Христијански свештеници кои посведочиле за вистинитоста на Исламот

Дали учените христијани преминуваат во ислам? Секако, тоа е денес добро познат факт. На тие што јавно посведочиле треба да им честитаме и на храброста, но и на решеноста да истрајат.

Ние овде немаме ниту доволно простор ниту ни е намера да зборуваме детално кои биле мотивите поединечно за секој оној кој го прифатил исламот. Согледувајќи ја во историски рамки, можеме да воочиме дека раното христијанство како период не траел баш кратко, и секако знаците за оние кои истражуваат и бараат одговор на некои нејаснотии по повод верувањето и догмите поврзани со  Исус ги натерало и ќе ги натера сите оние кои се сериозни да истражуваат, да размислат за својата иднина и за својата верска определба. Таквиот избор на тие свештеници би требало да е доволен мотив на секој еден кој се смета себеси за верник подетално да ги истражи корените на својата вера, односно да се напои од самиот извор, бидејќи само на тој начин ќе успее да допре до вистината.

Еве некои од луѓето кои се познати проповедници и кои избрале да го прифатат исламот:

  • Отец Петер Јакобс (Father Peter Jacobs) – бивш свештеник во Римо-католичка црква од Њу Јорк, кој примил ислам заедно со Јусуф Естес (САД);
  •  Јусуф Естес – Познат проповедник од Тексас и бивш свештеник во Црквата на Господ  (САД);
  • Билал Филипс (Abu Ameenah Bilal Philips ака Dennis Bradley Philipс, Jamaica) – денес познат исламски проповедник, бивш христијанин од фамилија на професори, свештеници и библиски учени;
  • Дејвид Бенјамин Келдани (David Benjamin Keldani or Dawud Benyamin, 1867-c.1940) – бивш католички свештеник и автор на повеќе дела.
  • Д-р Џералд Дирк (САД) (Dr. Jerald F. Dirks)– Универзитет Харвард, бивш свештеник во Обединетата Методистичка црква (Денвер-САД) и автор на бројни дела;
  • Д-р Вјачеслав Сергејевич Положин (рус.Али Вячеслав Полосин); Московски Државен универзитет, учен и ценет свештеник во Православната црква –Русија и претставник на Руската Дума; автор на бројни дела и сајтови.
  • Анселмо Тормеда (Anselm Turmeda) – бивш свештеник и еден од најголемите христијански учени од средниот век. Автор на неколку познати светски книги;
  • Атанас Михајлов – Бугарски православен свештеник  – дипломирал и подоцна завршил магистратура во Богословскиот факултет во Софија
  • И. К. Филобус(Ibrahim Khalil Philobus) – Дипломирал и магистрирал теологија (Универзитет Принстон- САД), бивш коптски свештеник и генерален секретар на Германско-швајцарската мисија;
  • Рафаел Латино (Latino, Raphael) – Лос Анџелес, САД, бивш свештеник во Јеховини сведоци;
  • Џорџ Антони(George Anthony)- бивш католички свештеник во Шри Ланка;
  • Кенет Л. Џенкинс (Kenneth L. Jenkins) – Тексас САД, бивш свештеник и предводник на Пентакосталната црква во САД;
  • Др. Мартин Џон Мваипопо (Martin John Mwaipopo),  дипломирал во црковната администрација (Англија), докторирал на Дивинити (Берлин) – бивш лутерански надбискуп и член на Светскиот Совет на цркви;
  • Моиша Криватски (Moisha Krivitsky) – бивш еврејски рабин од синагогата во Махачкала, Дагестан;
  • Професор Хадија Ватсон(Khadija Watson), највисок степен на црковни науки – бивш пастор, мисионер и професор (САД);
  • А. М. Лебланк (Abdul Malik LeBlanc) – автор на книгата „Библијата ме водеше до исламот“;
  • Јохан Волфанг Гете (Johann Wolfgang Goethe) – Германски поет, новелист, филозоф и еден од најпознатите и најголемите писатели во западната литература (Германија);
  • Моника Апарицио (Iman Aparicio) –христијанка,  Католичка црква (Еквадор);
  • Карол Штурм и Чери Лајл(Carole Sturm & Cherie Lyle)– Карол Штурм е бивш член во Римската католичка црква, додека Черил Лајл е бивш член на Адвентистичката црква во САД. Двајцата го прифатиле исламот.
  • Софија Џенкинс – Англичанка , бивша христијанка на Протестантската црква;
  • Анна Линд Траустадотир – Униврзитет во Монтреал, Канада, бивша христијанка од Лутерантската црква (Данска);
  • Д-р Мустафа Моулд –бивш еврејско-американски лингвист;
  • Гуа Гим Сам – бивш таоист и следбеник на христијанството (Сингапур);
  • Сецилија М. Каноли – Бивш член на Римската Католичка Црква (Австралија);
  • и многу други.

Еден интересен пример може да се најде во британскиот весник „Дејли Њуз“ под наслов „Шок-анкета на Англикански епископи“, каде може да се прочита една британска телевизиска анкета на 31 од 39 Англикански епископи, од кои 19 веруваат дека не е неопходно за христијаните да веруваат дека Исус, мир над него, е Бог, туку само „Негов врховен агент“ (неговиот гласник).

Јусуф Естес вели: „Јас забележав заедничка поставка помеѓу сите овие луѓе кои посведочиле во последните две децении, и тоа се поклопува со она што многу учени и повикувачи го кажале низ историјата. Таа заедничка поставка или база истовремено е многу едноставна и убава. Секој од нив ми рече дека длабоко во себе, во своето срце – за истата работа која јас ја кажав пред 20 години со спуштена глава на тексашката земја – сите ги имаме кажано следниве зборови: ‘О Боже! Упати ме на Вистинскиот пат!’ Аллах да нè упати и да не одржи на Вистинскиот пат.“

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.