НАСИЛСТВОТО ОД ИСЛАМСКА ПЕРСПЕКТИВА

download

Иако насилството е присутно во сите делови на светот и истото е практикувано од криминалци со различно потекло и верска ориентација, очигледно е дека западниот свет продолжува насилните акти да ги поврзува со исламот, повеќе отколку со било која друга религија. Се чини дека неодамнешните насилни настани, во кои беа вклучени и муслиманите, ѝ дале тежина на идејата дека исламот е религија која одобрува, а можеби дури и промовира насилство. Нашата цел овде е да се испита вистината за насилството и за насилниците и да покажеме јасно дека исламот е, всушност, религија на мирот која ги почитува законите. Нејзините следбеници, ни повеќе ни помалку, не се насилни во споредба со следбениците на другите религии, други раси и различни региони на овој наш комплексен свет.

Затоа, постои очајна потреба да се појасни исламската перспектива за насилството во сите негови форми и манифестации. Пред да се обидеме да воспоставиме правилен однос кон ставот на исламот поврзан со насилството и агресијата, неопходно е да ги имаме на ум следниве работи:

1. Исламот, како и секоја друга религија, треба да се оценува и вреднува врз база на неговата доктрина и учење, а не врз база на однесувањето на поединци кои можеби и тврдат дека тоа што го прават е во име на исламот. Со други зборови, треба да исцртаме линија на раздвојување помеѓу она што исламот го поучува и она што некои индивидуи, кои себеси се нарекуваат муслимани, па дури и тврдат дека го претставуваат исламот, го прават.

2. Учените (алимите), кои го поседуваат неопходното знаењe да го разберат и прецизно да го коментираатисламското учење, се најкомпетентни да ја појаснат исламската позиција по прашањето на насилството. За тоа не се компетентни критичарите, маскирани како експерти, чиишто мислења се можеби под влијание на нивните предрасуди или сеопштата клима во нивните општества. 3. За да ги разбереме тие прашања, заклучоците треба да ги изведеме преку искрениот обид објективно да се разгледаат овие теми, потпирајќи се врз непристрасното разгледување на достапните факти.

А сега, да се обидеме заедно да истражиме и да откриеме што навистина вели исламот за насилството во сите негови форми. Дефиниција за насилството: Според Светската здравствена организација (WHO) насилството може да се дефинира на следниов начин: „Намерната употреба на сила и моќ, во форма на закана или вистински, против себеси, друго лице или против друга група и заедница, која резултира или има голема веројатност да заврши со повреда, смрт, психолошка штета, нарушен развој и лишување.“ Користејќи ја оваа дефиниција, ставот на исламот кон ова прашање треба да зависи од следниве фактори: Вршителите на овој акт Оние врз кои спомнатите акти се извршени Причината за таков акт Законитоста на таквиот акт На пример, доколку вршителите на актот на „намерната употреба на сила и моќ“ се легитимни влади или овластени инстистуции (наспроти самоименуваните „свети воини“) и доколку истиот се врши врз осудени криминалци кои за своите казниви дела се казнуваат според исламскoтo учење, во таа ситуација исламот не се спротивставува на користењето на сила во рамките на овие граници.

Како и многу други нации во светот, исламските општества воспоставиле казнен систем кој се темели врз законодавството, судската процедура, но и врз општоприфатените културни и општествени норми. Несреќна нужда, во врска со криминалните елементи кои целат да нанесат штета во општеството, е користењето на физичка сила или моќ за да се потчинат, притворат (затворат) и казнат тие индивидуи. Како и да е, исламот не дозволува обичните граѓани да го земаат законот во свои раце. Ова право му се доделува на законскиот муслимански владетел, или на оние што тој ги назначува да ги извршуваат овие задачи. Исто така, исламот не е против употребата на сила (на начин претходно спомнат во дефиницијата) доколку истата ја спроведуваат легитимни нации против други држави, кои со своите активности се закана за нивното постоење, сувереност, нивните слободи, нивната сигурност и национална безбедност, иако исламскиот закон жестоко се противи на било каква неправедна употреба на сила, дури и во овие околности. Исламот предвидува дека во воен конфликт со сила се конфронтираат само војниците на бојното поле, и дека само против организирани воени формации може да се користи физичка сила која може да им наштети. Исламот забранува секаква форма на употреба на сила врз жени, деца и други цивили кои не се вклучени во воените дејствија. Употребата на сила против овие категории е строго забранета. Исто така, важно е да се напомене дека и покрај фактот дека исламот го прифаќа насилството во битка, која е природна последица на војната,тој секогаш преферира да се постигне мирно решение наместо да се прибегне кон крвопролевање. Куранот, светата книга на исламот, јасно вели: „Ако тие бидат склони кон мир, биди и ти склон и потпри се на Аллах, бидејќи Тој, навистина, сѐ слуша и сѐ знае.“ (Куран, 8:61) Во првите денови и години од животот на Мухамед -Божјиот мир нека е над него- како пророк1, тој и неговите следбеници живеле во Мека тринаесет години под крајно угнетувачки услови. Многумина се соочиле со тортура и насилство поради напуштањето на идолопоклоничките практики на паганските Арапи и прифаќањето на монотеизмот.

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.