Што се случува со телото по откажување од алкохол

images

По откажување од пиење алкохол (дури и само за период од еден месец) се случуваат разни физички и ментални промени во телото кои, меѓу другото, можат да помогнат во губењето тежина, намалување на ризикот од канцер, како и подобрување на сексуалниот живот.

Според една данска студија, луѓето кои пиеле најмалку половина чашка алкохол јаделе 20% поголема количина храна во споредба со оние кои целосно апстинирале, што може да доведе до домино ефект. Што повеќе алкохол толку поголема желба за храна и гоење.

За само еден месец може да се намали ризикот од оштетување на црниот дроб и дијабетес

Во 2013-та, 14 вработени во New Scientist магазинот кои вообичаено пиеле 8 до 64 шишиња пиво неделно привремено се откажале од алкохолот – 10 од нив во траење од 5 недели, додека останатите воопшто. Доктори од институтот за дигестивното и здравјето на црниот дроб при универзитетскиот колеџ во Лондон ја тестирале нивната крв пред и по експериментот и откриле дека маснотијата во црниот дроб се намалила за 15 до 20% кај оние кои се откажале. Нивото на гликозата во крвта, пак, која е клучен фактор на дијабетесот, исто така се намалило за во просек 16%.

Подобро ќе спиете
Иако алкохолот може да ве успие, истражувањата покажале дека тој ги зголемува алфа брановите во мозокот кои одмагаат во спиењето и сонувањето.

Ќе јадете во просек 384 калории дневно помалку

Истражувачи ги анализирале навиките за јадење и пиење на 22 000 американци и откриле дека алкохолот не прави почувствителни на аромата на храната, што како резултат не тера повеќе да јадеме. Без алкохол, тие процениле дека се внесуваат во просек 384 калории дневно помалку, што значи за 30 дена тежината може да се намали за околу 1.3kg.

 Ќе го забрзате метаболизмот

Кога консумирате алкохол, телото го користи етанолот за енергија, а не другите извори како маснотиите. Доколку нема алкохол, телото прво ги согорува јаглехидратите, а потоа маснотиите – па така се забрзува метаболизмот и промовира слабеењето.

Ќе имате подобра кожа
Алкохолот е диуретик, што значи дека ја собира водата од вашето тело и ја намалува продукцијата на антидиуретскиот хормон кој му помага на телото да ја реапсорбира водата.

По само неколку дена апстиненција од алкохол, ќе забележите дека кожата изгледа дека е похидрирана и дека состојбите како првут или егзема се подобруваат.

Ќе се намали ризикот од канцер

Пиењето алкохол е поврзано со зголемен ризик од канцер на устата, црниот дроб, градите, дебелото црево и ректумот, кој се зголемува како што повеќе пиете.

Ќе имате подобар брачен живот

Алкохолот всушност е последната работа што ја сакате во спалната соба. Тој ја отежнува способноста за добивање ерекција, а може и да го намали либидото кај жените. Иако сите алкохолни пијалаци влијаат на способноста на црниот дроб да се ослободи од вишокот естроген, пивото содржи фитоестрогени – билни естрогени кои ја намалуваат плодноста. Оптоварувајќи го црниот дроб со алкохол ја намалува неговата ефикасност при метаболизирањето на хормони, што може да ги конвертира андрогените во естрогени, резултирајќи со намалена желба за секс.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.