџ“ е  овошје кое со својот изглед подсеќа на манго, со тоа што е позаоблено и поголемо. Неговиот вкус е сладок и убав. Со овој пример Пратеникот а.с. сака да појасни дека верникот кој учи Куран има убава нутрина и надворешност. Неговата нутрина многу е битна за него самиот, но и за други, бидејќи, ако неговата нутрина е здрава и чиста, кога тогаш ќе излезе тоа на добро и на убаво.

Плодови на учење на Куранот

Коментаторите на овој хадис сметаат дека мирисот на учачот на Куранот се гледа во спроведувањето и следењето на Куранските наредби, како на акидетската страна, така и на правно шеријатската. Учењето на Куранот навистина остава впечаток на личноста која го учи, а плодовите на учењето се гледаат во следново:

  • го засилуваат сопственото верување и верувањето на оние кои го слушаат учењето.
  • Влијаат на смиреноста на срцето, какко што Аллах џ.ш. вели: …а срцата, навистина,  кога Аллах ќе се спомне се смируваат!“(Ер Рад, 28)
  • Ги освежува душата и телото, односно верникот со Аллаховиот говор се враќа од најдлабоки депресии, таги и загриженост. Учењето на Куранот е своеврсен  мирис за човековата душа која ја оплеменува и ја чини подобра, и ги подига нејзините способности на повисоко ниво;
  • Ги подига степените на човекот кај Аллах , аззе ве џеле, онолку колку Севишниот ќе одреди.

 Снагата на верувањето

Говорејќи за учењето на куранот, Пратеникот за верникот кој го учи Куранот , го спомнал пред верникот кој не го учи, што само по себе укажува за предноста и подобрата положба кој учачот на Куран  го завзема кај Аллах џ.ш. и Неговиот Пратеник. Затоа верникот и верничката мораат секојдневно и истрајно да го учат Куранот.Како тоа би се реализирало, пофално е да секој верник на себе си одреди дел од страницата кој редовно ќе го учи во текот на денот. Со обзир на хронично непознавање на арапскиот јазик, на нашите простори, потребно е да се прочита и преводот на значењето на ајетите кои се учат на изворниот курански јазик , бидејќи ваквиот начин на учењето на Куранот е проверен повеќекратно, влијае на јачањето на иманот и допринесува за поубаво и послатко доживување на куранските прописи, а со самото тоа и поубаво живеење во закрилата на исламот  и на иманот! Правиот вкус на иманот невозможно  е да се почуствува без учење на Куранот!

Лошите последици на оставање на Куранот

Од друга страна доколку верник го остави учењето на Куранот, се осудил себеси,  својот иман и морал на тотален крах и срозеност на најниска гранка, како на овој свет, така и на идниот! Затоа верникот се плаши од одалечување од Куранот, бидејќи знае дека колку ќе се оддалечи од Куранот, толку Куранот ќе се оддалечи од него. Доколку тоа ни се случи, да недааде Аллах, враќањето кон Куранот е тежок  пат и многу напорен.Оној кој ќе го занемари Куранот на еден краток период , а потоа повторно ќе земе да го исчитува, ќе најде дека после половина прочитана страница чуствува замор и потреба да здивне како да дигал тежок товар.Што да се каже па за оние кои ќе го остават и занемарат на подолг период? Затоа брате и сестро прошири ги своите погледи  со учење на Куранот, рашири ги своите гради на неговите универзални значења, поуки и пораки, украси го својот ивот со следење на неговите прописи, како наредби, така и забрани, намирисај ја душата со тој прекрасен здив кој освен во него на друго место нема да го најдеш.Својот говор обогати го со негови цитати и преубави изрази! Ако постигнеш само дел од ова, знај дека твојата блиска и далечна иднина е светла и блескава, знај дека ти си оној кој Господарот над седуммте неба те засакал и чиво име се спомнува во друштво  повозвишено! А голема е таа награда! Меѓутоа ако го оставиш Куранот, заборавиш на него, е оддалечиш од неговите принципи, плаши се од денот на кој сите ќе се собереме! Денот кога и малите деца седи ќе станат! Плаши се од Денот за кој Аллах џ.ш. вели:

 25. Ден ќе биде тоа во кој небесата ќе се расцепат во тенки облаци и Ден во кој мелеките ќе се спуштаат.

26. Тогаш власта вистинска ќе му припадне на Милостивиот, а за неверниците на Денот тој ќе биде неподносливо.

27. Ден во кој зулумќарот ќе ги крши прстите од рацете свои, велејќи: “Тешко мене! Друг пат, освен патот на пејгамберот прифатив!

28. О тешко мене! О пропаст моја! Е, да не земав друг пријател!

29. Ме одврати од Опомената веќе по нејзиното доаѓање до мене!” Шејтанот, навистина, останува за човекот предавник!

30. И пејгамберот рече: “ Господаре, народот мој, навистина, го прифати овој Кур’ан како отпадок!”

(Сура Фуркан)


Пишува: Харис Хечимовиќ- списание АСР

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.