Кој е најголем грев кај Аллах?

Н

Најголема забрана меѓу сите забрани и најголем грев меѓу гревовите е говор за Аллах без знаење. Заради тоа е споменато на четвртото место на забрани кои постоеле во сите предходни закони(шеријат). Ништо неможе да се дозволи, туку може да остане само како забрана. Не е како мршата, крвта и свинското месо, кои во одредени околности можат да бидат и дозволени.

Постојат два вида на забрани: забрана само по себе, која никогаш неможе да биде допуштена, и забрана само во одредено време. Нешто за тоа што е само по себе забрането, Возвишениот Аллах вели:

Кажи: “Господарот мој го забранува развратот, и јавниот и скриениот…» (Ел-Араф,33)

Потоа поминува на она што е потешко од тоа, па вели:

 И гревови, и неоправданата примена на сила…(Ел-Араф,33)

Затоа го споменува она што е потешко од тоа , па вели:

…И на Аллах да Му ги здружувате тие за кои Тој никаков доказ не објавил…“ (Ел-Араф,33)

Потоа го споменува она кое е потешко од тоа, вели:

…И за Аллах да зборувате тоа што не го знаете!(Ел-Араф,33)

Ова е најтешка забрана кај Аллах и најголем грев. Во себе се подразбира лага за Аллах, припишување на Аллах на она што не Му доликува, промена и замена на Неговата вера, негирање на она што Аллах го потврдил, а потврдување на она што Тој го негирал, воспоставување на она што Тој го симнал, а потценување на она што Тој го воспоставил, непријателство со она што Тој го заштитил, а пријателство со Неговите непријатели, љубов кон оној што Аллах го мрази, а омраза кон оној што Аллах го сака, опишување на Аллах со она што не му доликува со Неговото битие, својства, зборови и дела. Не постои забрана кај Аллах која е потешка од ова, ниту пак постои грев поголем од овој. Тој е основа на ширкот и неверувањето и на него се наоѓаат новотарија и заблуда. Основна поставка на секоја заблуда и новотарија во вера е говор без знаење за Аллах. Само затоа толку силно учењето за Аллах го претставиле првите муслимани и учењаци и на сите можни начини ги предупредувале на опасноста на злото од тоа. Тоа е затоа што новотаријата ја уништува верата и нејзината штета по вера е најтешка. Возвишениот Аллах ја предизвикува секоја постапка која без воспоставување со сигурност на доказ од Аллах, нешто во Неговата вера се дозволува или забранува:

И не зборувајте лаги со јазиците свои: „Ова е дозволено, а ова забрането“, за така да изнесувате лаги за Аллах. Тие што за Аллах говорат лаги, нема да успеат, “ (Ен Нахл, 116)

Како ли е тогаш со оние кои со Аллаховите својства зборуваат за нешто за што Тој Себеси не се опишал? Или негираат нешто со кое Тој Себеси се опишал.

Еден од добрите предходници кажал: “Нека внимава секој од вас со зборовите: ‘Аллах го дозволил ова, Аллах го забранил она’, па Аллах вели : „Си излажал, не сум го дозволил ова и не сум го забранил она.“

Се мисли на дозволување или забрана на нешто врз основа на мислењата, а не на основа на докази од Аллах и Неговиот Пратеник.

Темелот на ширкот и неверувањата е говор за Аллах без знаење. Кој Аллах го смета за рамен, тврди дека се она што му се клања на Аллах го приближува до Него, кај Аллах на него да се потпира, со неговите посредувања да ги постигнува своите потреби така како што се прави пред кралевите. Секој многубожец зборува за Аллах без знаење. Тоа не значи дека секоја личност која зборува за Аллах без знаење воедно е и многубожец. Говор без знаење за Аллах во себе содржи извртување (та’тил) и внесување новотарија во вера. Тоа е поширок поим од припишување ортак на Аллах, односно ширк. Ширкот е само еден сегмент на говор без знаење за Аллах.

Затоа лагата врз Аллаховиот Пратеник е причина за влегување во огин. Тоа полагање (мензил) е неодвоиво од личност која тоа ќе го направи. Тоа е затоа што таквата лага во себе содржи говор без знаење за Аллах. Исто како да со тоа отворено лаже на Него. Она што е додадено на Пратеникот, автоматски е додадено на Оној Кој го пратил Пратеникот.

Говор без знаење за Аллах е отворена потвора и чиста невистина за Аллах:

…А има ли понеправеден од тој што за Аллах изнесува невистина?, (Ел Кехф,15)

За да избегнеме намерно и ненамерна лага врз Аллах, пред се врз Неговите својства и особености ја подготвивме оваа книшка која треба да биде темел на било која конверзација со луѓето кои недоволно Го познаваат Аллах, воедно да биде  корисна литература која треба да најде место во секој дом, пред се да се избегне лагата и да се остранат нејаснотиите, да се подучиме и да научиме да збориме прецизно за Создателот, за Оној кој е задоволен само со Вистината и следење на таа вистина, во зборови и дела. Доколку сториме такво дело на ширк, или со примеси на ширк, истите нема да ни бидат примени и ќе бидат одбиени, а некои ќе бидат причина за директно влегување во Оган. Аллах да не сочува и да не упати само на вистината и да не оддалечи од делата кои се некорисни и без знаење.

Најосновните услови на сведоштвото кое е прифатлифо кај Единиот Бог е поврзано со истрајно и искрено убедување поврзано со верувањето во Аллах.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.